Продолжуваат големите изненадувања во елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026, откако синоќа и ноќеска елиминирани беа две европски велесили. Мундијалот заврши за Германија и Холандија, додека Бразил со гол во судиското продолжение ја избегна сензацијата против Јапонија. Бразил обезбеди пласман во осминафиналето со победа од 2:1 над Јапонија. Јапонците први поведоа, но „кариоките“ израмнија преку Касемиро, а победата ја ...

Светското првенство остана без две европски фудбалски сили откако Германија и Холандија беа елиминирани во првата нокаут-рунда по изведување пенали. Германија загуби од Парагвај по пенал-серија со 4-3, откако натпреварот по 120 минути заврши 1-1. Парагвајците поведоа во 42-та минута преку Хулио Енсисо, а Германија израмни во 54-та минута со голот на Каи Хаверц по асистенција на Флоријан Вирц. Во продолженијата на „панцирите“ им беше поништен ...