Со убедлива победа на екипата Др. Баткоски над Киоск кај Бироно со 8:2 синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во единствениот меч на програмата, одигран во рамките на групата Х, Др. Баткоски ја забележа својата втора победа на турнирот, прикажувајќи ефикасна игра и сигурна реализација. Турнирот продолжува вечерва со три натпревари од групната фаза: 20:30 часот (Група Б): Хотел и СПА ...

По ден пауза, вечерва продолжуваат натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. На програмата се три средби од групната фаза. Први на теренот, од 20:30 часот, ќе излезат екипите на Оровник и Дебрца Експрес во рамки на Групата Г. Еден час подоцна, во Групата Е, ќе се сретнат Гранит Х и Кибо Пласт, додека вечерната програма ќе ја заокружи дуелот од Групата В меѓу Томе Електрик и Кафе Бар Коко. Г.М. По ден ...