Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Како што веќе беше најавено, скоро над сите континенти, вчера, беше видлив феноменот на “Крвава месечина“. Во Охрид оваа појава беше највпечатлива околу 20,30 часот, а истата ќе може да се види и вечерва. “Крвава месечина” е феномен кога Земјата ќе се најде помеѓу Сонцето и Месечината. Притоа низ атмосферата на Земјата се пропушта само светлина со подолги бранови должини, односно црвениот спектар што го предизвикува овој феномен. Фото: ...
Македонија забележа убедлива победа над Лихтенштајн од 5:0 во натпреварот од квалификациите за пласман на Светско првенство, што се одигра вчера на арената “Тодор Проески” во Скопје. Резултатот беше отворен во 15 минута со автоголот на Бухел, со кој се отиде на одмор. Во вториот дел вистинска канонада кон голот на Лихтенштајн што резултираше со четири гола во мрежата на гостите: Барди ’52, Чурлинов ’56, Ќамили ’82 и Станковски ’90. По 5 ...
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, честитка до граѓаните на Охрид упати градоначалникот Кирил Пецаков. Почитувани охриѓани и граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит денот на независноста на нашата татковина. На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и ...
Традицијата продолжува. Годинава уште помасовно и повесело, камперите и вњубениците во Љубаништа со забава до доцна во ноќта и вечерно капење под светлото на месечината и „бакљи“, завршија уште едно убаво лето во кампинг Љубаништа. Забавата кулминираше со настапот на Влатко Броз и Марама кои приредија уште една вечер за паметење. Помала група кампери пред неколку години за прв пат организирано го одбележа крајот на сезоната исполнета со ...
Во Охрид денеска ќе се задрши сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени. Сончево време со мала до умерена облачност не очекува и во понеделник. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а на планините попладне ќе има услови за ...
Иако истекува првата седмица од септември, времето е пријатно за плажа и рекреација. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 20 степени Целзиусови. Ако се има предвид и температурата на воздухот која викендов е околу 28 степени, повеќе од одлични услови за уживање на брегот на нашето најголемо и најубаво природно езеро. Нивото на езерото, пак, според последните ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишен жител на Прилеп, со привремен престој во Струга и против 61-годишен стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар. Од страна на Територијалната противпожарна единица од ...
Ракометарите на Охрид ја започнуваа новата сеозна во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид на гости. Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот не очекува дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се ...
На 05.09.2025 година, во СВР Охрид приведено е 24-годишно лице од Охрид. При преглед извршен во возило „голф“ во кое се наоѓал, паркирано на улицата „Никола Карев“ во Охрид, полициските службеници од криминалистичката полиција, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Охрид, поради ...
Режимот за движење во НП Галичица продолжува и месецов согласно информацијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со која забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година со цел спречување на појава на пожари на отворен простор. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот. Во оваа насока треба се пополни ...
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во големата сала, денес со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи петтиот по ред меѓународен фестивал – Смотра на ветерани, во организација на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга. Предвидена е богата програма со дефиле низ градот и голем концерт во Центарот за култура со учесници од повеќе држави. Влезот е 100 денари. Проектот е со финансиска поддршка од ...
Во вторник, 9 септември, во 12 часот во Лапидариумот ќе биде промовирана фотомонографијата – „Свето Таинство“ на уметникот и фотограф Зоран Летра. Во уметничката фотомонографија се поместени 90 фотографии со мотиви од Охрид и 9 текстови од еминентни уметници, професори и истражувачи. Во ова единствено дело кое зборува со јазикот на тишината, секоја слика е нешто свето, а секој кадар одразува хармонија. „Свето Таинство“ е во издание на Општина ...
Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 29 степени. Под влијание на висок воздушен притисок во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе дува слаб до умерен, наместа повремено ...
Вториот итернационален кошаркарски турнир за играчи до 15 години „Охрид 2025“ официјално беше отворен синоќа со пригодна свеченост во салата „Билјанини извори“, по што следеше натпревар во 3-ки. На турнирот оваа година учествуваат 10 екипи распределени во две групи. На стартот на турнирот кошаркарските надежи на Охрид беа поразени од врсниците од Локомотив, Бугарија, 54:96. Резултати Интернационален кошаркарски турнир „Охрид 2025“ – Ден 1 КК ...
Актуелниот член на Советот на Општина Дебрца, Даниел Огненоски ќе се вклучи во трката за градоначалник на Општина Дебрца на претстојните локални избори закажани за 19 октомври, неофицијално дознава Охридњуз. Даниел Огненоски е член на советот на Дебрца во повеќе мандати и е добар познавач на состојбите во општината. Се очекува тој да ја официјализира кандидатурата во наредните денови, како и тоа кој се ќе застене зад истата. Дознаваме и дека ...
Делегација на Општина Охрид предводена од Ана Крстеска, заменик градоначалник денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 16 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија. Несреќата се ...
Поп-пејачката Ана Станојевиќ од Србија на престижниот фестивал „Охрид фест“ кој се одржа изминатиов викенд се закити со наградата „Најдобрата поп композиција на балкански манир“ за композицијата „Навикла сам да ме лажу“. Среќна сум што сум наградена, заедно со моите соработници. Благодарам на мојот тим, Хрвој Шепаровиќ, Амир Пушкар и Нинослав Адемовиќ, кои направија извонредна комбинација и вешто ги истакнаа тоновите на хармоника во поп манир, ...
Преку 90 учесници од Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора ќе бидат дел од 6-то издание на младинскиот шаховски фестивал „Езерска Кралица 2025“ кое од денес до 8-ми септември ќе се одржи во Струга. Фестивалот е во организација на Младинската шаховска школа Струга. Ова ќе биде еден од најмасовните шаховски настани од постоењето на турнирите на „Езерска Кралица“. Ако во минатото оваа бројка се движеше помеѓу 60 до 70, сега со гордост ...
Клучните вредности на паркот, управувањето со него, начинот на финансирање и туристичките потенцијали во фокус на средбата на претставници од ЈУНП „Галичица“ со заменик-австрискиот амбасадор Матијас Хуменбергер. Во текот на дискусијата беа разгледани повеќе можности за поддршка на паркот од страна на Австриската амбасада. Дополнително, беше најавена работилница во месец ноември, каде што ќе учествуваат експерти од различни области од заштитени ...
Црвен крст Охрид повторно ја организира програмата за развој за младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“. Оваа програма, велат, е наменета за млади од деветто одделение до трета година средно образование. Црвен крст Охрид ја нуди оваа програма со цел да им овозможи на младите да ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери да земат учество во живеењето на заедницата, како и да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат ...
Денеска се навршуваат шестнаесет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше ...
Охрид од денеска до 7 септември ќе биде домаќин на 2-от Интернационален кошаркарски турнир „Охрид 2025“ за играчи до 15 години, што го организира Градскиот кошаркарски клуб Охрид. На турнирот учествуваат 10 екипи од 7 држави поделени во две групи. Свеченото отворање е во 20:20 часот, на кое ќе се обрати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, по што домаќинот на турнирот, ГКК Охрид ќе ги одмери силите со екипата на Локомотив од Бугарија. ...
Четириесеттина млади натпреварувачи од земјава и регионот зедоа учество на традиционалната меѓународна едриличарска регата „Заедно за иднината на Езерото“ што се одржа во склоп на Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival), во организација на клубот Акватика Јахтинг од Охрид, под покровителство на Групацијата „Сава“ – „Сава пензиско“ и „Сава осигурување“ и подршка од Општина Охрид. Како изгледаше Едриличарската регата со силна еко ...
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со услови за дожд. Максималната температура до 27 степени. Следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен ...
ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денес одбележува 90-годишнина од основањето. Годишнината ќе биде одбележа со свеченост под покровителство на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денес во црквата „Св. Софија“ во Охрид. Основан во 1935 година, Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во земјава. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на ...
Традиционален годишен концерт на Вокално инструменталниот состав – Билјана ќе се одржи во предворјето на црквата Богородица Перивлепта во Охрид на 05 септември, петок, со почеток во 20:00 часот. Ова година по тринаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наши гости оваа година се Емилија Колоска и Стефан Петрески, информираат од ВИС „Билјана“. Посочуваат дека билетите за овој настан се во ограничен број, по цена од 300 ...
Денес во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Митрополитот Георгиј, го прими спортскиот херој Марко Пејчиновски со неговиот брат Андреј од Охрид. Марко на 28 август, на празникот Голема Богородица, успешно го реализираше својот најнов подвиг, модифициран Ironman. Тој трчаше 7 часа и 47 минути од „Св. Наум“ до Струга, возеше велосипед 2 часа и 33 минути од Струга до „Свети Наум“ и пливаше 9 часа и 29 минути од „Свети Наум“ до Охрид. За ...
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во големата сала, на 6-ти септември (сабота), со почеток во 18:30 часот, ќе се одржи петтиот по ред меѓународен фестивал – Смотра на ветерани, во организација на КУД „Ѓердан од бисери“ од Охрид и НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга. Предвидена е богата програма со дефиле низ градот и голем концерт во Центарот за култура со учесници од повеќе држави. Влезот е 100 денари. Проектот е со ...
Под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, утре во црквата „Св. Софија“ во Охрид, ќе се одржи свеченото одбележување на 90-годишнината од основањето на ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Основан во 1935 година, Заводот претставува најстарата научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во земјава. Главната преокупација е лимнологијата на природните езера на Република Македонија ...
За прв пат во историјата Охридскиот пливачки маратон не беше завршен целосно поради силното невреме што во попладневните часови саботата го зафатија регионот на Охрид и Струга. Но се до тој момент кој се случи на 19-от километар од предвидените 25, во езерото се одвиваше вистинска спортска драма за што потврда е фактот што во времето на прекинот во машка конкуренција во водство беа тројца пливачи: италијаните Матео Фурлан и Федерико Тамборино и ...