
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Пожар избувна синоќа во Зеленоград во Московскиот регион, откако Украина започна напад со беспилотни летала насочен кон рускиот главен град, објавија руските Телеграм канали. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека најмалку 21 украински дрон се лансирани кон Москва. Собјанин додаде дека службите за итни случаи патуваат кон местото на соборените беспилотни летала, без да го спомене обемот на штетата. Руските Телеграм канали ...
Историски подвиг на доктор Сашко Кедев – стана првиот Македонец кој успеал да се качи на сите 14 планински врвови над 8000 метри надморска височина. Тој беше дел од тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“, кој успешно го искачи Гашербрум I (8.080 м) во Пакистан. Во тимот беа д-р Сашко Кедев (Македонија), Ванг Жонг (Кина) и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа. Со ова искачување, д-р Кедев го означува ...
Македонските медиуми, како и политичките партии и општеството во целина, се под контрола на неколкумина транзициски олигарси кои своето богатство го штитат со политичките партии што ги контролираат, со судството и другите клучни институции во државата со кои управуваат од длабоката сенка на луксузот и богатството што го стекнале на, најблаго кажано, крајно сомнителен начин, и со медиумите, академските институции и невладините организации што се, ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, во име на семејствата на трагично загинатите деца, испрати јавно соопштение со кое категорично го демантира премиерот Христијан Мицкоски и ја повикува Владата да ја објави целосната видео-снимка од состанокот што се одржал на 7 јули 2025 година. Во продолжение, ви го пренесуваме соопштението во целост: Почитуван Премиере, Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно ...
Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила. Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави ...
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје. Почитувани скопјани, почитувани медиуми, Денес стојам пред вас со силно чувство на чест, но и голема одговорност. Ви благодарам на сите кои изминатите денови ми дадовте доверба и поддршка да бидам кандидат за градоначалничка на градот во кој сум родена, порасната, каде го формирав своето семејство и кој го сакам со сето срце. Ви благодарам ...
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со куп вработени во градот Скопје се појави пред Обвинителството за гонење организиран криминал со два багери покрај информативна табла со назив на објектот „безбедна дивоградба“. Арсовска со денови алармира дека институциите не постапуваат по нејзините пријави за сто и педесет дивоградби во Општина Чаир за кои обвинува дека примарната цел е преку нив да се исперат пари. Го повикувам Ислам Абази од ...
Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49.обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција. Претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово, Српската листа и коалицијата Алијанса за иднината на Косово НИСМА одбија да предложат членови на изборната комисија и не учествуваа во гласањето за формирање на изборната комисија. ...
Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави гласаше за продолжување на воената помош за Украина, објави синоќа конгресменот Дон Бејкон. Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан. Законот треба да биде разгледан во Сенатот, каде може да биде изменет, усвоен во сегашната форма ...
Бранко Тричковски: Порано мислев дека тој го смета идентитетот за бесценета категорија затоа што од него ги има избркано луѓето. И во тој случај мислев дека оценката е неточна и глупава, но во последно време, а особено по неговата средба со родителите од Кочани, гледам дека тој ја смета таа недофатливост на духот за бесценета затоа што е составена од луѓе кои тој наумил да ги задуши со испумпувањето на нивниот дух, како глава под пластична кеса. ...
Скандалот во М-НАВ, клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, станува уште една партиска испостава на власта, обвинува СДСМ. Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ ветувала мерит систем, а спроведува бруталната и скандалозна партизација на институциите. Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС ...
Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот ќе почне во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. Четири месеци по најголемата трагедија во поновата историја на нашата држава, ние, родителите и семејствата на трагично починатите деца, Ве известуваме дека 19. 7 ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“. Санкциите се насочени кон банкарскиот, енергетскиот и воено-индустрискиот сектор на Русија, вклучително и со ново, динамично ограничување на цената на руската нафта. Притисокот останува активен и ќе трае додека Путин не ја запре ...
Ана Чупеска: Не сум чула поморбидна сентенца, од онаа за чинење на цената за згаснатите животи. И, ова, не е обчина реплика во некој си хорот филм, туку е, ни помалку ни повеќе сентенца на премиерска фигура! Нема начин овој институционален хорор да биде оправдан со лигавења за полтичка прагма. Никаде нема такво нешто, па ни овде неможе да има! Премиеру, ќе мора да им се извините на жртвите и нивните семејства – јавно, гласно и со покајание! ...
Престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат ...
Голем пожар избувна утрово во близина на селото Бол на хрватскиот остров Брач, што доведе до евакуација на еден хотел и еден камп, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети. Успеавме да евакуираме еден хотел и еден камп без сериозни последици, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров за секретар на Советот за национална безбедност и одбрана. Улогата на Советот е да ги координира прашањата за националната безбедност и одбрана и е составен од врвните политички, безбедносни и одбранбени шефови во земјата. Рустем беше министер за одбрана до реконструкцијата на владата на Украина, кога беше заменет од поранешниот премиер на ...
Денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп ќе се одржи на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема. Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од сојузничка Турција. Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко ...
Во изминатото деноноќие се евидентирани 33 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четити се под контрола, а 28 се изгаснати, соопшти узиутринава Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот кај село Нивичино во Општина Василево каде што годи нискостеблеста шума. Под контрола се пожарите кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, кај Николич во Општина Дојран, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, како и ...
Дваесет и седумте земји-членки на ЕУ се согласија за 18-ти пакет санкции насочен кон Русија за инвазијата на Украина, изјавија денеска неколку дипломати за ДПА. Пакетот санкции е насочен кон финансискиот и енергетскиот сектор на Русија и доаѓа како одговор на одбивањето на претседателот Владимир Путин да се согласи на безусловно примирје во Украина. Словачка го блокираше пакетот, наведувајќи загриженост во врска со увозот на гас, но премиерот ...
Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на финансирањето на јавните медиуми и странската помош за девет милијарди долари и го испрати во Белата куќа за потпис, објавија светските агенции. Домот гласаше со 216-213 за усвојување на законот, кој веќе беше одобрен од Сенатот претходно во текот на денот. Законот предвидува намалување на трошоците во вкупен износ ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, „јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“, рече Мицкоски вечерва во интервју за ТВ Канал 5. Според него, предлозите „сегашен“ и „модерен“ не се ништо освен асимилација. Ако е цената e асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам ...
Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за како би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, ...
Владата на Република Северна Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули. Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот ...
Андреј Жерновски: Многу едноставно, директно и конкретно: ДАЛИ Е ОВА ВИСТИНА ИЛИ НЕ? Крајно сум загрижен што, барем до овој момент, нема никаков демант ниту коментар од страна на Мицкоски или од страна на ВМРО- ДПМНЕ. Останува да почекаме и, сепак, да дадеме време и простор за негова реакција. Во спротивно, ако оваа вест се потврди како вистината, тогаш е повеќе од јасно дека останува само еден потег кој Мицкоски може и мора да го направи! ...
Ана Василевска: Како бе Агатангел, црквата и остали божји чеда, не се фатат малце за страотната сиромаштија, неправдите, страдањата, коруптивните трагедии, туку тераат “високи политики”? Многу материјален мајндсет за едни битиа што треба да се духовни, или плацевите кај Холидеј итн. на МПЦ и сличните богатства мора да се сочуваат? Религијата е опиум за народот, а би додала заедно со десничарска политичка партија, вистинско екстази!!! Извор: ...
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница даде позитивно мислење за Предлог одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, до 31 јануари 2026 година, за подрачјето на Општина Гази Баба во врска со обезбедувањето на Казнено поправниот дом Идризово. Како што се наведува во документот доставен до Комисијата, Предлогот за продолжување на кризната ...
Ниту денес, во 48-от обид, пратениците не успеаја да го конституираат Собранието на Косово, бидејќи ниту овојпат не беше формирана комисија за тајно гласање за претседател на Собранието. Од 100 присутни пратеници, за формирање на комисијата гласаше 51 пратеник. Пред гласањето, пратеникот од Демократската партија на Косово, Рашит Ќалај, побара збор, но претседавачот на Собранието, Авни Дехари, побара да ја напушти говорницата и на службата ѝ ...
Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски – Штекли. Како што информира судијата Илија Трпков, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што итно требало да биде пренесен во Клиничкиот центар. Такви напади, како што дополни, имал и во текот на вчерашниот ден. Денешното рочиште, закажано за 10 ...
Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина. За нејзиното именување гласале 262 од 450 членови на Врховната рада. Таа доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Шмихал ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Рустем Умеров, за кого се смета дека ќе стане нов амбасадор на Украина во ...