ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, ќе работи по неделен возен ред. Во недела (7.2025 година), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар, додека во понеделник (8.09.2025 година), дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортен центар. Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во интервју за официјалниот медиумски канал на неговата партија Христијанско-демократска унија, изрази загриженост дека Европа не ја исполнува својата улога на светската сцена и не ги штити соодветно своите интереси. Тој како пример ја посочи војната во Украина Во моментов, не сме во можност да извршиме ефикасен притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин да ја запре оваа војна. Зависни сме од ...

Најмалку осум странски државјани се меѓу загинатите при излетувањето од шините на фуникуларот „Глорија“ пред два дена во Лисабон, соопштија португалските власти. Меѓу жртвите се двајца Канаѓани, двајца Јужнокорејци, еден Американец, еден Швајцарец, еден Германец и еден Украинец. Според полицијата, националноста е утврдена врз основа на лични документи, комуникации и контакти со блиски лица. Португалската обвинителска служба претходно ...

Денеска се навршуваат 16 години од трагедијата на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД ги предупредиле другите земји дека признавањето на палестинска држава ќе предизвика повеќе проблеми. „Им кажавме на сите овие земји, им кажавме на сите, ако се впуштите во оваа приказна за признавање, сè е лажно, дури не е ни реално. Ако го направите тоа, ќе создадете проблеми“, рече Рубио од Кито, каде што се сретна со еквадорскиот претседател ...

Неколку дена по разорниот земјотрес во источен Авганистан, бројот на жртви продолжува да расте, при што властите на талибанците и авганистанската Црвена полумесечина соопштија дека досега загинале околу 2.200 лица, а над 3.600 се повредени. Акциите за спасување сè уште траат, но многу од погодените области се тешко достапни, што ја отежнува итната помош и извлекувањето на жртвите, соопштуваат хуманитарните организации. Светската здравствена ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека територијални отстапки на Украина само ќе доведат до тоа рускиот претседател Владимир Путин да ги искористи освоените територии како отскочна даска за нови офанзиви. Некои медиуми тврдат дека ако украинските војници се повлечат од источните региони на нашата земја, мирот би се вратил. Тоа не е вистина. Путин изврши инвазија на Крим за да го искористи како отскочна даска и да го ...

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба. Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на ...

Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување. Двајца од повредените починале ноќеска во болница, изјави пред новинарите Мархарида Кастро Мартинш, раководителка на Службата за цивилна заштита на Лисабон. Со ова бројот на повредени изнесува 21 лице. Мартинш не ги откри имињата и националноста на загинатите, наведувајќи дека прво ќе бидат известени нивните ...

По утрешниот Самит на Коалицијата на подготвените, што ќе се одржи во Париз, учесниците телефонски ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Елисејската палата. Самитот е закажан за утре во 10 часот и 30 минути, а во Париз, покрај францускиот претседател Емануел Макрон ќе бидат и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Додека ...

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Москва е неприфатлив, соопшти денес украинската влада. Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, изјави дека најмалку седум земји, вклучувајќи ги Австрија, Ватикан, Швајцарија и три земји од Заливот, се подготвени да бидат домаќини на средба меѓу Зеленски и Путин, пренесува Ројтерс. Ова се сериозни предлози и ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ ...

Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“. Мерц, во интервју што вчера беше емитувано, нагласи дека за таквите луѓе „нема простор за попустливост“. Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина или дека Путин издал наредби ...

Израелската армија денеска влезе во густо населената населба Шеик Радван, во градот Газа, а војниците и тенковите сега се на само неколку километри од центарот на градот, и покрај меѓународните повици за запирање на офанзивата, јавуваат британските медиуми. Жителите на градот Газа изјавија дека армијата уништила домови и шаторски кампови во кои биле сместени раселени Палестинци за време на речиси двегодишната војна, додека здравствените ...

Израелски дронови исфрлиле четири гранати во близина на мировници на Обединетите нации, додека тие расчистувале блокади на патиштата што го попречувале пристапот до нивна позиција во јужен Либан, соопштија Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ). „Ова е еден од најсериозните напади врз персоналот и имотот на УНИФИЛ од постигнувањето на договорот за прекин на огнот во ноември минатата година,“ се наведува во соопштението. Една граната паднала ...

Бранко Тричковски: Најновте податоци на Евробарометар покажуваат дека 48 отсто од граѓаните на Европската унија го поддржуваат членството на Северна Македонија во Унијата, додека 40 отсто се против. Тоа значи дека со оваа темпо на освињување на надворешната и внатрешнага политика којзнае кога ќе стигнеме макар до над педесет отсто од граѓаните на ЕУ да бидат против влезот на РСМ. Мицко и комедијантите од таканаречената влада направија многу, ...

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. На програмата утре се филмовите „Денес треба нешто да се случи“ ...

Секој траен мир во Украина бара посилна украинска армија, но и безбедносни гаранции од пријателите и партнерите на Украина, САД, Европа и другите, изјави денеска во Луксембург генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург, Лук Фриден, генсекот на Алијансата рече дека фокусот е на средбата на претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, со цел да започнат ...

– Бројот на работниците во индустријата во лули годинава е намален за 3.8% во однос на јули 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %. Според главните индустриски групи, бројот ...

Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови. „Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува групи од 44 земји со 20 бродови. Некои од бродовите на Глобалната ...

Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан. Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си. Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри ...

Јасна Бачовска Недиќ: Кога го оценуваме знаењето на нашите ученици, честопати се соочуваме со избор помеѓу два метода. Едниот метод е фокусирање на откривање што не знаат и Вториот метод е истражување и вадење на површина на она што го имаат совладано и го знаат. Првиот метод е како да бараме грешки, додека вториот метод е како да бараме потенцијал. Драги колеги, ајде да бидеме учители кои откриваат потенцијал. Со нагласување на она што ...

Во ноќта помеѓу 30 и 31 август 2025 година, украински беспилотни летала извршиле прецизен напад врз аеродромот во Симферопол, еден од клучните руски воени центри во окупираниот Крим. Првите извештаи за нападот се појавија на социјалните мрежи и каналите на Телегра каде што локалните жители пријавија експлозии и густ црн чад што доаѓа од правец на аеродромот. Групата на Телеграм „Военни осведомител“ објави сателитски снимки на кои се гледаат ...

Емилија Целакоска: Во социјалистичка Македонија, во комунизмот, внимавајте, ги купувавме учебниците, и тоа, неколку дена, недела – две порано, на старо, но зачувано, или на ново од книжарите. Логично, имаше социјални мерки за тие што ептен немаа да си купат. Ги вртевме страничките гледавме што ќе учиме, ја запознававме книгата од секој предмет релаксирано, пред да почне учебната година. Додека да почне школото, веќе бевме скоро вљубени во ...

Стапката на невработеност во ЕУ во јули годинава изнесувала 5,9 отсто, што е претставува намалување како во однос на јуни, така и споредено со истиот месец лани, кога невработеноста изнесуваше по 6,0 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. На ниво на Еврозоната, пак, јулската стапка на невработеност изнесувала 6,2 отсто, што претставува намалување во однос на претходниот месец кога таа изнесуваше 6,3 проценти. На ...

Секоја земја избира дали сака да се приклучи на ЕУ или не. Проширувањето е во интерес на Унијата – посилна, побезбедна и поконкурентна ЕУ значи посилна Европа во светот, изјави Фон дер Лајен за време на нејзината посета на фабриката за одбрана ВМЗ во Сопот, Бугарија. Претседателката на Европската комисија испрати порака дека проширувањето на ЕУ во Западен Балкан ќе зависи исклучиво од заслугите на секоја земја-кандидатка. Секој кандидат ќе ...

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Американскиот геолошки институт објави дека потресот се случил во 23:47 часот (локално време) во планинската провинција Кунар, на 27 километри североисточно од градот ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи в среда (3 септември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. Кампањата започна во септември 2022 година и досега беа претставени вкупно 24 современи македонски автори и исто толку дела. Проектот, низ ...

Горан Волканоски: За државнички политики треба државништво, треба карактер, треба љубов кон државата која се води. И она што е клучно. Да се стават државните интереси над партиските. Вмро-дпмне, минативе 35 години покажа дека никогаш не ги ставала државните интереси на прво место. И, после сите нивни политички потези, дефинитивно покажуваат дека не сакаат еден ден Македонија да стане членка на ЕУ. Причините се јасни. Евроинтегративниот процес ...

Едно лице е убиено, а 12 се повредени во руските гранатирања на Херсонската област на југот од Украина, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител. На 31. август 2025 година, руските трупи го нападнале Херсонскиот регион користејќи артилериски системи и беспилотни летала, се наведува во извештајот. Десет цивили беа повредени во различни делови на Херсон, а уште двајца во селото Билозерка, пренесува Укринформ. Нападите оштетија приватни ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
77%
1006
weather icon

Загреб

1ᴼ / -2ᴼ
0.0
86%
1004
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.69
96%
1011
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
88%
1004
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
88%
1008
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1008
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
94%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
90%
1006
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1010
Currency

61.63

Currency

52.4152

Currency

70.7683

Currency

35.8859

Currency

38.002

Currency

66.3324

Currency

7.51664

Currency

0.68973

Currency

0.3304

Currency

0.52446

Currency

1.20862

Currency

0.57032

Злато

147776.72

Рутениум

45750.51

Паладиум

57453.38

Сребро

2897.70

Цинк

3.20

Алуминиум

3.13

Иридиум

198077.91

Родиум

324722.54

Бакар

11.75

Калај

49.66

Платина

74080.83

Кобалт

62.83