Со 28 постигнати голови на три натпревари, синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Најефикасниот натпревар го одиграа Хотел и СПА Инекс Олгица и Попоски Инженеринг, во кој Инекс Олгица славеше убедливо со 12:5, во рамките на групата Б. Во групата Ф, АД Галеб службено го доби натпреварот против Златара Бени Ерол со 3:0, додека екипата на Аце Најдески беше убедлива против Хотел Тино, ...

Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, во која беа постигнати вкупно 20 голови. Во рамките на групата Ц, БЗ Груп Струга славеше над Нова-пор со 5:1. Во групата Е, Гранит Х беше подобар од Студио 13 Ресен со 4:1, додека Кибо Пласт службено го доби натпреварот против истата екипа со 3:0. Најубедливата победа вечерта ја оствари Сатеска, која во натпревар од групата ...