
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Од партијата Левица најавија тужба против Петар Богојески за клевета и навреда, како и кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на политичка припадност. Најавата за тужба доаѓа откако Богојески на својот Фејсбук профил напиша дека партии како Левица се „Опасни по живот на дечиња… убиваат деца…“. Скандалозните јавни обвинувања дека „Левица убива деца“ (!?) не се само злонамерни, налудничави и целосно ...
Сириската влада објави дека војската влегла во упориштето на Друзите на југот од земјата, што повторно ги разгоре стравувањата од напади врз малцинствата и предизвика нови израелски напади врз силите испратени од Дамаск, пишува Си-ен-ен. Во текот на викендот избувнаа судири меѓу силите на Друзите и бедуинските племиња во јужниот град Сувајда, при што загинаа 30 лица, а десетици беа повредени. Насилството предизвика интервенција на сириската ...
Сириското Министерство за надворешни работи го осуди израелските напади врз „владини институции и цивилни објекти“ во Дамаск, како и во Свеида, по денешните воздушни напади. Откако во израелските напади беше погодена зградата на Министерството за одбрана во Дамаск, како и областа околу претседателската палата, Министерството за надворешни работи соопшти дека неколку цивили се убиени, а десетици повредени. Исто така, соопшти дека имало „голема ...
Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата наводно добила „петка“ за борбата против криминалот и корупцијата. Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со корупција и дека напредокот е недоволен. Владата не доби ...
Деведесет пријави за неправилности во здравствениот систем од граѓани од сите градови, а најмногу од Скопје, досега се евидентирани на веб страницата на Министерството за здравство. Ова денеска го истакна министерот за здравство Азир Алиу, кој рече дека нивна работа е да процесираат до моментот кога ценат дека навистина во тие пријави има индикации дека треба да се продолжи со постапката. Досега само две од 60 процесирани се информации кои имаат ...
Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни докази дека дел од пожарите се подметнати, а имаме и соодветни докази поврзани со организирани ...
Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕДМО) формира нов регионален центар, чија задача ќе биде да ги поддржи Украина и Молдавија во борбата против дезинформациите. Центарот, наречен ФАКТ, ќе ги открива и анализира манипулативните и дезинформациски кампањи, особено по потекло од Русија, а во тие рамки ќе ги следи и состојбите во Молдавија во пресрет на есенските парламентарни избори, со цел да придонесе за обезбедување на интегритетот на ...
Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат. Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%). Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Евростат не ...
На фронтовската линија вчера во Украина, 15 јули, имаше 171 борбен судир меѓу украинските одбранбени сили и руските окупатори. Според Укринформ, ова го објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук во врска со ситуацијата од 8:00 часот наутро во среда, 16 јули. Вчера, Русите започнаа два ракетни напади и 54 воздушни напади врз позициите на украинските единици и населените места, користејќи две ракети и исфрлајќи 86 наведувани ...
Венко Филипче: Ајде да видиме по кои предмети. Луѓето сакаат систем. Има ли систем во платите? Ајде да го тргнеме прашањето со Бугарија малку, затоа што луѓето живеат секојдневие. Има ли раст на платите? Ние ја зголемивме од 8 илјади денари, неколку пати се зголеми. Сега е 24.000 денари, минималната плата. Дали е доволно? Дали е законот бетон и не може да се смени? Не, треба да се менува согласно потребите на луѓето. Дали има инфлација поголема, ...
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. Да се биде полицаец е повик а не ...
До 08:00 часот утрово во земјава се евидентирани 21 пожар, од кои активни се два, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес каде што годи мешана шума, како и во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што огнот зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е ставен ...
Илјадници Авганистанци се преселиле во Велика Британија како дел од тајна шема воспоставена откако нивните лични податоци „протекоа“ во јавноста по грешка на британски функционер, објави Би-Би-Си утрово. Протекувањето на податоците се случило во февруари 2022 година, кога речиси 19.000 лица, кои аплицираа за преселување по пристигнувањето на талибанците во Авганистан, станаа достапни онлајн. Владата дозна за инцидентот во август 2023 година кога ...
Најголем дел од исполнетите препораки веќе биле оценети за исполнети во извештајот во 2023 година. Тоа што е сработено меѓу крајот на 2022 г., кога претходната влада го испратила последниот извештај, и крајот на 2024 г., кога сегашната влада испратила податоци за извештајот од 2025 година, е што четири препораки од делумно исполнети станале исполнети. Едната неисполнета станала делумно исполнета. ГРЕКО го затвора петтиот евалуационен циклус за ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека секундарните санкции, кои вчера ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле сериозно да ги погодат големите увозници на руски енергенси, како што се Кина, Индија и Бразил. Мојата порака до овие три земји е: можеби треба подобро да размислите, бидејќи ова може сериозно да ве погоди. Ве молам, јавете му се на Владимир Путин и кажете му дека мора сериозно да се зафати со мировните ...
Данска, Холандија и Шведска денеска потврдија дека ќе учествуваат во купувањето оружје за Украина, во согласност со планот на американскиот претседател Доналд Трамп. Данска е „апсолутно подготвена“ да се приклучи на програмата и ќе даде финансиски придонес, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен пред состанокот со неговите колеги од Европската унија (ЕУ) во Брисел. Холандскиот министер за надворешни работи Каспар ...
Израелските воздушни напади во Појасот Газа од утрово убија 23 цивили, соопштија палестински медицински извори. Меѓу жртвите се и тројца цивили кои беа убиени во израелски напад со дрон во близина на училиштето Шабан ал-Рајес во населбата Ал-Туфа, источно од градот Газа, објавија палестинските медиуми. Тимовите за цивилна одбрана соопштија дека 14 лица се водат како исчезнати под урнатините на куќа во областа Ал-Зарка во Ал-Туфа, која вчера беше ...
Јане Алтипармак: Пресудата за свирепото убиство на кучето Феликс е важен, и одамна задоцнет чекор кон цивилизирање на нашето општество. Ова не е само правда за едно невино суштество – ова е порака дека не може повеќе да поминува неказнето насилството врз животните. Оваа затворска казна нема да му го врати животот на Феликс, но може да спаси други. Може да ги натера обесчовечените да застанат, барем за миг, пред повторно да посегнат по сечило, по ...
Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сè додека Западот не се согласи на мировни преговори под руски услови, а неговите територијални претензии би можеле дополнително да се прошират ако руските сили продолжат да напредуваат, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ. Според овие извори, Путин не е импресиониран од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции и верува дека и руската војска и економија ...
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор. Како што соопштуваат од Кривичен суд, одлуката следува откако судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно ...
Активни се шест пожари на отворен простор заклучно со 12:30 часот, од вкупно девет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се три пожари на отворено. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Дојран кај с. Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Чучер-Сандево кај с. Горњани каде е опожарена нискостеблеста шума, во Oпштина Велес кај селата Џидимирци и Крушје гори мешана шума, во ...
Струшката полиција поднесе кривична пријава против доктор во Општата болница, кој со несовесно работење го оштетил буџетот на установата за околу два милиони денари, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против К.С.(42) од Струга, вработен доктор во ЈЗУ „Општа болница“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата. Тој, постапил спротивно на член 144-а ...
Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во ексклузивен телефонски разговор за Би-Би-Си изјави дека е разочаран, но се уште не „завршил“ со Владимир Путин. На прашањето дали му верува на рускиот претседател, Трамп одговори: „Не му верувам на речиси никого“. До разговорот за британскиот јавен сервис дојде само неколку часа откако американскиот претседател ја објави најавената „важна вест“ за испорака на оружје во Украина и се закани со строги ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како и против неколкумина вработени во оваа општина. Во пријавата се наведува дека во општина Чаир наводно се користела фалсификувана деловодна книга во која се евидентирале барањата за легализација на дивоградби. Согласно содржината на пријавата, граѓани кои ...
Венко Филипче: Во Кочани се сретнав со членовите на СДСМ и граѓаните. Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија се огромни. СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка. Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц. Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц. Руте ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран, но не и дека „завршил“ со Владимир Путин, во ексклузивно телефонско интервју за Би-Би-Си. Кога го прашаа дали му верува на рускиот претседател, Трамп одговори: „Не му верувам на речиси никого“. Разговорот се случи само неколку часа откако американскиот претседател објави испорака на оружје во Украина и се закани со строги царини за Русија доколку не постигне договор за прекин на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека имал многу добар разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата објава за испраќање ново оружје во Украина, додавајќи дека се согласиле во иднина почесто да разговараат за да ги координираат своите чекори. „Беше многу добар разговор. Му се заблагодарив на Трамп за неговата подготвеност да ја поддржи Украина и за понатамошна соработка со цел да се запре убивањето и да ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес предложи актуелниот премиер Денис Шмигалј да биде нов министер за одбрана на Украина. Како што изјави на Телеграм, денес разговарал со вицепремиерката Јулија Свириденко и ѝ предложил да ја преземе функцијата премиер, да ја подобри работата на владата врз основа на нејзиното искуство во поддршката на украинското производство и претприемништво, кое го има како прв вицепремиерка и министерка за ...