Му беше претходник на престолот на римскиот папа Маркел. Па кога Диоклецијан го повика и му се закани со маки, тој им принесе жртва на идолите, заради што царот богато го даруваше со скапоцена облека. Маркелин горко се покаја и плачеше дење и ноќе за своето одрекување од Христа, како некогаш апостолот Петар. Во тоа време имаше некој епископски собор во Кампанија. Папата се облече во кострет, си ја посипа главата со пепел, па влезе во соборот ...
Светиот маченик Теодот Анкирски Овој Христов маченик беше потаен христијанин и како таков ја помагаше Црквата и чесно ги погребуваше телата на Светите маченици. Така погреба и седум девојки кои пострадаа за Христа. Кога незнабожците дознаа за него, го удрија и него на маки и го погубија (под 18 мај). Тропар Мачениче свети Теодоте, денес Христос под Крстот те приведе, пофалба возвестувајќи во црквата Негова, крст маченички од раката Божја ...

