Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Изминатата ноќ на Светското првенство во фудбал 2026 беа одиграни четири натпревари од групите К и Л, а највпечатлива победа оствари Англија која ја совлада Хрватска со 4:2. Во супер интересното и ефикасно прво полувреме поведе Англија со голот на Кејн од пенал во 12 минута. Хрватска израмни со прекрасен гол на Батурина, но Кејн ја врати предноста на Англија. Во последните секунди од првиот дел Муса по асистенцијата на Перишиќ израмни на ...
Времето денеска кај нас сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени. Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната ...
Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат од Општина Охрид. Во спротивно, посочуваат, локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на ...
Надлежните општински служби во Струга денеска спроведоа акција за отстранување на урбана опрема која била поставена без соодветно одобрение на јавна површина. Од Општината посочуваат дека поставувањето на урбана опрема, рекламен материјал, инвентар и други елементи на јавни простори е дозволено исклучиво по добивање на потребните одобренија од локалната самоуправа. Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани и нивното уредно ...
Светското првенство во фудбал кое се одржува во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од групите И и Ј, во кои фаворитите Франција и Аргентина успешно ја отворија турнирската кампања. Во групата И, Франција го совлада Сенегал со 3:1. Двоен стрелец беше Килијан Мбапе, кој повторно ја потврди својата голгетерска форма и беше предводник на „триколорите“ до првите три бода. Во вториот натпревар од групата Норвешка беше убедлива против ...
Во периодот од 6ти до 10ти јули во Младински Центар Охрид ќе се одржи Музичка летна работилница наменета за млади на возраст од 10 до 18 години, без разлика дали се почетници или веќе имаат музичко искуство. Во текот на пет дена учесниците ќе работат со дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбедат индивидуално менторство, практична работа и поддршка за музички развој. Ќе бидат опфатени инструментите клавијатура, виолина, ...
На денешен ден во 2016 година на 87-годишна возраст почина Александар Леко Радич, легенда на охридското и македонското пливање. Покрај тоа што бил голем пливачки шампион и врвен тренер, Радич се смета за еден од основоположниците на Охридскиот пливачки маратон. Својата пливачка и тренерска кариера ја започнал во ПВК „Охридски бранови“. Во текот на тренерската кариера тој создаде плејада пливачки шампиони, меѓу кои посебно место заземаат ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд,нретки грмежи и засилен ветер. Утре процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне со дожд. Максималната температура ќе достигне до 26 степени. Од четврток до почетокот на следната седмица времето ќе биде умерено ...
Извлечени групите и познат распоредот на натпреварите на годинешното издание на еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот „Петровден“ во Мешеишта кој започнува во петок, 19 јуни. На турнирот учество ќе земат 31 екипа распоредени во 8 групи. Распоред на натпреварите од групна фаза од турнирот може да види на линкот https://turnirpetrovden.mk/ Годинава турнирот ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата ...
Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по седми пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Фестивалот на планината и езерото ќе се одржи на 20 и 21 јуни. Авантурата започнува во сабота, 20 јуни, со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро – 21. Јуни. Настанот продолжува во попладневните часови, со ...
Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство. Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за 20-годишно лице од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот. OhridNews ...
Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Охрид времето денес променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. Во следните денови ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат од половина денар до два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката бензините поскапуваат од 1,5 денари до 2 денари за литар и ќе се продаваат ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена од 87,50 ден/лит., додека ЕУРОСУПЕР БС-98 за 90,00 ден/лит. Дизелот поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден/лит. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се ...
Од денес до 18 јуни Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026“, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора. Турнирот, во организација на КК „Колибри“- Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ категориите U11, U13 и U15, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности и талент ...
Од денес до 18 јуни Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026“, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора. Турнирот, во организација на КК „Колибри“- Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во категориите U11, U13 и U15, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности и талент во четиридневна спортска програма ...
Денес со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов. Ова е петнаесетта самостојна изложба на авторот, на која ќе бидат претставени околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника. Изложбата обединува претежно фигуративни композиции создадени во последниот период, во кои човекот, просторот и сеќавањето стануваат дел од една поширока ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Максималната температура до 27 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со ...
Ракометарите на Барселона ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Фуксе Берлин со 37:34 и по 13. пат се искачија на европскиот трон. Во преполната „Ланксес Арена“, каталонскиот гигант уште еднаш ја потврди својата доминација во европскиот ракомет. Клучна улога во победата имаше голманот Емил Нилсен со 14 одбрани, додека Луис Фраде беше најефикасен со седум погодоци. Алеикс ...
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, ЛуисХамилтон, ја забележа својата прва победа во болидот на италијанскиот автомобилски гигант Скудерија Ферари триумфирајќи на трката за Големата награда на Барселона што се возеше денеска на патеката Каталуња. За 41-годишниот Британец ова беше 106-та победа во кариерата и прва по пауза од речиси две години. Хамилтон до победата стигна со одлична стратегија и одлично возење на патеката пред ...
На 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека oхриѓанец во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Исто така, вчера, во 22:04 часот, на улицата „Св. Наум Охридски“ охриѓанец физички нападнал две 17-годишни момчиња од Охрид. По целосно документирање на настанот следува ...
Њујорк Никс ја освои шампионската титула во НБА лигата за сезоната 2025/26, откако во петтиот натпревар од големото финале го совлада Сан Антонио Спарс на гости со 94:90 и со вкупни 4:1 во серијата стигна до првиот шампионски прстен по цели 53 години. Ова е трета титула во историјата на славниот тим од Големото јаболко и прва по 1973 година, со што заврши еден од најдолгите шампионски постови во американскиот професионален спорт. Никс до ...
Охрид трета година по ред беше домаќин на турнирот од Јадранската Teqball лига, кој собра 40 играчи од 10 различни земји. Натпреварувачите настапија во две категории – Men’s Singles и Men’s Doubles. Првиот дел од турнирот се одржа во Основното училиште „Григор Прличев“, додека завршницата беше организирана на Градскиот кеј, на отворено покрај Охридското Езеро, во исклучителна атмосфера и со одлична енергија од публиката. Големо задоволство ...
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени. Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност не очекува и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минимапната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе ...
Светското првенство во фудбал 2026 продолжи со четири натпревари од групите Б, Ц и Д. Фаворизираниот Бразил одигра само нерешено против Мароко, Катар во последните мигови од мечот и скина 2 бода на Швајцарија, Шкотска ја оправда фаворитската улога против Хаити, а Австралија и нанесе болен пораз на Турција. History for Qatar! 🇶🇦 A 94th-minute equaliser at San Francisco Bay Area Stadium sees the 2022 hosts claim their first-ever ...
Утре завршува рокот за пријавување за учество на годинешното издание на еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот „Петровден“ во Мешеишта. Годинава ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот. Котизацијата за настап изнесува 5.000 денари по екипа, додека ждрепката за групната фаза и распоредот на натпреварите ќе ...
На 15 јуни со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложбата „Барајќи си дом“ на уметникот Тони Попов. Ова е петнаесетта самостојна изложба на авторот, на која ќе бидат претставени околу 40 дела изработени во акрилна и маслена техника. Изложбата обединува претежно фигуративни композиции создадени во последниот период, во кои човекот, просторот и сеќавањето стануваат дел од една поширока ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 22 степени. До четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. OhridNews ...
Од 15 до 18 јуни Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026“, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна Гора. Турнирот, во организација на КК „Колибри“- Охрид и со поддршка на Општина Охрид, ќе се одржи во категориите U11, U13 и U15, а младите кошаркари ќе имаат можност да ги покажат своите способности и талент во четиридневна спортска програма ...
МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија упатува покана до православните верници за заедничко молитвено чествување на празникот посветен на Светиот свештеномаченик Еразмо Охридски. По повод празникот на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот ...
Од 12 до 14 јуни 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на БТА Триатлон Балканското првенство, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе повеќе од 350 натпреварувачи од 15 земји од Балканот и Европа. Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини: пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите ги изведуваат последователно, без прекин. Центарот на случувањата ќе биде на Бафало Бич, каде ќе ...