Оваа година во одбележувањето на големиот православен христијански празник Богојавление – Водици, се враќа една убава традиција што пред децении ја воспостави Здружението „Богојавление“. Имено, фаќачот на чесниот крст кој на Водици ќе биде положен во осветените води на Охридското Езеро од здруженито „Богојавление“ кое годинава одбележува 20 години постоење, ќе добие вредна икона „Богојавленски свет“, која специјално ја изработи охриќанецот ...

Повторно не изостана веселбата за Стара нова година – Василица и оваа 2025 година во маалото во населба Кошишта кај домот “Св. Кирил и Методиј”, каде и синоќа гореше василичарскиот оган. Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино. Точно на полноќ, минатогодишниот кум Игор Стаматоски, на присутните им подели банички. Среќата што ќе го следи преку цела година му се насмевна на Стефан ...

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание на Вевчански карневал. Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата, чии членови го ...

Поради снежниот бран што го зафати Охридскиот регион, подигнувањето на комунален отпад е отежнато, информираат од ЈП Охридски Комуналец. Многу локации кои се предвидени за подигнување на комуналниот отпад, се тешко пристапни за нашите специјални возила и оневозможено е нивното слободно движење. Од тие причини во овие неколку денови, подигнувањето на комуналниот нема да се реализира со интензитет и динамика која е предвидена согласно годишната ...

Продолжува санацијата на дефектот на водоснабдителната мрежа во Пештани. Од ЈП Водовод Охрид ги известуваат жителите од населбите Лагадин, Елешец и с.Пештани дека и покрај екстремно ниските температури и непристапниот терен, екипите на претпријатието до раните утрински часови работеа на отстранување на големиот дефект на водоснабдителната мрежа во с.Пештани, на водоводна цевка со профил ф300 mm. Екипите на ЈП Водовод Охрид продолжуваат и денес ...

Променливо облачно и студено со провејување на снег претежно во јужните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес облачно со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 0 степени. До четврток преку денот претежно во планините ќе провејува слаб снег особено во јужните делови и ќе ...

Со своите соседи, роднини и пријатели, охриѓани во маалата покрај оган или во домашна атмосфера ја слават Василица. На софрите вообичаено има ѓомлезе, месо, колбаси, греана ракија и црвено вино. Традиционално се бара паричката во топејнца, пита или лепче. На тој што ќе му падне се верува дека ќе го прати среќа цела година. Весело вечерва беше и на “Мирче Ацев”. Станарите од зградата 31, некогаш позната како “Сојуз на борци” покрај ...

За прв пат во поновата историја на празнувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици, чесниот крст во водите на Охридското Езеро ќе го положи архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан. На голема радост на сите верници оваа година водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление – Водици, ќе ги освети и ќе го положи Светиот крст Неговото блаженство ...

СВР Охрид ја известува јавноста дека, отсекот за компјутерски криминал денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат и прочитаат објавата или да учествуваат во ексклузивни „наградни игри“ или да инвестираат во виртуелни валути. Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за лажно креирани профили и поради сомненија за сторени кривични ...

Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според Одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Новите цени по кои ќе се продаваат горивата се: Малопродажната цена на ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27 годишно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР ...

РЦУК Охрид известува дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Екипите на ЈП за одржувание и заштита на магистралните и регионалните патишта се на терен и вршат редовно чистење и опесочување на истите. Редовно e снабдување на населението со електрична енергија и водоснабдување, посочуваат. Истакнуваат дека состојбата е редовна за ...

Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зграда по повод утрешниот празник Православна Нова Година – Василица. Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски. Новите и минатогодишните кумови беа дарувани со ...

Во рамки на свеченостите по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, на 19.01.2025 година на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ е предвидена е богата музичка програма. По церемонијата за фрлање на чесниот крст во водите на Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, ќе се погрижат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те ...

Снежната покривка во Охрид изнесува 17 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура измерена во 07 часот е – 4 степени. Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Крушево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20… На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ. Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Тетово – ...

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид облачно и студено со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 1 степен. Услови за провејување на слаб снег ќе има и утре. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат ...

Снежните врнежи предизвикаа прекин во снабдувањето на населението со електрична енергија во с.Опеница и околината поради дефект на далековод. Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот., соопти Центарот за управување со кризи-ЦУК. Поради поголем дефект на водоводна цевка на ул.Петар Поп Арсов, без водоснабдување во Охрид се улиците: Петар Поп Арсов, дел од Бул.Туристичка и Стив Наумов. ЦУК – Охрид, известува дека ...

Ј.П. Македонијапат известува дека од 14.30ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан. Во моменто активни забрани за тешки товарни возила има на следните патни правци и превои: Гостивар – Маврово-Дебар Гостивар – Стража-Кичево Пресека Плетвар Ѓавато Струга – г.п. Ќафасан М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос Делчево – г.п. Делчево Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на ...

Почитта кон празникот Богојавление – Водици во охридскиот крај е голема. Речиси да нема населено место и маало каде не се одбележува овој голем православен христијалнски празник. И годинава Водици свечено ќе бидат одбележани во манастирскиот комлекс „Св. Наум“ каде од година во година расте бројот на посетители за празникот. Одбележувањето на Водици во Св. Наум годинава ќе има двојна програма, духовна и културно – забавна. На празникот, во ...

Од утринските часови се мобилизирани дежурните екипи од сите оперативни работни единици и веднаш се излезе на терен. Се интервенира според програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид, по претходно дефинирана динамика, приоритет и ситуацијата, информира ЈП „Охридски Комуналец“. Со целокупната расположива механизација се расчистува снежната покривка од коловозите до населените места кои се наоѓаат на повисоките места (с. ...

Снегот кој од утрово интензивно паѓа во земјава, предизвика проблеми во сообраќајот кој се одвива отежнато. Воведена е забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци: Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир, Гостивар – Маврово -Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека, Ѓавато, Плетвар, ГП Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема). Од ...

Утрово Охрид се разбуди под снежна покривка. Студениот бран од север ја спушти температурата до вториот степен под нулата што придонесе обилните врнежи од дожд да преминат во снег. Според мерењата на УХМР, снежната покривка во 8 часот во Охрид изнесува пет сантиметри. Најмногу снег, 52 сантиметри, наврнало на Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12… Денеска ќе преовладува облачно и студено време, насекаде со врнежи од снег, а на ...

Според полицијата, вчера околу 18 часот, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркингот на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец – Механизација“, каде било паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието. Откако го отклучил, заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира ...

Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Мијалков. Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег провејува на патните правци Тетово-П.Шапка.Гостивар-Стража, Делчево и Страцин кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла 100 има во Крушево, и на планинските премини Стража 100м. и Плетвар 100м., информираат од Македонијапат. Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на ...

По пауза од два натпревари Никола Јокиќ се врати во дресот на Денвер и со 15-от трип дабл сезонава (35 поени, 12 скокови и 15 асистенции) му помогна на тимот во победата над Бруклин 124:105. Во останатите натпревари во НБА лигата синоќа постигнати беа следните резултати: Индијана – Голден Стејт 108:96 Орландо – Милвоки 106:109 Филаделфија – Њу Орлеанс 115:123 Бостон – Сакраменто 97:114 Њујорк – Оклахома 101:126 Чикаго – Вашингтон 138: 105 ...

Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух покажуваат високо загадување. Алармите одамна се вклучени, но властите немаат слух да ги реализираат предизборните ветувања, обвинува Левица. Урбаната мафија преку неконтролираното градење уништуваат зелени појаси за сметка на сопствени интереси а цената ја плаќаме сите ни, велат од Левица. Партијата посочува оти ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот предизборно на ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од Тетово до с.Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места. Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени. Утре врнежите наместа ќе бидат пообилни, а ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
34%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
39%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1014
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
31%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.99
30%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
81%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
28%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
38%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
34%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
33%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.63
100%
1016
Currency

61.535

Currency

52.6621

Currency

71.2087

Currency

34.6289

Currency

38.4409

Currency

66.1363

Currency

7.33936

Currency

0.67512

Currency

0.3574

Currency

0.52573

Currency

1.31068

Currency

0.61338

Алуминиум

2.60

Иридиум

145587.08

Кобалт

42.99

Никел

14955.00

Рутениум

25334.79

Калај

33.66

Сребро

1234.63

Злато

107889.86

Бакар

11.22

Паладиум

39095.31

Платина

46919.37

Родиум

183259.26

Цинк

2.74