Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во Македонија годинава се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден се води како веројатен, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во текот на јули се потврдени пет нови случаи, при што кај двајца пациенти симптомите се појавиле во јуни, а кај еден уште во мај. Најновиот случај е регистриран минатиот четврток. Од вкупниот број заболени, шест случаи се ...
Дали знаете зошто во кафулињата добивате вода со кафето? Причини има многу, а одговорот се наоѓа во 16 век во Турција и Грција, каде што почнала практиката на пиење кафе. Во Западна Европа обичајот се појавил на крајот на 19 век. Иако многумина мислат поинаку, водата што се послужувала со кафето не била наменета за пиење. Причината била – лажичката. Имено, многу жени се жалеле на проблемот со лажичката за мешање на кафето. По мешањето, ...
Марко Видачек од Тетово е избран за претседател на Одборот за хрватско национално малцинство во рамки на Советот на млади на Владата на Хрватска. Со оваа функција, тој воедно ќе ја извршува и должноста потпретседател на Советот. Изборот беше извршен на конститутивната седница на Советот, одржана вчера во Загреб. Како претседател на Одборот, Видачек ќе биде надлежен за прашањата поврзани со хрватските национални малцинства во Австрија, ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Новите цени ќе се применуваат од полноќ, односно од 28 јули во 00.01 часот. Според одлуката, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе поскапи за три денари и ќе се продава по 93 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95 денари за литар. Најголемо поскапување има кај дизелот и екстра ...
Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...
Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (26.07.2026) се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” ...
ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДЕЛОВНИОТ КЛУБ ЗА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ Жените се сè поприсутни на раководни позиции во македонските компании, но нивното искуство, знаење и влијание сè уште не се доволно поврзани и препознаени како значаен потенцијал на бизнис-заедницата. Токму од потребата за создавање професионален простор во кој жените лидери ќе разменуваат знаење, ќе воспоставуваат соработки и заеднички ќе отвораат важни економски и општествени ...
Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп донел одлука привремено да ги паузира нападите врз Иран со цел да се создаде простор за обновување на дипломатските преговори, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц. Во изјава за „Фокс њуз“, Волц рече дека одлуката на Трамп е насочена кон отворање можност за дипломатско решение, но не изнесе дополнителни детали. -Тој остава простор за преговори – изјави Волц. Во меѓувреме, ...
Македонија не е меѓу земјите на кои Соединетите Американски Држави им воведоа дополнителни царински давачки, но тоа не значи дека трговијата со САД се одвива без царини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече дека е потребно да се направи разлика меѓу редовните царински ...
Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот за земјоделство Борче Серафимовски во Прилеп, кој учествуваше на панел дискусијата на партијата „ЗНАМ“. Според ...
Се чини дека смртоносните епидемии го зафатиле светот многу порано отколку што се мислеше, покажуваат новите истражувања. Бактеријата Yersinia pestis станала позната затоа што ја предизвикала епидемијата на бубонската чума, која ја опустошила Европа во 14 век и убила десетици милиони луѓе. Но новите научни истражувања сугерираат дека оваа озлогласена бактерија убивала луѓе многу порано отколку што се веруваше – илјадници години пред да ја ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Македонија. – Првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред ...
Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за приготвување храна. Ќе продолжи испораката на флаширана вода, информира денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Според него, сè уште не немало потврда согласно мерењата дека може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување храна. – По ...
Во историјата на секој народ постојат личности чиешто значење не се ограничува само на времето во кое живееле, личности чиешто дело продолжува да трае низ вековите и чиешто духовно наследство продолжува да го обликува животот на поколенијата. Таков е свети Климент Охридски – нашиот велик светител и просветител, пастир и проповедник, книготворец и песнотворец, и достоен продолжител на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, порача г.г. ...
Општина Куманово ги повика граѓаните и правните субјекти кои претрпеле материјални штети од невремето што го зафати градот во периодот од 20 до 26 јули 2026 година да поднесат барање до Комисијата за процена на вредноста на штетите од природни несреќи и други непогоди. Барањата треба да се достават во архивата на Општина Куманово, а крајниот рок за поднесување е 31 јули 2026 година. -Кон барањето потребно е да се приложат, копија од лична ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за ЕУ во Министерството за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија. Во фокусот на разговорите беа европската интеграција на Република Северна Македонија и актуелните случувања во процесот на проширување на Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна ...
ПОВОД: ГЛАВНИОТ ИЗВЕДУВАЧ НА СТРАТЕШКИТЕ НУКЛЕАРНИ ПРОЕКТИ ВО РЕГИОНОТ НА ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА, „РОСАТОМ“, НАЈАВИ НАМАЛУВАЊЕ НА СВОЈАТА ИНВЕСТИЦИСКА ПРОГРАМА ЗА РЕЧИСИ 50 ПРОЦЕНТИ Амбициозните планови на Казахстан и Узбекистан за развој на нуклеарната енергија би можеле да се соочат со сериозен тест. Причина не е недостигот од политичка волја во Астана или Ташкент, туку финансиската состојба на рускиот државен нуклеарен гигант „Росатом“, кој во ...
Проектот „Скопје 63/63“ претставува единствена средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик сведочат за архитектонското ...
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96,5 отсто од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Како што информира Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96,5 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на ...
НАЈПОПУЛАРНАТА ПАРТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА АФД СО РАЗЛИЧНА ПЕРЦЕПЦИЈА ЗА РУСИЈА ОД ОФИЦИЈАЛЕН БЕРЛИН Деновиве како „бомба“ одекна во германската јавност изјавата во јавноста на Тино Крупала, копретседател на опозициската партија Алтернатива за Германија (АфД). Имено, Крупала во нови и актуелни околности ги повтори зборовите на Вили Брант, германски канцелар од 1969 до 1974 година, по повод потпишувањето на Московскиот договор во 1970 година. – ...
ЗАПАДНОНИЛСКИОТ ВИРУС ПОВТОРНО СЕ ШИРИ ВО ГРЦИЈА Во Грција досега се потврдени 21 случај на западнонилски вирус, од кои 14 се регистрирани во текот на изминатата седмица, покажуваат најновите податоци на грчката Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Здравствените власти предупредуваат дека вирусот повторно влегува во својата сезонска фаза на интензивно ширење, што е карактеристично за летните месеци кога популацијата на комарци е ...
Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“. Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна ...
ФЕЉТОН „ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Историските преданија за Гоце Делчев, како многу важен дел од македонската фолклористика, овозможуваат увид во колективните спомени на македонскиот народ за ликот и делото на Делчев. Неговата организаторска и револуционерна дејност, која е прикажана не само во историските податоци туку и во преданијата, оставила голема трага на овие простори. Првата посериозна научна студија за историските преданија за Гоце ...
Битола разиграна и распеана! Наредните денови, од денеска до 31 јули, Офицерскиот дом-КИЦ Битола ќе биде сценски простор на кој ќе се одвиваат најголемите музичко-сценски настани од програмата на „Илинденски денови“. Фестивалот „Илинденски денови“ не е само фестивал на народни песни и игри, тој во изминативе години се претвори во вистински чувар и сцена на изворната македонска култура и традиција. Големиот број изложби и концерти сведочат за ...
Денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана На 26 јули, денот кога Скопје повторно се навраќа кон својата најдлабока рана, се отвора изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот, и се промовира дополнето и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“ од Ана Мартиноска и Жарко ...
Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...
Поширокиот регион на Олимп, највисоката планина во Грција, од денеска официјално е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, по едногласната одлука на Комитетот за светско наследство донесена на 48. сесија што се одржува во Јужна Кореја. Одлуката претставува едно од највисоките меѓународни признанија во областа на заштитата на културното и природното наследство, со кое се потврдува исклучителната универзална вредност на Олимп, ...
Фотографијата „Секој во својот рај…“ на авторката Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. – Честа слика која може да се види низ швајцарските планини и ридови, насадени со лозја од кои се произведува квалитетно вино. Многу често само за домашна употреба, како декор кој го краси и му дава топлина и убавина на домашниот рај – вели Перунковска. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела ...