По пауза од две и пол години во Охрид ќе се организира полагање на испит за управување со пловни објекти за спорт и рекреација. Предвидени се повеќе термини, а аплицирањето е во тек. Исто така, по пауза од две децении, наскоро во Охрид ќе може да се врши обука и да се полага испит за стекнување на стручни звања за работа на брод. Ова во емисијата Интервју на Охридњуз го најави Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Македонија Илија ...

Охриѓанецот Иван Крижиќ неодамна во Словенија ја објави својата прва научна монографија „Готи: стабилизирачки фактор или фактор за пропаѓањето на Римската Империја“. Книгата напишана на словенечки јазик, се занимава со правните и дипломатски аспекти на римско-готските односи и интегративните политики на Римската империја. Ова дело нуди темелно и убедливо истражување за улогата на Готите во колапсот на Западното Римско Царство, вешто ...

Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70 902, од кои 22.0% се домашни туристи, а 78.0% се странски туристи. Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува 132 015, од кои 28.0% се од домашните туристи, а 72.0 % од странските туристи, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС). Во март земјава ја посетиле најмногу туристи од Германија, 10 410, по што следат од Турција – 9 380, Франција – 4 648 и Грција – 4 504, посочуваат ...

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75,5 денари за литар. За 0,592 денари за килограм се намалува и ...

Охриѓанецот Иван Крижиќ во рамките на својата научна работа неодамна ја објави својата прва монографија во Словенија напишана на словенечки јазик. Истата, како што посочува Крижиќ се занимава со правните и дипломатски аспекти на римско-готските односи и интегративните политики на Римската империја со наслов: „Готи: стабилизирачки фактор или фактор за пропаѓањето на Римската Империја“. Ова дело нуди темелно и убедливо истражување за улогата на ...

На 11.05.2025 во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во стан на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, сопственост на 71 годишно лице од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. На 11.05.2025 од 14 до 20 часот, при спроведени контроли во патниот сообраќај во Охрид и Дебар, полициските службеници евидентирале 17 возачи кои управувале патнички моторни ...

Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата „Канео“ и село Пештани. Во спротивно Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците, посочуваат. Пловните објекти, потенцираат, треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред ...

Отворен инфо ден денес во седиштето на Црвен крст Охрид во рамки на одбележуање на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Преку промотивни материјали и видео проекции децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст, велат од Црвен крст Охрид. Воедно недела ќе ...

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август, во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од Прагма продукција, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении. Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата, ќе оживеат балади кои се дел од колективната ...

ШК Ласкер Охрид со своја екипа во категорија U14 учествуваше на Екипните младински првенства на Македонија за момчиња и девојчиња од 08 до 18 години во шах, во организација на Шаховска Федерација на Македонија, што се одржаа во Скопје. Екипата на ШК Ласкер Охрид- U14 го освои третото место со четири победи, едно реми со екипата на ШК Алклоид Скопје и дав порази. За екипата на ШК Ласкер Охрид – U14 настапија: Павел Мишески, Јован Пуроски, Мартин ...

Oд денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“, , информираат од Општина Охрид. Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи понеделник да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 19 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Денес наместа ќе биде ...

Избраниците на Кире Лазаров вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје“ ја совладаа репрезентацијата на Литванија 26:17 (13:11) и изборија пласман на 17. Европско првенство што ќе се игра во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Литванците одлично го почнаа натпреварот и поведоа со 0:4. Македонија ја стабилизира играта и почна да ја топи предноста на противникот. Во вториот дел од првото полувреме Мартин Томовски фати ...

На IV меѓународен натпревар по пијано што се одржа во Тиват, Црна Гора, ученикот на ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, Алексеј Чуркоски, освои Специјална 1-ва награда, која ја заслужи со 100 бода. Во конкуренција од 20 натпреварувачи, оценувани од комисија составена од еминентни професори, Алексеј успешно го претстави училиштето и како победник во категоријата освои и парична награда, објави училиштето. Алексеј е ученик во трето одделение во ООМУ ...

Клучно за развој на македонскиот ракомет покрај условите за работа, е да се намали бројот на странски играчи кој во моментов е преголем, со што поголема шанса и минутажа ќе добиваат домашните играчи, така би добиле сите, истакна во Спорт+ на Охридњуз Крсте Андоновски кој ракометната кариера наскоро ќе ја продолжи како тренер во стручниот штаб на ГРК Охрид. Крсте Андоновски: За доброто на нашиот ракомет, домашните играчи треба да добиваат ...

Уште една трагедија ја вознемири македонската јавност. Според првичните информации од истрагата, 48-годишен маж во кичевското село Србјани, со секира ги нападнал своите родители, при што смртно страдал неговиот татко. Сторителот сам се пријавил во полиција. Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите ...

На регионалниот натпревар по хемија, двајца ученици на ОСУ „Св. Климент Охридски“, освоија први места со што се пласираа на државниот натпревар. Никола Танески од 1 година под менторство на Јасминка Иваноска го освои првото место, а прво место освои и Митко Савев од 4 година чиј ментор е Билјана Толевска Стевоска. Им честитаме на учениците и на менторите и им посакуваме многу успех на државниот натпревар, стои во објавата на охридската ...

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва го игра клучниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство. Противник ни е Литванија, а средбата се игра во 18 часот во во салата „Јане Сандански“ во Скопје. За пласман на ЕП на Македонија и треба победа со три гола разлика, бидејќи Литванија славешѓе на првиот натпревар со 29:27. Со тоа Македонија би го освоила второто место во групата во која играт уште и Словенија и ...

Промоцијата на „Прличев и епската традиција“ од акад. Витомир Митевски, потпретседателот на Македонската академија на науките и уметностите, и чествувањето на 195-годишнината од раѓањето на вториот Хомер ќе се одржи утре, 12 мај (понеделник), со почеток во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“. Промотор на делото ќе биде проф. д-р Ратко Дуев. Во суштина, книгата што е објавена годинава ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 19 степени. Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Охрид домаќин на Меѓународниот турнир во Олимписко теквондо „Охрид опен 2025“. На отворањето пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков истакна дека турнирот „Охрид опен 2025“ добива традиционален карактер и зазема се поголемо место на охридската спортска мапа затоа што е пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини кои се негуваат кај нас. Како човек кој активно се занимавал со спорт, па и сега и ...

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, рече министерот за внатрешни Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Потенцираше дека истрагата сеуште трае и за сите нови информации јавноста ќе биде информирана. Во овој ...

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, рече министерот за внатрешни Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Потенцираше дека истрагата сеуште трае и за сите нови информации јавноста ќе биде информирана. Во овој ...

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, лишиле од слобода 36 годишно лице од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. По целосно ...

Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро од цврст отпад “ОХРИД ЕКО 2025” ќе се одржи денес. На истата според организаторот, Нуркачкиот центар „Амфора“, учество ќе земат нуркачи од Македонија и Балканскиот регион. Акцијата е за отстранување на пластика, метал и друг отпад од езерското дно, а целта е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста и зачувување на природната убавина на eзерото, велат од Нуркачкиот центар „Амфора“. ...

Денес со почеток од 14 часот во големата сала на Општина Охрид претседателот Максим Димитриевски и генералниот секретар Горан Минчев ќе одржат средба со раководството на Општинската организација – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија, Клубот на жени, Клубот на млади, членови, симпатизери и сите заинтересирани граѓани. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне со врнежи од дожд. Максималната температура до 18 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во деновите од викендов и во понеделник наместа ќе биде ...

Првооделенците од општините Охрид и Дебрца, мали, но со голем спортски дух во себе уживаа во спортот, забавата и дружењето во рамки на годинешното издание на Охрид трчаТ Детската трка 2025 во организација на АК „Охрид трчаТ“. Настанот започна со изведба на македонската химна од страна на хорот на училиштето „Живко Чинго“ од Велгошти, по што следеше загревање со професорката Марија Паункоска пред почетокот на официјалниот дел од трката. Четврта ...

Одредени групите и финалниот распоред за годинешното четврто издание на Меморијалниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се одржи од 19 до 23 август. Во групата А се ГРК Охрид, Киндил Торшавн (Фарски Острови), Партизан (Србија) и Нексе (Хрватска). Во групата Б се екипите на Вардар 1961, Динамо Панчево (Србија), Еурофарм Пелистер и АЕК (Грција). Распоред на натпреварите: 19.08.2025 (вторник) 16.00 часот Вардар 1961 – Динамо ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга, против 44 годишно лице од Струга, управител на правното лице и против 54 годишно лице, вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1018
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
92%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.69
96%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
92%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
88%
1017
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
100%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.79
94%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056