Во рамки на 15 коло од Супер лигата ГРК Охрид во петок ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2. Во петок ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докажува. Сметам дека мора да влеземе максимално фокусирани од почеток на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика, вели ракометарот на ГРК Охрид, Никола Ристески. Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“. ...

Амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, ги посети ракометарите на Еурофарм Пелистер пред натпреварот со Загреб, посакувајќи им среќа и успех на нашите ракометни шампиони. Избраниците на тренерот Рубен Гарабаја ќе имаат тешка мисија, но се надеваат дека можат да ја остварат третата победа во Лигата на шампионите, која ќе им ги зголеми шансите за прогрес во нокаут-фазата. Натпреварот помеѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се одигра ...