Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Општина Дебрца ги отвора вратите за сите граѓани,здруженија на граѓани, претставници на локалната самоуправа, бизнис сектор,советници и претставници на ЈП, на јавна дебата посветена на идниот економски развој на нашата општина и младинската вклученост. Оваа иницијатива, која има за цел да понуди реални решенија за задржување на младите во родниот крај, претставува пример за квалитетна соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалните власти. ...
На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член ...
На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. ...
Ана беше избрана по спроведена аудиција за избор на претставник на нашата земја. По внимателно разгледување и преслушување на настапите на кандидатите, стручната жири-комисија донесе едногласна одлука, препознавајќи ги вокалните способности, сценската појава и уметничкиот потенцијал на Ана. Композицијата со која Македонија ќе настапи на Јуниорскиот Евросонг 2026 е дело на Никола Мицевски, едно од најпочитуваните и најуспешни имиња на ...
Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“. denovi.mk Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, ...
На 16.06.2026 во 23:10 часот во СВР Охрид, лице на (37) од селото Пештани, охридско, пријави дека околу 21:50 часот во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и лицето од Пештани, охридско, сопственик на објектот, по што во објектот биле физички нападнати и неговата сопруга и неговата ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На ...
Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“. Во спротивно Локалната власт и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред ...
Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 18.06.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција. Селектирај ...
На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 16.06.2026 во 11:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (54) од ...
ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на грижата за нашите пациенти. Во рамките на донацијата обезбедени се: 🔹 3 кислородни концентратори 🔹 2 дубаци без тркалца 🔹 13 дубаци со тркалца 🔹 5 инвалидски колички – обезбедени преку “Letz Catz“ и Здружението за ретки болести, и 🔹 10 инвалидски колички – донација од „Кипер Маркети“ Овие медицински помагала ќе бидат ставени во функција на ...
Со благослов на надлежниот архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, започна реализацијата на фрескоживописот на крстилницата во парохискиот храм „Свети Никола“ во Долна Влашка Маала. Од црковниот одбор информираат дека станува збор за значаен духовен и културен проект кој ќе придонесе за разубавување на храмот и збогатување на неговото литургиско и духовно значење. Воедно, упатен е повик до сите благочестиви христијани и ...
Неговиот татко, Дометиј, беше брат на римскиот цар Пров, но побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит, Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по упокоението на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на ...
Под покровителство на Општина Охрид, а во организација на Здружението за уметност и култура „Арт Вивенди“ синоќа во предворјето на црквата Св. Софија се одржа манифестацијата „Чалгиски звуци”, посветена на легендарниот охридски виолинист и трубадур Климе Садило. Годинава манифестацијата се одржа во знакот на два значајни јубилеи – 145 години од раѓањето на Климе Садило и 120 години од постоењето на такамот на Садиловци, симбол на охридската ...
Денес градските советници ја одржаа единаесеттата седница. На дневниот ред најзастапени беа одлуките за избор на членови на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и неколку точки од урбанистичката сфера. Во продолжение се сите точки кои беа усвоени на денешната седница. Предлог-одлука за разрешување на вршители на должност членови во Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид; Предлог-одлука за разрешување на вршители ...
Започна Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржува по 25-ти пат со поддршка на Општина Охрид. Млади музичари од државава и Светот ќе ги претстават своите знаења и талент во дисциплините: пијано, виолина и камерна музика. Во изминатите 25 години, на натпреварот учествувале повеќе од 2.500 млади музичари од 36 држави, а дел од жирито биле над 135 врвни музички уметници од 28 земји, што го вбројува овој ...
Со финансиска поддршка на Општина Охрид синоќа во ЦК „Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Барајќи си дом“ од уметникот Тони Попов. Со настанот авторот одбележува значаен јубилеј – петнаесет самостојни претставувања пред публиката. Изложбата која е дел од Годишната програма за култура на Општина Охрид ќе биде отворена за посетителите до 28 јуни. Поставени се четириесет дела изработени во маслена и акрилна техника. Изложбата е најнов ...
Со поддршка на Општина Охрид синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ свечено беше отворено петтото јубилејно издание на Меѓународниот кошаркарски турнир „Ohrid Lake Hoops“. Годинава настапуваат над 300 деца од 11 екипи од Македонија, Турција, Грција, Црна Гора и Албанија. Организатор на настанот е Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид. Со поддршка на Општина Охрид синоќа во спортската сала „Билјанини Извори“ свечено беше отворено ...
На 77 годишна возраст, во Охрид почина познатиот адвокат Сотир Каралиевски. Во Охрид важеше за човек од градот, секогаш со чиста мисла и со музиката како една од неговите најголеми љубови. Погребот на Каралиевски ќе се одржи денеска, во периодот од 12:00 до 12:30 часот, на Градските гробишта во Охрид. ohridpress.com На 77 годишна возраст, во Охрид почина познатиот адвокат Сотир Каралиевски. Во Охрид важеше за човек од градот, ...
Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во ...
Изминатиов викенд бевме домаќини на Балканското триатлон првенство Охрид 2026! Повеќе од 350 репрезентативци во различни категории од 17 земји ги одмерија своите сили и покажаа што значи вистинска издржливост и спортска подготвеност. Честитки до сите учесници кои дадоа сè од себе на патеката, а особено до најдобрите на кои Катерина Стојаноска, во име на Градоначалникот на Општина Охрид, им ги додели заслужените награди и признанија. Голема ...
Успешно заврши уште едно издание на турнирот од Јадранската Teqball лига во Охрид, настан кој трета година по ред позитивно ја мапира Македонија на светската текбол мапа. Турнирот беше одличен пример за тоа како спортот, туризмот и локалната заедница можат да функционираат во совршена синергија. На турнирот учествуваа и репрезентативците на Македонија во овој спорт охриѓаните Коста Трифуноски и Димитар Пејчиновски. Димитар освои бронзен ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 8ми до 14ти Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Железничка“ бр.96 – „Галичица“ бр.1 – „Бистрица“ – „Радојца Новичиќ“ – „11ти Октомври“ бр.1 – „Гоце Делчев“ бр.367 – „Димитар Влахов“ – „Богомилска“ – „Карпош Војвода“ ...
На 14.06.2026 година, во Втората недела по Педесетница и на денот кога Светата Црква го празнува споменот на светиот маченик Јустин Философ, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм посветен на свети Јован Крстител во с. Кнежино, Кичево. Со овој свечен чин беше означен почетокот на изградбата на новиот Божји дом, кој ќе претставува ...
Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архијереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек и го крсти овој човек со името Анастас. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. Заради ова беше обвинет ...
По завршувањето на Светата Литургија во Соборниот храм „Св. Никола“ во Враништа, беше упатена честитка до ученичката Михаела Милеска за освоеното прво место на Републичкиот натпревар по физика. Во име на Православна Младина, отец Ристе Наумоски ѝ го честита големиот успех, истакнувајќи дека нејзината посветеност, труд и постигнати резултати претставуваат гордост за семејството, училиштето и целата заедница. На младата ученичка ѝ беа упатени ...
Овој викенд на олимпискиот базен „Так Дафа“ во Драч, Албанија, се одржа 5-тиот интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“, во одлична организација на Пливачкиот клуб Теута. Нашиот клуб имаше успешен настап, при што сите пливачи ги подобрија своите лични резултати. Честитки и за Лина, Христина, Кирил, Кален, Филип, Калин, Дамир, Филип и Мартин, кои го претставија клубот во одлично светло, а на Анастасија ѝ посакуваме уште многу ...
Свети Еразмо е еден од големите проповедници на Христовата вера на овие простори. Тој претрпел гонења и страдања за името Христово, но останал непоколеблив во верата. Со својата молитва, подвиг и чудотворство, свети Еразмо го просветлувал народот, ги укрепувал верните и го проповедал Евангелието во охридскиот крај. И денес, по многу векови, неговиот свет спомен нè собира во молитва, благодарност и надеж. Затоа со радост ве покануваме ...
Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја ...
Исполнивме уште една важна цел за нашите сограѓани. Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти. Жителите од овие две населени места сега имаат директна поврзаност со што им се олеснува секојдневието. Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница. Продолжуваме со уште повеќе работа! Исполнивме ...
Утре во домот на културата во Вевчани КУД ,,ДРИМКОЛ” од Вевчани ќе го реализира својот годишен концерт кој традиционално се одржува секоја година. Темата на концертот годинава е северното игроорно подрачје во Македонија и концертот носи наслов: ,,Од Скопска Црна Гора до Блатија”. На програмата ќе бидат презентирани песна и ора од овие предели, а на сцената ќе настапат 125 уметници на Дримкол. На концертот како гости ќе учествуваат и ...