Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Топлотниот бран освен воздухот, ја зголеми температурата и на Охридското Езеро. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата на водата во Охридското Езеро денеска е за 1 степен повисока во однос на претходната седмица и изнесува 24 °C. Долгорочните мерења на УХМР покажуваат пораст на температурата на водата во Охридското Езеро во однос на просекот за јуни за речиси 5 степени во 2026 година. Просекот за ...
Започна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, кој традиционално се организира по повод верскиот празник Св. Петка. Организаторите најавуваат уште едно спортско дружење со квалитетен мал фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера. Соберете ја вашата екипа и бидете дел од уште едно незаборавно спортско дружење исполнето со одличен фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера, порачаа организаторите. Котизацијата за учество ...
Изминатиот викенд се одржа Националното првенство во Атлетика, како дводневен натпревар, на кое забележитечен успех имаа атлетичарите од АК Охрид. Блаже Љушев го освои третото место во скок далечина, а Стефан Стефаноски сребро со идентичен резултат со првопласираниот во фрлање диск. Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400м. Јован Стојоски беше доминантен во трката на 200м со златен медал и уште едно злато на 400м со пречки, ...
Со традиционалното меѓународно поетско читање „Мостови“ и врачувањето на највисоките фестивалски признанија, вечерва на Мостот на поезијата во Струга ќе биде заокружено 65. издание на Струшките вечери на поезијата. Во пресрет на завршната свеченост, во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа традиционалниот „Портрет на лауреатот“, посветен на годинешната добитничка на „Златниот венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга. На настанот ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Австрија, осма од сезоната во Формула 1, која се возеше на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Британецот, кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа сезонава, оставајќи го зад себе Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Антонели. Во првите пет завршија уште Оскар Пјастри (Мекларен) и Луис Хамилтон ...
Со драматична победа на Канада над Јужноафриканската Република од 1:0, синоќа стартуваше елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Во првиот натпревар од новоформираната рунда од 32 репрезентации, домаќинот Канада до победата стигна во втората минута од судиското продолжение. Херој на Канаѓаните беше Стивен Еустакио, кој во 92. минута го постигна единствениот погодок и на својата селекција ѝ донесе историски прв триумф во ...
Три натпревари со вкупно 30 постигнати голови беа одиграни синоќа на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, каде фаворитите забележаа убедливи победи во групната фаза. Во Групата Б, Кафе Бар Коко баше поуспешен од Попоски Инженеринг Кафе со 6:4, додека Хотел и Спа Инекс Олгица убедливо славеше над Томе Електрик со 11:3. Во единствениот натпревар од Групата Ф, екипата на Сатеска го совлада АД Галеб со 5:1. Вечерва ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 31 степен. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и ...
Македонската музичка сцена остана без еден од своите најзначајни уметници. Почина Владо Јаневски, еден од најпопуларните македонски поп-пејачи, автор на бројни безвременски хитови и првиот претставник на Македонија на Евровизија 1998. Веста за неговата смрт ја објави Македонската радио-телевизија. Со повеќедецениска кариера, Јаневски остави длабока трага во македонската забавна музика. Неговите песни, меѓу кои „Црно тиквешко“, „Некогаш и ...
Бројот на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 1.430, додека повеќе од 3.200 лица се повредени, покажуваат најновите податоци од венецуелските власти и меѓународните спасувачки служби. Двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 24 јуни предизвикаа огромни разурнувања во северниот дел на земјата, особено во државата Ла Гуаира и делови од главниот град ...
Заврши групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026, по драматичните натпревари одиграни ноќеска, по кои беа комплетирани сите учесници во шеснаесетфиналето. Англија ја потврди првата позиција во групата Л со победа од 2:0 над Панама, Хрватска ја совлада Гана со 2:1 и како второпласирана продолжува понатаму. Во групата К, Колумбија и Португалија одиграа без голови (0:0), резултат што им одговараше на двете селекции, додека ДР Конго ...
Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Илиевски и Виолета ...
„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програмата на Струшките вечери на поезијата. Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата светска книжевност. Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да ...
Продолжија возбудувањата на 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде вечерва беа одиграни три натпревари од групната фаза, а љубителите на малиот фудбал повторно уживаа во ефикасни натпревари и интересни пресметки. Во групата А, АСП ПАК ги освои бодовите со службена победа од 3:0 против Топлина, додека во вториот натпревар од истата група Кафе Бар Слобода Кичево славеше со 4:1 над Пејачката Софче Македонија. Најубедливата ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија, осма во шампионатот на Формула 1, откако беше најбрз во драматичните квалификации на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Расел до најдобро стартно место стигна со време од 1:06.113, пред двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Квалификациите ги одбележа излетувањето на Макс Верстапен во самиот финиш Тој ќе стартува од ...
Со шест натпревари од групите Ј, К и Л, денеска ќе биде комплетирана групната фаза на Светското првенство во фудбал. Од 23 часот играат Панама – Англија и Хрватска – Гана. По полноќ, од 01:30 часот, на програмата се дуелите Колумбија – Португалија и ДР Конго – Узбекистан, додека од 04:00 часот ќе се сретнат Јордан – Аргентина и Алжир – Австрија. Синоќа и ноќеска Франција ја совлада Норвешка со 4:1, Сенегал беше убедлив против Ирак со 5:0, ...
Младата пијанистка Ана Кузманоска од Охрид, ученичка во ООМУ „Методи Патче“ во класата на професорката Ана Ѓорѓиоска, доби големо признание од еден од најзначајните македонски композитори и музички педагози, професорот Димитрије Бужаровски, откако нејзината интерпретација на неговото дело (Дали паметиш Милице) беше професионално снимена и вклучена во неговата официјална музичка архива. Станува збор за видео-снимка реализирана во домот на ...
Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот денеска продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата. На прес-конференција ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година. Во потесен избор од пет поетски книги во конкуренција за наградата се „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ ...
По дводневната пауза, синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде на програмата беа три средби од групите Е и Ф. Во рамки на групата Е, екипата на Гостилница Кај Мече одигра два натпревари со половичен успех. Во првиот загуби од Гранит Х2:5, а во втората беше подобра од Студио 13 Ресен со 2:1. Во единствениот натпревар од групата Ф, Сатеска и Златара Бени Ерол одиграа нерешено 1:1. ...
На денот кога се празнува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во храмот „Св. ап. Вартоломеј“, во с. Годивје, Дебрца, охридско, беше отслужена света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Покрај многубројниот верен народ, на светата Литургија присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебрца, г. Златко Сиљаноски. По завршувањето на ...
Бројот на загинатите во разорните земјотреси што во вторникот ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 235, додека повеќе од 1.500 лица се повредени, а околу 50.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, според најновите информации што ги објавија венецуелските власти и меѓународните медиуми, пренесуваат светските агенции. Imágenes aéreas de La Guaira. Terremoto en #Venezuela. No para de sorprender tanta tragedia. 🚨🆘‼️ ...
Светското првенство во фудбал влегува во завршницата од групната фаза, а по синоќешните натпревари се познати нови селекции што обезбедија пласман во шеснаесетфиналето, додека во неколку групи останува неизвесност околу конечниот расплет. Во групата Д, Турција ја совлада селекцијата на САД со 3:2, но и покрај поразот, домаќинот го задржа првото место со шест бода. Австралија со ремито без голови против Парагвај (0:0) го освои второто место ...
Денеска ќе преовласува сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени. За време на викендот не очекува сончево и многу топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови ...
Екипата на “Бел Мерцедес” која според официјалниот распоред вечерва требаше да одигра три натпревари на турнирот во мал фудбал “Петровден” – Мешеишта, не се појави на теренот. Организаторите согласно пропозициите на турнирот ја суспендираа екипата, а неодиграните натпревари се регистрирани со службен резултат. Традиција долга 51 година не се гради со отстапки, туку со принципи. Овој турнир претставува вистинска спортска институција токму ...
Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...
По ден пауза, вечерва продолжуваат возбудувањата на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. На програмата се три натпревари од групата Г, а во центарот на вниманието ќе биде екипата на Бел Мерцедес, која ја очекува вистински фудбалски маратон со три натпревари во низа. Вечерната програма започнува во 20:30 часот со дуелот меѓу Дебрца Експрес и Бел Мерцедес. Само еден час подоцна, од 21:30 часот, ...
Мексико, Швајцарија и Бразил како првопласирани обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското првенство, по комплетирањето на групите А, Б и Ц. Мексико ја совлада Чешка со 3:0, а Јужна Африка со 1:0 беше подобра од Јужна Кореја и заврши втора во групата А. Во групата Б, Швајцарија ја победи Канада со 2:1, додека БиХ славеше над Катар со 3:1. Бразил со 3:0 ја совлада Шкотска, а Мароко со 4:2 беше подобар од Хаити, со што двете селекции ...
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР. Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени. Во петок слично време, сончево и топло, ...
На 27 јуни свечено ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, која годинава ќе се одржува до 6 јули и ќе собере уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина. Свеченото отворање е закажано за 20 часот во ресторанот „Виа Игнација“, а ќе биде збогатено со концерт на македонската група „Љубојна“, како и настап на музичкото дуо Мицевски и Пејчиноски. Колонијата, која се одржува од 2009 година, прерасна ...
На 4 издание на Ohrid Water Festival се најавени 21 спортско-рекреативни настани. Фестивалот ќе се одржи од 12-30 август, а истиот започнува со „Меѓународен тренинг камп во едрење“, во организација на Акватика Јахтинг, а завршува со „Меѓународна Веслачка регата Охрид 2026“ во организација на ВК „Горица Ремо“. Во програмата и оваа година се вклучени бројни спортски клубови, организации и ентузијасти кои со својата посветеност придонесуваат ...