
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков тип, и исто како и договорот со Република Унгарија, се потпишува без ...
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници. Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести. Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности. И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи ...
Имам чест да ја пренесам оваа изјава во име на 80 делегации, кои се обврзаа за почитување на меѓународното хуманитарно право и заштита на цивилите во вооружени конфликти, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис од ОН во однос на грчката иницијатива за заштита на цивилите во воените конфликти, потпишана и усвоена од 80 земји, меѓу кои и нашата. Иницијативата на Грција е во рамките на грчкото претседателство со Советот ...
Вискоката претставничка на ЕУ за надоврешна политика Каја Калас денеска е во Скопје како дел од својата посета на регионот. Вчера во Белград рече дека за Србија не постојат скриени патишта до членство и се очекува истата порака да ја пренесе и на македонските власти.Ова е сосема различна изјава од пред две недели кога рече дека имаат план „Б“ за прием на Украина доколку Унгарија ќе стави вето. Каја калас е Естонка најпозната е по омразата кон ...
Данела Арсовска: Жалам што првиот човек на Владата се уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување против дивоградби има општинскиот градежен инспектор. Таков инспектор има општина Чаир и сите други скопски општини како посебни единици на локалната самоуправа во рамки на градот Скопје. Градот Скопје е ...
Добро де, во случајов ме наградува Претседателката со амин од вмровската свита, ама тоа нели се подразбира дека така треба да биде, вели Трајко Славески за АХА. Рибаро По три и пол години седење во удобната фотелја во Град Скопје, исцрпно блокирање на сè што може во градот и жртвување на нервниот систем на скопјани, навистина не знам како станувам гувернер на Народна банка? Ваљда кога ќе го закочиш главниот град доволно долго, заедно со нашата ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно го поднесоа предлог Законот за поддршка и рехабилитација на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани овој пат по редовна постапка. Иницијаторите велат дека сакаат да испратат јасна порака дека ова не е политички закон туку ова е човечки закон. Овој закон не смее да биде предмет на дневно-политички калкулации и тој треба да биде предмет на општествена советст, морална ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %. Зголемување на ...
Насир Селими: Држава која постојано се задолжува со финансиски средства не е добар потег, особено кога ги позајмува овие ресурси од надворешниот финансиски пазар. Што се однесува до последново задолжувањето, тоа нема врска со задолжување од меѓународниот финансиски пазар, туку од владата на една држава, што стана вообичаена практика на оваа влада (претходното задолжување беше од владата на Унгарија). Исто така за јавноста е доста нејасно под кои ...
Во следните два дена ќе ги посетам Србија, Косово и Северна Македонија и ќе се ангажирам со владите и граѓанското општество за нивниот пат кон ЕУ, објави утрово на Икс високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на официјалниот дел од нејзината работна посета на Белград. Дијалогот Белград-Приштина е неопходен за да се движиме напред. Сега е време повторно да се ангажираме, додаде Калас. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека со новото задолжување, „секое новороденче во следните 25 години непосредно после раѓањето ќе должи 6.000 евра“. Дополнително, според анализите на СДСМ, јавниот долг ќе надмине 115% од БДП – „што е полошо и од грчката криза од пред ...
Лизгање на земјиштето на локален пат и мали штети на објекти, предизвика земјотресот со јачина од 6,1 степени што утрово беше регистриран во морскиот дел на околу 60 километри северно од островот Крит, а според грчките сеизмолози нема простор за загриженост. Училиштата на Крит ќе останат отворени, засега не постои опасност од цунами, а претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за грчките ...
Граничните служби на Украина велат дека спречиле околу 49.000 регрути да избегаат од земјата откако Русија ја нападна пред повеќе од три години. Околу 45.000 биле приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијален премин или за време на проверки во граничните области, изјави портпаролот на Државната гранична служба Андриј Демченко. Вкупно биле откриени речиси 900 групи чие бегство било организирано од шверцери. Според Демченко, ...
САД го прифатија луксузниот авион „Боинг 747“ – подарок од Катар, а од американските ВВС е побарано да утврдат начин за брза надградба за употреба како нов „Ер Форс 1“, јавија американските медиуми. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го одобрил прифаќањето на авионот вреден 400 милиони долари и им дал задача на американските воздухопловни сили да најдат начин брзо да го надградат за употреба како официјален авион на американскиот ...
Повеќе од 50 македонски интернет медиуми одлучија да ги напуштат агрегаторите на вести, како „Тајм.мк“ откако вчера на средба зазедоа заеднички став дека добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите, за преземање содржини без надомест, се неприфатливи. Потписниците на овој став и тие што подоцна се придружија бараат да бидат отстранети од агрегирање од денеска, 21. мај. Бројот на интернет медиумите кои се придружуваат кон ...
Јована Тренчевска: Стратешки договор со Велика Британија ни се претставува како нешто што државата до сега го нема видено! ТОЧНО! Нит сме се задолжиле со 6 милијарди евра до сега нит мигранти сме примиле! Ако се додаде таа една милијарда од Унгарија доаѓаме до 7 милијарди евра задолжување. Резултати 0! За граѓаните! За поединци 100% добивка! Цената за овој “стратешки договор” ќе ја плаќаме сите ние! Како што го плаќаме и Унгарскиот кредит. Кај ...
Со скромна, но значајна церемонија, Општина Чаир денес во Паркот „Украина“ ја организираше поставката на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за рефлексија за трагичните последици од војните и неправдите. Настанот беше реализиран во соработка со Амбасадата на Украина во Скопје, со присуството на амбасадорката г-ѓа Лариса Дир, која ја нагласи важноста на пријателството ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен во општина Чаир и обвини дека се гради дивоградба. Според Данела никаде нема овластени лица од општината која ја предводи градоначалникот Висар Ганиу. „Во општина Чаир, спротивно на закон си почнале нова дивоградба. За жал до моментов не реагира МВР. Го повикуваме министерот Панче Тошковски да реагира, но и Стојанче Ангелов да ги види овие необезбедениве дупки. Да се излезат на лице ...
Бранимир Јовановиќ: Колку се проблематични ваквите проекти, најдобро се гледа од унгарскиот заем. И него го најавуваа помпезно уште пред да стапат на власт, ги криеја деталите од очите на јавноста, не консултираа ни професори, ни невладини, ни никој во процесот. И сега, една година откако беше најавен заемот, не гледаме ама баш ништо од него. Тоа мислам дека ќе се случи и сега. Ќе се тресе гората неколку месеци, а нема ни глувче да се роди. ...
Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми. Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА. Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи ...
Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование за денес, во 18:30 часот, поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на блокадите. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност со ...
Владата на САД очекува Русија да ги презентира своите услови за постигнување прекин на огнот во Украина, што ќе помогне подобро да се разбере ставот на Москва, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Колку што разбираме, Русите подготвуваат список на услови под кои би биле подготвени за прекин на огнот, што би отворило пат за пошироки преговори. Ги чекаме тие услови – рече тој. Рубио рече дека тоа ќе создаде можности за пошироки ...
За првпат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите, објави денеска Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ. Работно ангажирано лице согласно овој закон, може да биде: лице кое не е во работен однос; вработено лице; самовработено лице; лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос; студенти; ...
Разговори за меморандум и „можен иден“ мир тешко можат да претставуваат цврста основа врз која брзо би се изградил траен договор. Минатата година Доналд Трамп вети дека ќе го заврши војниот конфликт во Украина за „24 часа“, анализира Би-Би-Си. Минатата недела изјави дека судирот нема да се реши сè додека тој и рускиот претседател Владимир Путин не можат лично да се сретнат и да ги „продискутираат“ работите. Во понеделникот, повторно се случи ...
Заканата за повлекување е класичен потег на преговарач. Но, со оглед на екстремниот скептицизам на администрацијата за помош на Украина, ова можеби не е блеф. Си-Ен-Ен Толку за „силата на личноста“ на Доналд Трамп, која го принудува рускиот претседател Владимир Путин да докаже дека сака да ја заврши војната во Украина. Надуениот телефонски повик на претседателот со неговиот руски колега во понеделникот главно послужи да се истакне колку далеку е ...
Нужно е да се откажуваме не од тоа што го имаме, туку од тоа што сме. Да, да, да! За да го охрабри човекот на смрт, оној што интервенира со мисли, бара од него да се откаже од целокупното материјално богатство. Тоа мора да биде стремежот на Македонија како основа за освојување на новата димензија на постоењето. Бранко Тричковски Како да му дадеме вистински одговор на лажниот дух на жртвувањето. Да го погодиме срцето на нарцистичкото задоволство ...
Во моментов во игра се два плана за Украина. Едниот на Трамп објавен пред еден месец за прекин на огнот, па американско признавање на Крим, укинување на американски санкции кон Русија.., по што реагираше Европа и го направи својот план од 22 точки во наводна соработка со САД. Тој план засега не е објавен, а Путин одби да го прими Стив Виткоф, кој требаше да му го презентира. Можеби европскиот план е поригорозен за Русите. Мирче Адамчевски Смешни ...
Статус кво во мировните напори на Русија и Украина не се промени по разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак. Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор, за време на кој рускиот лидер одби да се согласи на прекин на огнот и наместо тоа ја изјави својата подготвеност да преговара за „меморандум во врска со потенцијален иден мировен ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во изјава за медиумите не го откри името на кандидатот што ќе го предложи за иден гувернер. Таа рече дека веќе знае кој ќе биде предлогот за иден гувернер на Народната банка. Не го кажувам прво името пред новинарите, се надевам дека не се лутите, но веќе мислам дека знам. Со право се создаде дебата и прашања, но сепак мислам дека е нешто што треба да се практикува за секоја функција – да седнете ...
Собранието денеска ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се и оставките на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили. Заменик претседателката на Собранието Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не ...