ШТО ЗНАЧИ ПОВИКОТ ОД КОНГРЕСОТ НА САД ЗА „ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ“ ВО АМЕРИКА: ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА ИЛИ ОПАСЕН ПРЕСЕДАН? Терминот промена на режим (во оригинал употребен „regime change“ во Конгресот на САД) во меѓународната политика најчесто означува „насилно или надворешно наметнато соборување власт“. За колепката на демократијата, Соединетите Американски Држави, ова претставуваше уште еден во низата политички шокови во јавноста, кои и ...

Соединети Американски Држави доставиле до Иран предлог за мировна рамка составена од 15 точки, заедно со иницијатива за прекин на огнот, со цел намалување на тензиите на Блискиот Исток. Претседателот Доналд Трамп изјави дека иранската страна веќе прифатила еден од клучните услови – откажување од нуклеарно оружје. – Тие се согласија. Тие никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Тие се согласија со тоа- изјави Трамп. Како што објави „Њујорк ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, утрово паднаа за 10-на проценти и споредено со првите пет дена од ...

Со највисоки државни и воени почести, вчера во Загреб беше пречекана македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што официјално започна нејзината дводневна официјална посета на оваа земја. Двајцата претседатели одржаа средба лице в лице, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на хрватската делегација, во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи изјави дека немало преговори со САД во текот на 24-дневната војна, додавајќи дека ставот на Исламската Република за Ормутскиот теснец и условите за завршување на конфликтот остануваат непроменети. Во разговор за ИРНА, Есмаил Багаеи рече дека во последните денови биле пренесени пораки преку неколку „пријателски земји“, што укажува на она што го нарече интерес на Вашингтон за преговори ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Раздвижени дипломати и отворање на комуникациските канали меѓу САД и Иран Според информациите до кои дојде нашиот весник, „директна комуникација меѓу Трамп и ирански претставници не се случила“. Но во добиената информација од брифингот се вели дека наместо директна комуникација на највисоко ниво, „клучната улога ја имаат специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и советникот и негов зет Џаред Кушнер“, кои веќе имаат искуство ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека Владата му нуди на Јавното обвинителство преземање на државниот систем за управување со документи и електронска архива, со цел зголемување на транспарентноста и намалување на можностите за корупција и одолговлекување на предметите. Гостувајќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Андоновски нагласи дека дигитализацијата е клучна за поефикасно функционирање на ...

Со изведување на нови докази и сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. За денешното рочиште обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите вработени во Општина Кочани, пренесе МИА. Воедно, одбраната на ...

Основно јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против три лица за тешка кражба извршена во кругот на фабриката Железара. За едно од обвинетите лица е предложена мерка притвор, додека за останатите двајца се предложени мерки на претпазливост. Според обвинителството, во првите денови од март годинава, осомничените одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на компанија од Кавадарци. При извршувањето ...

Во момент кога Европската Унија повторно ја отвора дебатата за сопственото проширување, сигналите од Берлин стануваат сè погласни и посуштински. Анализата „Следното проширување на Европа“, објавена во угледното германско гласило „Интернационале политик квотерли“ на 18 март 2026 година, открива дека Германија влегува во нова, проактивна фаза – но со сериозни внатрешни дилеми и контрадикции. За земјите од Западен Балкан, вклучително и ...

СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга ...

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска во Загреб оствари средба со премиерот Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и континуиран политички дијалог, како и на конструктивна соработка во повеќе области од заеднички интерес, стои во соопштението од кабинетот на Силјановска Давкова. ...

Францускиот министер за економија Ролан Лескир предупреди дека кризата во Ормускиот Теснец може да прерасне во сериозно економско нарушување од системски карактер, оценувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток веќе предизвикува нов глобален нафтен шок. Обраќајќи се пред пратениците во Националното собрание на Франција, Лескир истакна дека сценариото за краткотрајна криза повеќе не е реално и дека станува збор за длабоко нарушување на ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави дека Украина нема да може да стане членка на Европската Унија до почетокот на 2027 година. Говорејќи на настан организиран од Политико, таа истакна дека е нереално да се очекува членство на Украина до 1 јануари 2027 година, нагласувајќи дека процесот на проширување не може да се врзе со фиксни рокови, пренесе „Анадолија“. Кос посочи дека претседателот Володимир Зеленски инсистира на забрзување ...

Иран ги прекина испораките на природен гас за Турција, откако Израел минатата недела го нападна гасното поле Јужен Парс, објави Блумберг, повикувајќи се на извори. Минатата година Иран учествувал со околу 14 проценти во вкупните испораки на природен гас за Турција. Според истите извори, Турција во моментов продолжува да увезува гас од Русија и Азербејџан, а располага и со сопствени резерви. Засега не е познато кога ќе бидат обновени ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела ќе отпатува во Франција каде што ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз. Главната цел на посетата е да ги убеди сојузниците во оправданоста на американската воена стратегија кон Иран, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, пренесе МИА. Според соопштението, на состанокот ќе се разговара за клучни глобални прашања, меѓу кои војната ...

Војната во Иран ги зголеми трошоците, ја еродираше довербата и го забави растот на производството кај компаниите во Европа и Обединетото Кралство, покажуваат новите податоци од бизнис анкетите. Раниот увид во глобалното влијание на конфликтот врз економиите доаѓа од најновите податоци од Индексот на менаџерите за набавки (PMI), што се темели на анкети меѓу директорите во производствениот и услужниот сектор. – Војната на Блискиот Исток ја ...

Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да се случува. Правичната застапеност во систематизацијата во МВР ќе се запази, за тоа апсолутно никој да нема грижа, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“ за потребата од систематизација во МВР и како ќе се запази правичната застапеност, тој појасни дека законот, кој доби ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека главен приоритет за Украина е обезбедување безбедносни гаранции кои ќе помогнат во завршувањето на војната, пренесува Reuters. Зеленски на социјалната мрежа „X“ соопшти дека детално разговарал со своите соработници за резултатите од состаноците одржани во САД, вклучително и разговорите во Флорида, при што биле разгледани клучните точки, можностите и предизвиците. – Најважната задача е да ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите. Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите, пренесува ...

Русија изрази сериозна загриженост дека конфликтот поврзан со Иран може да се прошири кон Каспиското Море, оценувајќи дека таков развој би имал „исклучително негативни“ последици, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс. Песков истакнал дека Москва внимателно ја следи ситуацијата, особено по извештаите за напади врз иранските поморски капацитети во регионот на Каспиското Море. Според него, Русија е особено чувствителна ...

Иран лансираше повеќе бранови ракети кон Израел, соопшти израелската војска, откако претседателот на САД Доналд Трамп го одложи бомбардирањето на електраните и другата енергетска инфраструктура на Исламската Република поради, како што рече, продуктивни разговори со ирански официјални лица, пренесе Ројтерс. Ракетите ги активираа сирените за воздушна опасност во Израел, вклучително и во Тел Авив, каде што беа направени големи дупки на една ...

Многу е лесно да донесете сет мерки, но треба да внимавате да не ја подгреете инфлацијата. Мерките треба да бидат внимателно анализирани. Не случајно тргнавме со намалување на ДДВ-то. Како ќе налагаат потребите, така ќе реагираме – изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот панел одржан во рамките на меѓународната конференција, што во Скопје ја организира Народната банка. – Треба внимателно да ги следите ...

Во Уставниот суд денеска се одржа тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба?“, на која се обрати претседателот на Судот Дарко Костадиновски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и претставници на меѓународната заедница. Костадиновски нагласи дека воведувањето на уставна жалба е неопходен чекор за зајакнување на заштитата на човековите права, овозможувајќи им на граѓаните директно да се обратат до Судот кога ќе ги исцрпат сите ...

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од Копенхашките критериуми. -Зборувавме за обидот на Македонија, Северна Македонија, како и да ...

„Животот нема рестарт. Оружјето не е игра“. Со оваа порака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го означи почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на малото и лесното оружје, насочена кон младата популација. – Оружјето не е нешто што треба да се романтизира или потценува. Еден момент на невнимание може да остави последици не само врз поединецот туку и врз неговото семејство, ...

Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот суд, за околу 10 отсто вкупно е зголемен конзумот на гориво во земјава. ...

Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполенти – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ и, како што напомена, кога ќе има ...

„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството – вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу ...

Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтентни на ОКТА. -Да, во текот на вчерашниот ден министерката за енергетика имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште едне денар. Така што, од денеска ќе имаме три денари попуст на сите бензиснки пумпи кои се коминтентни ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
65%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 2ᴼ
1.54
49%
1015
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.93
69%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
79%
1020
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
69%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
66%
1016
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
60%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
87%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Кобалт

45.39

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Бакар

12.11

Злато

151336.48

Алуминиум

3.59

Паладиум

46843.64

Калај

50.34

Сребро

2399.81

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

64365.79