Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде отворена втората изложба од серијата резиденции на странски уметници. Голема чест ни е што овојпат тоа е Милица Мацановиќ, добитничка на повеќе престижни награди за фотографија, меѓу кои и неодамнешниот златен медал на fotoslovo.art, информираат од Култ Културен Центар. Изложбата се отвора во 20 часот. Г.М. Во петок, 26 јуни си почеток во 20 часот, во Култ ...

Еден од фаворитите на 51-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, поради непланирани обврски го откажа учеството. Тоа значи дека нема да ги одигра предвидените три натпревари вечерва, а организаторот одлучи екипите да добијат слободен ден. Соопштението на организацискиот одбор на турнирот го пренесуваме во целост: Драги екипи, редовни гости на 51-от турнир во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта! Сакаме накратко да ве ...

Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжи Светското првенство во фудбал 2026, а најубедливата победа ја забележа Португалија која со 5:0 го декласираше Узбекистан и направи голем чекор кон осминафиналето. Во групата К, Португалците доминираа од почетокот до крајот и со пет гола ја совладаа селекцијата на Узбекистан. Во вториот натпревар од групата, Колумбија со минимални 1:0 беше подобра од ДР Конго и се израмни со ...

Екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Слобода Кичево забележаа убедливи победи на петтиот натпреварувачки ден од 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Актуелниот освојувач на трофејот АСП ПАК продолжи со одличните настапи и со убедливи 7:0 ја совлада екипата на Пејачката Софче Македонија во натпревар од групата А, потврдувајќи дека и годинава ќе биде меѓу главните фаворити за највисок пласман. Во истата група, Кафе ...

Под мотото „Каде што живее поeзијата“ од 24 до 29 јуни ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Традиционално, манифестацијата ќе започне со садење дрво и поетско читање во чест на добитничката на највисокото фестивалско признание „Златен венец“, Анеке Брасинга од Холандија во Паркот на поезијата (10:00 часот), а во 12:30 часот ќе се одржи прес-конференција со лауреатот. ...

Денеска ќе преовладува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени. Во четврток не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе ...

Охрид повторно беше центар на традиционалното ИТФ таеквон-до. Деновиве во спортската сала „Билјанини Извори“ успешно се одржа меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“, на кој настапија 317 натпреварувачи од девет европски држави. Турнирот, што се одржа на 20 јуни во организација на Македонската Традиционална Таеквон-До Федерација и Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец – Охрид, собра спортисти од Македонија, Молдавија, Грција, ...

Искусниот голман Градимир Чаневски кој две сезони беше дел од ГРК Охрид, е старо-нов играч на Бутел. Тој ќе му се стави на располагање на Стојанче Стоилов кој го предводи новиот проект на Ракометниот клуб Бутел. Нова средибна има и пивотменот Владимир Бојаниќ кому исто така му заврши договорот со ГРК Охрид. Тој ќе биде дел од новиот суперлигаш Младост Богданци кој го предводи охриѓанецот Горан Андоновски. Бојаниќ во Богданци ќе му се ...

Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжија возбудувањата на Светското првенство во фудбал 2026, а селекциите на Аргентина и Франција со нови победи обезбедија пласман во нокаут фазата. Во групата Ј, актуелниот светски шампион Аргентина ја совлада Австрија со 2:0 со головите на Меси и со максимални шест бода го потврди местото во шеснаесетинафиналето. Во вториот натпревар од групата, Алжир со 2:1 беше подобар од Јордан и ги ...

Екипата на Др. Баткоски забележа убедлива победа од 7:1 над Етно ресторан Дедо Димо и го одбележа четвртиот натпреварувачки ден на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Во натпревар од групата Х, тимот на Др. Баткоски уште од самиот почеток го наметна своето темпо на игра и со убедлив настап стигна до висока победа, со што направи значаен чекор кон пласман во следната фаза. Интересно беше и во групата Ф, каде ...

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна. Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата. Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите, информира УЈП. Г.М. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 30 степени. Во среда не очекува значително потопло, но нестабилно време. Под влијание на циклонска активност ...

Светското првенство во фудбал во САД, Канада и Мексико продолжи со натпреварите од второто коло во групите Г и Х, по кои Шпанија направи голем чекор кон пласман во нокаут фазата, додека Египет ја забележа првата победа на светските првенства. What a night for Egypt! Their first-ever FIFA World Cup victory 🏆 pic.twitter.com/wFcffOKmL8 — FIFA (@FIFAcom) June 22, 2026 Во групата Х, Шпанија убедливо ја совлада Саудиска Арабија со 4:0 и се ...

Екипата на Клиника Др. Баткоски – Италија („Clinica Dr. Batkoski Italia“) го освои првото место на престижниот меѓународен турнир во мал фудбал што од 19 до 21 јуни се одржа во италијанскиот град Аоста, во регионот Вале д’Аоста. Станува збор за традиционален турнир со 15-годишна историја, кој се игра на импровизирани терени поставени на централниот градски плоштад „Piazza Émile Chanoux“, еден од најпознатите јавни простори во Аоста. ...

Познат е распоредот за сезоната 2026/2027 во македонската ракометна Супер лига, а ГРК Охрид новото првенство ќе го отвори со дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен. Првото коло е закажано за 6 и 7 септември, кога охриѓани ќе ја започнат новата суперлигашка кампања по историската сезона во која го освоија трофејот во ЕХФ Европскиот куп и првпат донесоа европска клупска титула во градот. Пред стартот на првенството, ГРК ...

Цените на горивата бележат значителен пад. Бензините од вечер на полноќ ќе се продаваат поевтино за 3,5, односно 4 денари, а цената на дизелот ќе биде пониска за 7 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,50 ден/лит, и од вечер на полноќ ќе изнесува 84,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 4,00 ден/лит, и ќе изнесува 86,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ...

Со три интересни натпревари продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, а победите ги забележаа Томе Електрик, Гостилница Кај Мече и Екстра Скопско. Во најефикасниот натпревар вечерта од групата Б, Попоски инженеринг Кафе Дома загубија од екипата на Томе Електрик со 2:8. Убедлив триумф забележа и Гостилница Кај Мече, која во натпревар од групата Е со 4:0 беше подобра од Кибо Пласт, ...

Со три интересни натпревари продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, а победите ги забележаа Попоски инженеринг Кафе Дома, Гостилница Кај Мече и Екстра Скопско. Во најефикасниот натпревар вечерта од групата Б, Попоски инженеринг Кафе Дома ја совлада екипата на Томе Електрик со 8:2 и на убедлив начин ги освои првите бодови на турнирот. Убедлив триумф забележа и Гостилница Кај Мече, која ...

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи – УХМР. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени. Во вторник не очекува сончево и топло време со мала до ...

Екипата на Чардак Велгошти го забележа најубедливиот триумф досега на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, совладувајќи ја Дебрца Експрес со високи 16:1 во натпревар од групата Г. Во останатите два натпревари од вториот ден, БЗ Груп Струга минимално го совлада Дооел Ноче со 1:0 во групата Ц, во натпревар во кој одлучуваше еден погодок, додека Охридски Бисер Филеви со сигурни 4:1 беше подобар од Хотел Тино во ...

По повод Денот на Охридското Езеро – 21 Јуни, викендов во Охрид се одржува спортско-едукативниот настан „Заедно за иднината на Езерото“, во чии рамки за првпат ќе биде организиран еднонеделен тренинг камп „Охридски ветрови“, наменет за млади едриличари и скијачи. Настанот е во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, Скијачкиот клуб „Диме Флејта“ од Тетово и Едриличарскиот клуб „Нов Ветар“ од Скопје, а ...

Счучајот бил пријавен во СВР Охрид вчера во 08.41 часот. Според пријавата 45-годишен охриѓанец паднал при изведување градежни работи за изградба на куќа во охридското село Љубаништа. Тој со возило на Итната медицинска помош, бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди поради што, бил задржан на понатамошно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Во координација со ...

Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжија возбудувањата на Светското првенство во фудбал 2026. Нови победи забележаа селекциите на Бразил, САД, Мароко и Парагвај. Во групата Ц, Мароко ја совлада Шкотска со 1:0 и со четири бода се искачи на првото место во групата. Во вториот натпревар од групата, Бразил со сигурни 3:0 славеше над Хаити и исто така стигна до четири бода. Пред последното коло Мароко и Бразил се во најдобра ...

Со три натпревари синоќа беше отворено 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, на кој годинава учествуваат 32 екипи поделени во осум групи. Актуелниот шампион АСП ПАК испрати силна порака до конкуренцијата уште на стартот, совладувајќи го Кафе бар Слобода од Кичево со убедливи 7:0 во натпревар од групата А. Во останатите средби, Нова-пор ја победи Виена Комерц со 4:3 во групата Ц, додека Топлина ...

Во тек се градежни работи за реконструкција на охридската гимназија. Покрај покривот кој прокиснуваше, се реконструираат и внатрешните ѕидови на објектот. Реконструкцијата на охридската гимназија предвидува и замена на дограмата која ќе биде од дрво за да се зачува автентичноста на објектот, изјави за Охридњуз раководителот на Секторот за образование, спорт, млади и невладини организации, Јоне Станкоски. Реконструкцијата на гимназијата ...

Ни претстои период на сончево и топло време со пораст на дневните температури кои на места ќе достигнат 36 степени Целзиусови. Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со температура до 28 степени. Викендов температурите ќе бидат во пораст. Во сабота во Охрид се очекуваат 29 степени, а во недела и понеделник насекаде во земјава ќе биде 30+. Г.М. Ни претстои период на сончево и топло време со пораст на дневните температури ...

Охрид изминатите денови беше домаќин на јубилејното петто издание на Меѓународниот кошаркарски турнир „Ohrid Hoops 2026“, кој уште еднаш го потврди својот статус на еден од најзначајните младински спортски настани во регионот. На турнирот учествуваа екипи од Турција, Грција, Албанија, Црна Гора и Македонија, а младите кошаркари низ бројни натпревари демонстрираа квалитетна игра, спортски дух и фер-плеј, создавајќи нови пријателства и ...

Со натпреварите од првото коло вечерва започнува 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, кој и годинава собра 32 екипи што ќе се натпреваруваат за вредниот награден фонд од 500.000 денари. Турнирот ќе биде отворен со четири натпревари, а први на теренот ќе истрчаат актуелните шампиони АСП ПАК и Кафе бар Слобода. Турнир „Петровден“ 1 коло 20:30 Асп Пак – Кафе бар Слобода 21:30 Нова Пор – Виена ...

Со четири натпревари од групите А и Б продолжи Светското првенство во фудбал. Домаќинот Мексико, Канада и Швајцарија забележаа важни победи во второто коло, додека Чешка и Јужна Африка ги поделија бодовите. Во групата А, Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1:1, резултат што дополнително ја зголеми неизвесноста во борбата за пласман во осминафиналето. Во вториот натпревар од групата, Мексико со минимални 1:0 ја совлада Јужна Кореја и се ...

Охрид повторно ќе ја покаже својата хуманост и солидарност. Во недела, на 21 јуни, во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал под мотото „Со љубов и фудбал за Елена“, со цел да се соберат средства за лекување на младата охриѓанка Елена. Турнирот ќе започне во 9 часот, а право на учество имаат екипи составени од играчи до 19 години. Ќе се игра по систем 5+1, со најмногу 10 играчи во составот на една ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.15
51%
1016
weather icon

Белград

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
41%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.18
67%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.44
62%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.77
57%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
85%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
31%
1012
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.55
46%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
50%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
5.76
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.4759

Currency

71.8859

Currency

37.5392

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Бакар

13.07

Калај

54.37

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

52437.87

Злато

131085.02

Сребро

1880.63

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Паладиум

41120.80