Приоритет на Владата е да се обезбедат помали трошоци за живот и повисоки примања за вработените, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја анализата на Државниот завод за статистика за исплатените плати во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека продолжувањето на трендот на раст на платите е позитивен податок, но нагласи дека цел на извршната власт е континуирано сузбивање на инфлацијата и ...

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го презентираше новиот предлог-закон за лекови, како дел од пошироката реформа на здравствениот сектор. -Новиот закон има за цел модернизација на системот за лекови и негово усогласување со европските стандарди, со фокус на подобрување на квалитетот на третманот и зголемување на безбедноста на пациентите. Со законското решение се предвидуваат побрзи постапки за одобрување и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го продолжи рокот за Иран да ја деблокира Ормутскиот теснец, предупредувајќи дека во спротивно може да следуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура, пренесе „Ројтерс“. Изјавата доаѓа откако Техеран го отфрли американскиот предлог од 15 точки за прекин на борбите како неправеден. Војната, која трае веќе четири недели, се прошири низ Блискиот Исток, предизвикувајќи илјадници ...

По повод одбележувањето 20 години постоење на ЕВН, посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, денеска во Скопје беше пуштена во функција новата трафостаница „Централна“. Инфраструктурниот објект, во чија изградба се инвестирани 11 милиони евра, претставува стратешка инвестиција за стабилно електроснабдување на централното градско подрачје и решавање на растечките енергетски потреби. Министерката за енергетика, рударство и ...

Во Скопје, по повод Светски ден на водите, официјално започна процесот на јавни консултации за управување и заштита на водите од сливот на реката Вардар. Во наредните шест месеци, консултациите ќе се спроведуваат во повеќе региони и ќе вклучат граѓани, институции и експерти, со цел дефинирање на идните политики за најзначајниот воден ресурс во државата. На настанот беше презентиран Времениот извештај за значајни прашања поврзани со ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со медиумите ја презентира новата предлог-програма на СДСМ, од која, како што посочи, треба да произлезе новата програма на партијата во следниот период. Тој истакна дека финалната верзија на програмата ќе треба да произлезе преку инклузивен процес и широка дебата со членството, граѓаните и експертите, а ќе биде презентирана и усвоена на програмскиот конгрес на СДСМ, што ќе се одржи на ...

Независниот синдикат на државната администрација на Македонија соопшти дека во Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор кој предвидува етапно зголемување на платите на административните службеници до 21% до 2028 година, пренесе МИА. Според договорот, покачувањата ќе се реализираат во три етапи и тоа 7% од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и уште 7% од 1 март 2028 година. Синдикатот ...

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година • Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра. • Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на ...

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми, управувани од ТАВ Македонија, започнува овој викенд, на 29 март, со вкупно 10 нови авиолинии. Од Меѓународен аеродром Скопје ќе се воведат шест нови дестинации – Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун. Истовремено, од Аеродром Св. Апостол Павле Охрид ќе бидат отворени четири нови линии – Милано, Виена, Вроцлав и Катовице. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат ...

Скопје – Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишен скопјанец откако управувал возило под силно дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.Л. (46) од Скопје, кој на 26 март околу 15:35 часот на улицата „Бранислав Нушиќ“, управувајќи патничко возило „шевролет авео“, удрил во две паркирани возила – „хонда“ и „опел астра“, и двете со скопски регистарски ознаки. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност – Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека психофизичката подготвеност претставува клучен столб на функционален и ефикасен безбедносен систем, нагласувајќи дека човечкиот фактор е пресуден за ...

Предлог Законот за Советот на јавните обвинители кој денеска се разгледува во прво читање претставува еден од клучните столбови во реформата на правосудниот систем и зајакнувањето на владеењето на правото, истакна министерот за правда Игор Филков пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Министерот Филков информира дека законот добил позитивно мислење и од Венецијанската комисија со неколку ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за воведување една изборна единица, со можност за гласање на дијаспората, во рамки на разговорите за новиот Изборен законик. – Ние сме за една изборна единица и не ги менуваме ставовите. Тоа го кажав и на лидерската средба, но треба да има праг што ќе се договори со останатите политички партии. Во таа една изборна единица логично е да гласа и дијаспората – изјави Мицкоски. ...

Јужна Кореја започна со спроведување на забрана за извоз на нафта од полноќ на 26 март, како дел од напорите за зајакнување на домашните залихи поради нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството за индустрија. Овој потег бара од рафинериите да ги пренасочат извозните количини на локалниот пазар и ѝ дава овластувања на владата да нареди производство и распределба на нафта, клучна петрохемиска суровина што ...

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница не донесе одлука за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, со оглед дека ниеден од петтемина пријавени кандидати не го доби потребниот број гласови. На седницата Советот ги разгледа кандидатурите на Фатиме Фетаи, Владимир Милошевски, Артан Ајро и Јасмина Костовска Здравевска, со оглед дека петиот кандидат Александар Марковски веќе беше избран за јавен обвинител во ОЈО ...

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Ненад Савески, истакна дека нема да коментира изјави на други лица, нагласувајќи дека првите денови на функцијата ги посветил на средби со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство. Тој најави дека планира средби и со сите јавни обвинители по подрачја на четирите виши јавни обвинителства, а потоа и со основните јавни обвинителства. Савески, во изјава за медиумите пред денешната седница на ...

Советот на јавни обвинители на денешната 40-та седница донесе одлука за избор на Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Марковски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитриовска за нови јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот, Башким Селими, информира дека на огласот за пет јавни обвинители биле пријавени осум кандидати, додека Трајче Пеливанов и Артан Ајро ги ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека енергетската состојба во земјата е стабилна, и покрај, како што рече, најголемата глобална енергетска криза во последните децении. Во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ како ја оценува состојбата со енергетиката во земјата, Мицкоски информира дека во моментот има приближно 165.000 тони јаглен, а хидроакумулациите се исполнети со речиси ...

ВАШИНГТОН И ТЕХЕРАН ПОМЕЃУ ВОЈНАТА И МИРОТ Во момент кога воената ескалација на Блискиот Исток достигнува критична точка, Вашингтон и Техеран, и покрај жестоката реторика, сè поочигледно се движат кон сценарио на деескалација. Последните дипломатски сигнали, посредувани преку трети земји, покажуваат дека двете страни истовремено подготвуваат терен и за преговори, но и за евентуално продолжување на конфликтот. 1. Американскиот план: „Сеопфатен ...

Поранешниот шеф на ЦИА со жестока критика кон претседателот на САД Во интервју за „Гардијан“, поранешниот директор на ЦИА и бивш секретар за одбрана на САД, Леон Панета предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е „заглавен помеѓу чеканот и наковалната“, три недели по почетокот на војната со Иран, испраќајќи „порака на слабост“ до меѓународната заедница. – Тој има тенденција да биде наивен за тоа како може да се одвиваат работите. ...

Ако постојано јадете храна богата со железо, земате додатоци во исхраната и немате резултати, тоа се случува поради одредени навики што го поништуваат целиот труд, односно го спречуваат неговото апсорбирање. Замор, бледило, опаѓање на косата, проблеми со концентрацијата… Многумина ги поврзуваат овие симптоми со стрес или со недостиг од сон. Сепак, недостигот од железо може да биде причина. Покрај тоа, дури и луѓето што јадат храна богата со ...

Изложба на Јордан Ѓорчев во Штип Во просториите на уметничката галерија „Безистен“, објект со непроценлива историска и архитектонска вредност, на 19 март се одржа свеченото отворање на самостојната изложба на Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет „Свети Никола“. Настанот претставуваше комплексна синтеза на академската мисла и визуелната уметност, етаблирајќи го авторот како значаен протагонист ...

„Рапсодија“ под диригентската палка на Бар Авни од Израел „Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, и на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. На програмата се симфониската поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест Шосон, Рапсодија за виолина и оркестар ...

Потврда за квалитетот и на новиот документарен филм на Тамара Котевска Најновиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска е меѓу добитниците на „Сендбокс фанд“ на институтот „Санденс“ за 2026 година, кој поддржува иновативни документарни филмови на пресекот меѓу науката и раскажувањето, селектирајќи ограничен број автори на глобално ниво. Во оваа силна конкуренција на автори и проекти, поддршката од престижниот фестивал ...

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор. – Да ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор ...

Летното сметање на времето започнува овој викенд, ноќта меѓу сабота и недела, кога во 2 часот стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред – односно наместо 2, ќе биде 3 часот. Со тоа, граѓаните ќе спијат еден час помалку, но ќе добијат подолги денови и повеќе дневна светлина во попладневните часови. Промената на времето во Македонија, како и во поголемиот дел од Европа, се врши двапати годишно – последниот викенд во март започнува ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска потпиша Колективен договор со претставници на синдикалните здруженија, со кој се предвидува зголемување на платите и подобрување на работниот статус на вработените во ресорот. Со договорот се става крај на повеќегодишниот период без важечки Колективен договор, што, како што беше посочено, создавал неизвесност и ограничени можности за унапредување на правата на ...

Советот на Месната заедница Галичник информира дека по разгледување на сите пристигнати апликации, за зет и невеста на Галичка свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Одлуката, како што посочуваат, била исклучително тешка поради големиот интерес и бројните квалитетни пријави. Како клучен фактор за изборот се истакнува нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник, кој го доживуваат не само како традиција, туку ...

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека групата нации Г7 сака да „создаде услови за траен мир и стабилност“ на Блискиот Исток, на конференцијата во четврток, пренесе „Франс 24“. Министрите за надворешни работи од Г7 се состанаа надвор од Париз со европските земји и сојузници кои се обидуваат да ги намалат разликите со САД во врска со војната на Блискиот Исток, а воедно да ги задржат високо на агендата другите кризи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на отворањето на четвртата Балканска школа за педијатри, настан кој, според Министерство за здравство, претставува важна платформа за размена на знаење, соработка и професионален развој. Во своето обраќање, Алиу истакна дека педијатријата е една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, со клучна улога во создавањето здрави генерации. – Грижата за најмладите не е само медицинска, туку и ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
66%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 1ᴼ
1.03
73%
1018
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
75%
1015
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.71
72%
1013
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
0.55
79%
1020
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.12
76%
1013
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
72%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
60%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
82%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Платина

64365.79

Рутениум

53788.20

Паладиум

46843.64

Кобалт

45.39

Калај

50.34

Алуминиум

3.59

Родиум

326330.08

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Сребро

2399.81

Бакар

12.11

Злато

151336.48