Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Семејството Болсонаро има нов претседателски кандидат во Бразил Со недели најблиските советници на Жаир Болсонаро предлагаа алтернативи. Поранешниот претседател на Бразил, кој отслужува 27-годишна затворска казна за обид за државен удар по поразот на изборите во 2022 година, бараше наследник да го предводи во годинашната претседателска трка популистичкото движење што тој го создаде. Неговите сојузници зазедоа јасен став, сметајќи дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше меѓу Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, каде го отвори споменикот во чест на македонските херои од овој крај, чиј ктитор беше тој. Мицкоски пред нашинците истакнал дека на Македонија денес и е повеќе од сè потребно обединување околу нациналните интереси и иднината на нашите деца. – На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, порача дека е потребна „практична и конкретна имплементација“ на пресудите на Европскиот суд за човекови права, а не само декларативни чекори. Зборувајќи за случаите поврзани со Бугарија, тој истакна дека постојат 17 пресуди што сѐ уште не се целосно спроведени, но дека во последната година има ограничен напредок. Берсе најави дека прашањето ќе остане под засилен надзор на Комитетот на ...
Редакциски коментар Повод: Изјавата на претседателот на Европскиот совет (ЕС) во обраќањето кон граѓаните на Македонија дека е време да се направи следниот чекор напред, за заедно да изградиме заедничка европска иднина Пораката на Антонио Кошта отвори прашање што Македонија го поставува со децении: Дали ЕУ конечно ќе покаже дека правдата е посилна од уцените? По повод 9 Мај, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, преку видеопорака ...
Дали Вреди понуди визија за држава или нова формула за поделби? Политичката коалиција Вреди, симболично, на Денот на победата против фашизмот во Скопје одржа конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, беше потврден од над 805 делегати на конгресот што се одржа во саботата попладне во Македонската филхармонија. Од Вреди ...
Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д-р Даниловски. – Хантавирусот деновиве стана ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. – Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на ...
Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга. Полициски службеници од СВР – Скопје го лишиле од слобода И.Б., на ...
Медицинските сестри и акушерки се јадрото на здравствениот систем. Без нив е невозможно да се замисли ниту еден процес од превенција, преку дијагноза, па сè до рехабилитација и поддршка на пациентите и нивните семејства, изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешното одбележување во Скопје на Неделата на сестринството, што е од 5 до 12 мај. Петти мај се одбележува како Ден на акушерките, а 12 – ти како Меѓународниот ден на медицинските ...
Светскиот индекс на цените на храната се зголеми трет месец по ред во април, поттикнат од зголемувањето на трошоците за енергија и нарушувањата на пазарот предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, наведе во најновиот извештај Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО во просек изнесуваше 130,7 поени во април, што е зголемување од 1,6 проценти во однос на ревидираното ниво во март и 2 проценти ...
Претседателот на Владимир Путин им се обрати на граѓаните на Русија и присутните на свеченоста на Црвениот плоштад по повод Денот на победата, нарекувајќи го празникот „најсвет и најважен“. Путин истакна дека Советскиот Сојуз имал клучна улога во поразот на нацизмот во Втората светска војна, нагласувајќи дека „советскиот народ ја спаси својата земја и светот“. Тој потсети на страдањата и жртвите за време на војната, наведувајќи дека целта на ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека македонскиот народ бил на вистинската, антифашистичка страна на историјата и дека денес постои обврска да се спротивставиме на секој облик на фашизам и слични идеологии. Во објава на својот Фејсбук профил, претседателката истакна дека 9 Мај е двоен празник за државата, симбол на победата над фашизмот и потсетник на ...
Шпаркасе Банка – пионер во банкарството за млади, ја отвори првата и единствена експозитура за млади во земјата Шпаркасе Банка ја отвори првата експозитура за млади во земјата – Vibe On експозитура за млади, модерен простор создаден по мера на новата генерација и инспириран од нивните реални потреби, навики и начин на живот. Новата експозитура носи поинакво банкарско искуство и претставува место каде што младите нема да доаѓаат само за ...
Минатата, 2025 година беше оценета како многу топла, а според податоците на Светската метеоролошка организација, глобално се рангира меѓу трите најтопли години. Причината е во методот на градење. Асфалтот, бетонот и тулите ја апсорбираат топлината од сонцето и полека ја зрачат, што во екстремни ситуации значи дека градот може да биде до седум Целзиусови степени потопол од надвор. Овој ефект се нарекува урбан остров на топлина. Во сезони на ...
„Куварице, мање збори“ на Јана Јакимовска пред белградската публика Македонскиот КИЦ во Белград е организатор и домаќин на изложбата „Куварице, мање збори“ на Јана Јакимовска. Пред белградската публика, за Јакимовска и за изложбата зборуваше директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам. – Со проектот „Куварице мање збори“, Јана Јакимовска ја поставува жената како субјект што ја везе ...
„Гледање со срцето“ – Билјана Гарванлиева (1973-2016) „Филмската авторка од Скопје беше една од најпроникливите културни медијатори меѓу Балканот и Централна Европа. За својата прецизна и емотивна опсервација, како и за својата аналитичка острина, Гарванлиева освои многубројни меѓународни филмски награди, меѓу кои и Германската награда за краток филм (2007) и Наградата за најдобар документарец „Срцето на Сараево“ (2010). Со смртта на Билјана ...
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија, пренесе МИА. -Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка ...
Коалицијата ВРЕДИ вечерва во Скопје официјално се трансформираше во единствен политички субјект, на Конгрес на кој присуствуваа околу 850 делегати. Лидерите на новоформираната партија порачаа дека станува збор за политичко обединување кое има цел да донесе нов пристап во застапувањето на интересите на Албанците во земјава и да ја зацврсти европската ориентација на државата, пренесе МИА. Ко-претседателот на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир, Изет ...
Во Техеран се разгледува меморандум за разбирање со САД за ставање крај на војната САД и Иран се најблиску до постигнување договор за прекин на војната, како што сугерираат американски претставници, темелејќи го оптимизмот врз меморандумот за разбирање (МОУ) од една страница и 14 точки што иранските власти моментално го разгледуваат, пренесуваат американските медиуми. Документот предвидува прогласување крај на двомесечната војна што ја почнаа ...
Делегацијата на Европската Унија во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје организираше централна прослава по повод Денот на Европа, настан отворен за сите граѓани. Програмата започна со настапи на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, по што евроамбасадорот Михалис Рокас со кратко обраќање официјално ја отвори манифестацијата. На настанот присуствуваа и министерот за европски прашања Беким Сали, министерот за надворешни ...
Полицијата од Велес одзеде автобус со скопски регистарски ознаки откако бил пријавен дека неколкупати се расипал додека превезувал деца кои се враќале од екскурзија. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од родител чие малолетно дете патувало во автобусот, сопственост на правно лице од Скопје. Според пријавата, возилото повеќепати останувало во дефект за време на патувањето. На 8 мај околу 22:50 часот, ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека Владата повторно би можела да преговара со OКТА за продолжување на попустите на горивата и по 18 мај, кога истекува актуелниот договор. Според неа, одлуката ќе зависи од движењата на светските берзи и развојот на состојбата со конфликтот на Блискиот Исток. – Следиме што се случува со цените на берзите и со војната. Неколку дена пред истекот на рокот ќе направиме проценка и ако е потребно ...
ОВР Прилеп поднесе известување против средношколец од Прилеп поради сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“, информира Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен. Според МВР, ученикот се претставувал лажно како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница и преку социјални мрежи стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука. Откако ѝ посочила дека комуникацијата со ...
Повеќе државни и локални делегации денеска положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето во Секторот за внатрешни работи Куманово, во чест на осумте припадници на безбедносните сили загинати во вооружената престрелка во „Диво Насеље“ во мај 2015 година. Почит им оддадоа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, претставници на безбедносните служби, семејствата на загинатите, како и делегации од ...
Европа е изградена врз вредности на слобода, еднаквост и демократија, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на свеченоста во Скопје по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Тој истакна дека во услови на глобални конфликти и економски притисоци, Европа мора активно да ги брани своите вредности и дома и надвор од континентот. – Европа е изградена на ветувања за слобода, еднаквост и демократија. Денес мора да ги браниме ...
Денес, во името на победата над фашизмот ја изразуваме нашата вечна признателност кон паднатите херои – оние што со својата крв ја напоиле земјата и ја претвориле во држава. Нивната жртва е темелот врз кој стоиме, нивната борба е светилникот што ја осветлува нашата слобода извојувана против фашизмот и против националното и социјалното угнетување. 9 мај не е само датум во календарот, туку празник на достоинството, ден кога Македонија се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика на обединување околу заедничките цели – подобар живот, посилна економија и праведно општество, нагласувајќи дека на државата ѝ е потребно единство, а не нови поделби. На свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под мотото „Победа, принципи и вредност“, Мицкоски истакна дека силата на македонскиот народ отсекогаш била во заедништвото. – Денес ни е потребно токму ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европска Унија, но нагласи дека нема да прифати „пазар со идентитетот и достоинството“. На свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Мицкоски истакна дека Европа не ја гледа само како географски поим, туку како систем на вредности заснован на демократија, владеење на правото и почитување на ...
Изложбата „Д флај флајс вит дајмонд“ на Марија Милошевска, која ќе биде отворена на 12 мај во 20 часот во МКЦ, не е само естетски чин туку и длабоко метафизичко истражување на човечката состојба. Концептот „Онтологија на трепетот и вечноста“ во рамките на изложбата претставува филозофска рамка што го истражува самиот карактер на битисувањето преку два спротивставени пола. – Овој концепт се заснова на тензијата помеѓу привременото (мушичката) ...
Во пресрет на годинашниот „Војдан Чернодрински“ Десет претстави во официјалната и четири во придружната програма се на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни. Под мотото „Храбриот нов театар“ и тематa „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката директорка на фестивалот и селекторка на програмата Ана ...