На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани. При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична ...

Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето. Над 2700 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Организаторите ветуваат добра енергија, дружење и спортски содржини: полумаратон, штафетен полумаратон, трка на 5км, експо зона, ноќна трка, паста забава, панел дискусија, Warm Up со Имлек протеин, музика, забава и уште многу други ...

Од 5 до 7 јуни Охрид по 10ти пат повторно ќе живее во ритамот на трчањето, забавата и дружењето. Над 2400 тркачи од 31 држава од светот ќе бидат дел од јубилејното 10 издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Организаторите ветуваат добра енергија, дружење и спортски содржини: полумаратон, штафетен полумаратон, трка на 5км, експо зона, ноќна трка, паста забава, панел дискусија, Warm Up со Имлек протеин, музика, забава и уште многу други ...

ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а еден од најзаслужните за трофејот секако е јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира. Тој има краткорочен договор со ГРК Охрид кој истекува по завршување на сезоната, а охриѓани покренаа онлајн иницијатива за негово останување, но и да му се додели македонско државјанство. Оваа иницијатива е наш начин да му се заблагодариме на Јасухира за сето она што го направи за клубот и за градот во ...

Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. Утрово се поделени и преостанатите количини од предвидените 400 жардиниери со саксиско цвеќе. Годинава со акцијата беа опфатени жителите од улиците „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Радојца Новичиќ“ и „Кленоец“. Акцијата Општина Охрид традиционално ја организира секоја година по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни. OhridNews Заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“. ...

Викендов во Охрид ќе се одржи јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација, во недела, 7 јуни, во делови од Охрид на сила ќе биде посебен сообраќаен режим во траење од неполни 4 часа. За време на манифестацијата, во периодот од 07:45 до 11:15 часот ќе биде затворен сообраќајот на улиците: Кеј Македонија, ул. Македонски Просветители, ул. Партизанска, ул. Јане ...

Денес со почеток во 12 часот во Младински центар Охрид ќе се одржи јавна трибина за ментално здравје во рамките на проектот „Здрави врски – основа за ментално здравје“. Проектот се реализира во соработка со З.Г. „ДОВЕРБА“ Куманово и Екуменска иницијатива жена. Ова е одлична можност заедно да разговараме отворено, да градиме разбирање и да ја зајакнеме меѓусебната поддршка за подобро ментално здравје, велат организаторите. На трибината ќе ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура до 24 степени. Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Во понеделник, 8 јуни, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник, информираат од Општина Охрид. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат ...

На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга. Колоната, како што информираат организаторите, ќе се движи со полициска придружба на следните улици: СТРУГА (10:30 – 11:30 ч.): Старт од Општина Струга, по ул. „Владо Малески“ и ул. „Маршал Тито“ кон ГП Ќафасан. ОХРИД (15:15 – 16:30 ч.): Влез по бул. „Св. Наум ...

На 03.06.2026 околу 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, 63-годишно лице од Скопје, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид, информираат од СВР Охрид. Посочуваат дека извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид. OhridNews На 03.06.2026 ...

Поради градежни активности од денес ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „Железничка“. Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина, велат од Општина Охрид. OhridNews Поради градежни активности од денес ќе биде ...

Еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот, „Петровден“ во Мешеишта, годинава ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот. Организаторот го отвори пријавувањето за учество на годинешното издание, кое ќе трае до 14 јуни. Котизацијата за настап изнесува 5.000 денари по екипа, додека ждрепката за групната фаза и ...

Кога историјата се случува пред објективот, потребни се знаење, чувство и вистински момент за таа да остане запаметена. Токму тоа го направи младата охридска фотографка Анамарија Момироска, чии фотографии од европскиот триумф на ГРК Охрид деновиве ја обиколуваат Европа. Во преполната сала „Билјанини извори“, во вечер која засекогаш ќе остане запишана во спортската историја на градот, ГРК Охрид ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп, а зад ...

Младиот фудбалер на ГФК Охрид Лихнидос, Виктор Грданоски, доби повик за настап во репрезентацијата на Македонија до 14 години за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Србија. Контролниот меч ќе се одигра на 4 јуни во Скопје, на теренот на ФК Аеродром, а повикот за Грданоски претставува признание за неговите настапи и континуираниот напредок во младинските категории на охридскиот клуб. Од ГФК Охрид Лихнидос ...

За магијата на театарот и предизвиците на актерството, но и за реалната состојба во која се наоѓа Центарот за култура ’Григор Прличев‘ во Охрид — разговараме во новото издание на ’Напладне‘. Каков репертоар и програма нè очекуваат во претстојниот период? Што е потребно за еден културен центар да пулсира во вистински ритам? Наш гостин е Горан Стојаноски директор на НУЦК ‘Григор Прличев’. Со оваа емисија воедно го заокружуваме пролетниот ...

Пет златни, пет сребрени и седум бронзени одличја, како и признание за најдобра кадетка за Миа Танеска. Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација оствари извонреден успех на престижниот меѓународен турнир „Гран при 2026“ што се одржа во Зворник, Босна и Херцеговина, освојувајќи вкупно 17 медали во конкуренција на повеќе од 350 натпреварувачи од десет европски земји. Македонскиот тим настапи со 17 натпреварувачи и се врати со биланс ...

По повод големиот јубилеј 600 години од изградбата на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, денес, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, во свое име и во име на Општина Охрид, подари икона „Вознесението Господово“. Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации. Нека ни е честит и за многу години големиот ...

Се’ уште силно одекнува ехото од големиот спортски успех на ГРК Охрид кој триумфираше во најсилното до сега издание на ЕХФ Европскиот куп. Градот дишеше заедно со своите ракометни херои кои на најдобар можен начин ја завршија сезоната и ги израдуваа Охриѓани. Навивачка треска во неделата го тресеше Охрид. Со часови пред почетокот на натпреварот река навивачи во сино – бели дресови се слеваше кон салата „Билјанини извори“ каде беше отворена ...

Европската ракометна федерација соопшти дека започна официјална истрага за наводни расистички навреди упатени кон ракометарот на унгарска Татабања, Баптист Даматрен, за време на реванш финалето од ЕХФ Европскиот куп одиграно во Охрид, пренесува „24ракомет“. Во ниту еден момент немаше никакви навреди од трибините кон ракометарот, а тоа може да го потврдат сите што беа во СРЦ „Билјанини Извори“. Веројатно поучени од минатата сезона, кога на ...

Некои натпревари носат победи. Некои трофеи носат слава. Но има и такви моменти што стануваат дел од колективната меморија на еден град. Токму таква е приказната што охридската продукција Digital Box ја преточи во емотивно видео посветено на историскиот триумф на ГРК Охрид во ЕХФ Европскиот куп. Низ внимателно избрани кадри, силни емоции и автентична атмосфера, видеото ја доловува вечерта кога Охрид ја освои првата европска титула. На ...

Јавната установа Национален парк Галичица го објави новиот Ценовник за надоместоци за влез, посета и користење на услугите што ги нуди паркот. Ценовникот ги опфаќа надоместоците за влез во заштитеното подрачје, паркирање, кампување, користење на едукативни содржини, фотографирање и снимање, организирање настани, како и други услуги достапни за посетителите. Од Националниот парк ги повикуваат граѓаните и туристите навреме да се информираат за ...

Поради градежни активности од четврток (04.06 2026г.) ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица. „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „ Железничка“. Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина. OhridNews Поради градежни активности од четврток (04.06 ...

Охриѓани синоќа на градскиот плоштад им приредија величествен пречек на играчите и стручниот штаб на ГРК и заедно го прославија освојувањето на шампионската титула во ЕХФ Европскиот куп. Во нивна чест “Рибари” приредија пиротехничко шоу, додека од илјадниците грла ечеше легендарната “Лихнида кајче веслаше”. Пред присутните се обратија играчите Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, тренерот Борис Ројевиќ и ...

Според најновите лабораториски анализи, водата од артерската чешма „Џамија“ на улицата „Даме Груев“ е исправна за пиење, информираат од Општина Охрид. Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година беше забранета употребата на водата за пиење, откако анализите извршени од ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ покажаа дека таа не е исправна за употреба. По спроведените контролни испитувања и добиените резултати од ...

Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет, совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Овој триумф претставува голем успех за македонскиот ракомет и огромна гордост за македонскиот спорт, велат во честитката од Министерството за спорт до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех ...

Градот Охрид го живее ракометниот сон по триумфот на ГРК Охрид над МОЛ Татабања во финалето од ЕХФ Европскиот куп. По тој повод вечерва на градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи голема прослава. Прославата започнува вечерва во 19ч. на градскиот плоштад, а во 20ч. ќе ги пречекаме шампионите на ЕХФ Европскиот Куп! – соопшти ГРК Охрид. ГРК Охрид синоќа во извонреден амбиент во преполната сала „Билјанини извори“ славеше и во реваншот над МОЛ ...

Татабања падна и во реваншот, титулата останува на брегот на Охридското Езеро. Охрид испиша нова златна страница во македонскиот и европскиот спорт. ГРК Охрид за прв пат во својата историја го освои ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва во преполната сала „Билјанини извори“ го совлада унгарскиот МОЛ Татабања со 31:25 во реванш финалниот натпревар. По победата од 29:28 на првиот меч во Унгарија, охриѓани до трофејот стигнаа со вкупни 60:53. ...

ГРК Охрид вечерва од 20 часот го игра реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп против МОЛ Татабања и е на чекор до најголемиот успех во историјата на охридскиот спорт. Понекогаш спортот е многу повеќе од игра. Понекогаш е приказна што ја живее цел град. Таков е денешниот ден во Охрид. Вечерва од 20 часот во спортската сала „Билјанини извори“, Градскиот ракометен клуб Охрид ќе го одигра најголемиот натпревар во својата историја. Противник е ...

Три шампионски титули, три сребрени и четири бронзени медали за младите охридски атлетичари во Скопје. Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ оствари одличен настап на Националното првенство на Македонија за пионери и пионерки, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, освојувајќи вкупно 10 медали – три златни, три сребрени и четири бронзени. Најголемиот успех го остварија новите шампиони на Македонија Илијана Димитровска, која ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
52%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.89
43%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.02
66%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.24
61%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.05
87%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
31%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.5
46%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.45
71%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
48%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.99
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Сребро

1880.63

Цинк

0.00

Злато

131085.02

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Калај

54.37

Родиум

265243.66

Алуминиум

3.19

Паладиум

41120.80

Платина

52437.87

Кобалт

56.29

Бакар

13.07