Советниците од опозицијата на одржаната 57 седница на советот на Општина Охрид реагираа на носењето на измените на годишниот план за вработување на општина Охрид за 2025 година. Побараа објаснување за оправданоста од нови вработувања пред изборите. Зошто се вршат повторно измени во планот за вработување и кое е оправданието на 252 вработени да барате нови 15 вработувања, а претходно наведов за тешката состојба во која се наоѓаат јавните ...

ЈП Водовод Охрид продолжува со активностите за одржување и обновување на водоснабдителните капацитети на претпријатието. Одделението за електромашински работи изврши демонтирање на старите и дотраени потопни пумпи од бунарите во с.Орман (бунар 1) и во с.Вапила. Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, монтирани се нови потопни пумпи со јачина од 37 kw за бунарот во с.Орман и 5,5 kw за бунарот во с.Вапила, информираат од ...

Актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, доби доверба од матичната партија ВМРО ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат. Тој јавно изрази благодарност до граѓаните и партискиот лидер Мицкоски и членовите на ИК ВМРО ДПМНЕ за укажаната доверба За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам. Драги охриѓани. Верувам дека довербата која ми ја дадовте во ...

На денешен ден во 1879 година во Охрид е роден истакнатиот пролетерски поет Коста Абраш (Абрашевиќ). По преселувањето на неговото семејство во Шабац го продолжил образованието и мошне млад почнал да пишува песни. Во 1903 година, посмртно е објавена неговата збирка „Песни“. Пишувал на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои твореле на други јазици. Умрел во Шабац, на 20 јануари 1898 година. Абраш е познат е како голем ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (10 до 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 18 степени. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има изолирана појава на ...

На седницата одржана вечерва, ИК на ВМРО ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е и актуелниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков кој и официјално ќе трча за втор мандатна локалнитеизборишто ќе се одржат оваа есен. Партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои сепредлагаат, изјави Ѓорѓија Сајковски по седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ. Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато ...

Најдинамичниот настан на „Охрид ТрчаТ“ ќе се случи викендот на 31 мај во сабота, од 17:30 до 21:00 часот кога Кеј Македонија во Охрид ќе пулсира со енергијата на Имлек Протеин Warm Up! Брендот Имлек Протеин, подготвува голем спортски настан на 31 мај кој ќе ја загрее атмосферата пред трката „Охрид трчаТ“, но и ќе понуди незаборавно искуство за сите љубители на движењето, здравиот животен стил и заедништвото. Што ќе овозможи Имлек Протеин Warm ...

Свеченост по повод јубилејот „55 години од творештвото на Јордан Манасијески“ ќе се одржи во сабота во големата сала на Општина Охрид, Во рамки на програмата предвидена е промоција на монографијата од Јордан Манасијески на која ќе се обратат историчарот на уметност Владо Ѓорески- Рафико и Љупчо Жупан од Галерија „Букефал“ како промотори. Ќе се одржи и хуманитарно-продажна изложба на графики, како и културно-уметничка програма со настапи на ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека ...

Во рамки на полуфиналните натпревари од Ф4 турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одржи на 31.05-01.06 во Охрид, екипата на ГРК Охрид се среќава со екипата на РК Еурофарм Пелистер. Како што се ближи крајот на сезоната, одржувањето на Ф4 турнирот во Охрид ни дава повеќе шанси да се бориме заедно со навивачите. Ова ни значи многу на нас играчите и е голем извор на сила. Да се обединиме во едно – играчи и навивачи за натпревар за паметење, ...

По повод Светскиот ден на велосипедизмот на 3 јуни (вторник) ќе се одржи второто издание на ревијалниот настан „Вози велосипед, уживај и промовирај“ во организација на Здружението „Граѓански Интегритет“ – Охрид. Настанот има за цел промоција на здрави животни навики и општествена одговорност преку мобилна реклама на велосипеди и собирање средства за жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани, велат организаторите. Посочуваат дека истиот е ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура до 20 степени. Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците од с.Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санацијата. Од претпријатието информираат и за прекин во водоснабдувањето до 10:30 часот кај корисниците на улицата “Прва Македонска ударна бригада” и на дел од улицата “Марко Цепенков”, поради интервенција на водоводната мрежа. ...

Советот на општина Охрид утре со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и седмата седница. На Дневен ред се 49 точки, меѓу кои тримесечните извшетаи за работата на јавните претпријатија, тримесечните извештаи за реализиација на програмите во повеќе области, измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 година, усвојување на ...

ЈП „Охридски Kомуналец” во петок ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) и зелен отпад (зелен отпад од уредување на дворни површини и градини) од реон опфатен со улиците „Абас Емин” и „Железничка”. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 30.05.2025 година и претходно локацијата да ...

На 26.05.2025 година во 22.15 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, лишено од слобода е 50 годишно лице од селото Волино, општина Дебрца. Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46 годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 26.05.2025 година во 09 часот, пред ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура до 20 степени. Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен ...

АК Охрид успешно настапи на сениорскиот Куп на Македонија изминатиот викенд во Скопје. Јован Стојоски освои две први места во неговата дисциплина 400м со пречки, додека на вториот натпреварувачки ден освои прво место на 200м со одличен резултат од 21.54 секунди. На крајот на првиот натпреварувачки ден АК Охрид настапи и во штафета 4х100м и го освои четвртотото место. Стефан Стефаноски го освои првото место во фрлање диск, додека Блаже Љушев ...

Ракометната Федерација на Македонија со соопштение реагираше на инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. РФМ изрази жалење и го осуди немилиот настан кој нема никаква врска со сопртот. Во продолжение го пренесуваме соопштението на РФМ: Натпреварот не се одигра ...

Во тек се активности за асфалирање на делот од Врбјани до Ботун-главна траса, а забрзано се градат и пристапните патишта од Врбјани до Сливово, Сливово-Арбиново, Арбиново-Издеглавје, Издеглавје-Песочани, Песочани-Ново Село, Ново Село-Ботун, како и пристапен пат до село Горенци и село Оровник, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се изведува последната фаза пред асфалтирање и градежни активности на клучките Арбиново и ...

На 28 мај dm ги реотвора вратите на нивната дрогерија во Охрид, но на нова локација – во Ohrid Mall на ул. 15-ти Корпус бр. 1Б. Официјалното отворање на трговскиот центар ќе биде од 12:30 часот, додека вратите ќе бидат отворени за посетители од 14:30 часот. Од оваа среда, ќе имате можност во уште една дрогерија да уживате во повеќе од 14.000 производи за сѐ што ви треба, од кои повеќе од 3.000 се од нивните сопствени трговски марки кои имаат ...

Ревизија на работењето на јавните претпријатија имаше и истата покажа дека јавните претпријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате, реагираат од Општина Охрид на денешната прес конференција на СДСМ Охрид. Крајно неодговорно е да се обвинува за „финансиска криза“ на јавните претпријатија, а притоа занемарувајќи го фактот дека таа состојба била предизвикана од ...

Ревизија на работењето на јавните претпријатија имаше и истата покажа дека јавните претпријатија биле крајно лошо менаџирани од вашите кадри. Наталожувани се долгови и обврски кои вие сте немале интерес да ги решавате, реагираат од Општина Охрид на денешната прес конференција на СДСМ Охрид. Крајно неодговорно е да се обвинува за „финансиска криза“ на јавните претпријатија, а притоа занемарувајќи го фактот дека таа состојба била предизвикана од ...

Во пресрет на летната туристичка сезона, ЈП „Градски пазар“ – Охрид започна активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“. Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост. Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и ...

Сообраќајната незгода се случила попладнево во населбата „Радојца Новичиќ“ при која од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и патничко возило. Во незгодата со повреди се здобил возачот на моторциклот кој е пренесен во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат прописите и да го прилагодуваат возењето согласно условите ...

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 55 годишно лице од Гостивар, 54 годишно од Охрид и 35 годишно од с.Копачиндол, тетовско. ...

Изминатиот викенд На падините на планината Галичица и во Охрид се одржа седмото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил. Настанот годинава вклучи пет трки по планински терени, со стартни позиции од различни делови на Националниот парк Галичица и заеднички финиш на градскиот плоштад во Охрид. Во трките на 85 км, 45 км, 42 км, 21 км и 10 км учествуваа вкупно 650 натпреварувачи од 42 земји. Тие имаа можност да уживаат во ...

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне во крајните источни делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура до 19 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ...

И покрај обилните врнежи од дожд утрово, нуркачите од Клубот за подводни дејности Охрид, успешно ја реализираа акцијата за чистење на крајбрежјето на плажата од хотелот „Инекс Олгица“. Во акцијата учествуваа десеттина нуркачи од Охрид, потпомогнати од колегите од клубот „Норкач“ од Струга. По Охрид, нуркачите следната недела се префрлаат во Струга, во селото Радожда каде исто така ќе биде изведена акција за чистење на крајбрежјето. ...

Салата „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва беше исполнета со близу 7000 навивачи, направен беше и кафез со соодветно обезбедување за најавените навивачи од Грција, но Алкалоид и АЕК не го започнаа реванш натпреварот од ЕХФ Купот. Причина за тоа, неофицијално, биле наводно сериозни закани кои ги добил претседателот на АЕК од навивачите кои побарале клубот да не го одигра реваншот со македонскиот претставник. Четириесеттина минути траеше ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
91%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
92%
1017
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.71
98%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 3ᴼ
0.38
93%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
89%
1017
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056