Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Според податоците на берзата утрово цената на суровата нафта се зголеми за 2,32 проценти на повеќе од 107 долари. Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени на отворањето на берзата „Амстердам TTF“ денес по цена од 47,695 евра за мегават-час. Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата „Форекс“ денес е 1,16445 долари. Цената на златото падна на 4.545 долари за унца, а цената на пченицата на 6,5450 долари за бушел. Според ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, притоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. – Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...
Брисел подготвува нови мерки со кои компаниите во Европската унија би биле обврзани клучните суровини и компоненти да ги набавуваат од најмалку три различни добавувачи, со цел да се намали зависноста од Кина. Според британскиот весник „Фајненшл Тајмс“, правилата би важеле за повеќе стратешки сектори, меѓу кои хемиската индустрија и производството на индустриски машини. Се предвидува уделот на еден добавувач да биде ограничен на околу 30 до 40 ...
Како домашните компании да го фатат чекорот на онлајн продажбата Пазарењето или купувањето преку интернет добива сѐ поголем интензитет и голем број компании се насочуваат кон промоции на социјалните мрежи, но и преку специјализирани платформи за продажба. Дека онлајн пазарењето станува сѐ попопуларно и во Македонија веќе покажуваат и официјалните податоци за растот на продажбата преку интернет, но останува енигма колку домашните компании ги ...
Пазарот на криптовалути влегува во подолга фаза на корекција под влијание на заострената реторика на Федералните резерви, растечките геополитички тензии и прелевањето на капиталот кон акции на компании од секторот за вештачка интелигенција. Според проценките на аналитичарите, биткоинот би можел да го тестира нивото од 70.000 долари до крајот на мај, пренесе МИА. Александар Баришников, управник на фондот „Мајнинг“ во УК „Рекорд капитал“, ...
За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...
Се уште траат консултациите за ребалансот на Буџетот за 2026 година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на пуштање во употреба на пазар во Виница. – Го работиме. Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите. Тешки се времињата. Гледате што се случува во светот. Имајќи предвид каква е состојбата во другите држави кај нас ударот не е толку голем и врз самиот Буџет, но генерално ќе гледаме да ...
Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како ...
Претседателката Гордана Солјановска Давкова, која престојува во официјална посета на Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар. Според агендата на посетата, двете претседателки ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација, пренесе МИА. Во рамки на посетата, Силјановска-Давкова ќе се сретне и со ...
Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија е отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран во 2020 година во Културно-информативниот центар „Кочо Рацин“ – Скопје во галеријата „Кора“, и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – Гевгелија во галеријата АМАМ. Делата се изработени од ...
Анализа: Персонификација на меѓународните односи Врз основа на голем број дела од поединечни западни автори, францускиот професор Дуросел развил шема што вклучува осум различни вида политичари, а оваа поделба е направена врз основа на нагласување три елементи од нивните активности и личен карактер: активност, емоционалност и рефлекси. Некои други анализи претпоставуваат дека однесувањето на една држава на меѓународно ниво е првенствено ...
Промоција на седмото издание на книгата „Вдахновенија“ од авторот Атанас Конески ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“, денеска во 18 часот. Промотор е Владимир Мартиновски. Станува збор за збирка искази (афоризми, поуки, максими, мудрости) суптилно издвоени од литературата и од животот и вклопени во азбучна целина. Ковчежето на мудростите од авторот Атанас Конески – „Вдахновенија“, доби седмо дополнето издание. Авторот вели дека на ...
Кубанската амбасада во Соединетите Американски Држави вчера изјави дека земјата има право да се брани од странска агресија по медиумскиот извештај во кој се цитираат непотврдени тврдења на американските разузнавачки служби дека Хавана набавила воени дронови, пренесе „Анадолу“. – Како и секоја земја, Куба има право да се брани од надворешна агресија – се вели во соопштението на амбасадата објавено платформата „Икс“. – Тоа се нарекува ...
Знаменитостите на Македонија Не можев ни да претпоставам дека и мене, при крајот на мојот работен век ‒ се разбира, без никаква претенциозност за споредба ‒ ќе ми се случи нешто слично на она што му се случуваше на големиот наш учител Блаже Конески кога, пред крајот на својот живот, ја објави книгата „Македонски места и имиња“. За што, всушност, станува збор? Во споменатата книга, Професорот раскажува дека, поради оштетениот вид, сè потешко ...
Македонската стрип-цртачка и илустраторка Славица Купенкова, позната под уметничкото име Дона да Видра, ја претстави Македонија на 11. Меѓународен фестивал на стрип и фантастика во Сомбор. Како што информира македонскиот промотор Томе Трајков, таа на овој реномиран регионален настан се претстави со својот најнов графички роман и со комплетната авторска работа. Купенкова е веќе афирмирана и наградувана стрип-авторка на домашната и ...
Одењето е една од наједноставните и најпристапни физички активности. Свежиот воздух, лесните вежби и секојдневните чекори го прават активност што речиси секој може да ја вклопи во својата рутина. Сепак, дури и со оваа навидум идеална активност, постои стапица. Нешто што многумина го сметаат за најголема придобивка од одењето, всушност може да ги ограничи неговите вистински придобивки. Многу луѓе одат по истата маршрута секој ден, со исто ...
За ставот на Вашингтон што аналитичарите го оценија како „најдраматичниот пресврт во реториката на САД кон Кина, во врска со Тајван, во последните децении“… Во политиката на големите сили, понекогаш една реченица тежи повеќе од носач на авиони. Кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не сака никој да прогласува независност“ на Тајван и дека не сака САД да бидат вовлечени во војна со Кина, тој не испрати само дипломатска ...
Бугарската пејачка Дара е победничка на 70. издание на Евровизија, кое се одржа во Виена. Таа настапи со песната „Бангаранга“ и ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на ова музичко натпреварување. Дара победи со комбинираните гласови од стручното жири и публиката, освојувајќи вкупно 516 поени. Големото финале се одржа во Виена, каде настапија 25 финалисти. Според официјалната објава на Евровизија, Дара била водечка и кај ...
ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН Брошурата „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“ од Петар Поп Арсов претставува еден од најважните политички документи во македонската историја. Објавена во 1894 година, таа не е само критика на политиката на Бугарската егзархија туку јасен манифест на македонската политичка самобитност. Овој труд го означува моментот кога младата македонска интелигенција отворено и аргументирано им се спротивстави ...
Водечкиот хрватски дневен весник „Вечерни лист“ на своите читатели им го нуди Скопје како супервикенд-дестинација. – Капучино е помалку од две евра, а цел оброк чини само 6,5 евра. Најевтиниот скриен бисер во Европа се наоѓа во близината на Хрватска – пишува Вечерни лист. Хрватскиот медиум пишува дека главниот град Скопјe особено е прифатлив за лицата што сакаат да патуваат со ограничен буџет. Оброк во поевтин ресторан чини околу 6,50 евра, ...
Американските филмови отсутни на „Канскиот филмски фестивал“ (3) Џордан Минцер појаснува во „Монд“: „Кризата е пошироко распространета“. Тој укажува на „дезинвестирањето на големите студија во независни или престижни филмови“. Овие продукции, со буџети што се движат од 15 милиони до 50 милиони долари (умерени во споредба со блокбастерите), долго време го претставуваат „’рбетот на американската филмска индустрија“, според Тед Хоуп. Но кон ...
ТРИЛЕР Жими сите светци, на Ла Гвардија имав државнички пречек. Десетина луксузни „кадилаци“ и една глутница ништожници со голем арсенал оружје. Дождливи облаци над Њујорк, мрачни лица чија професија беше крадење човечки души, напнатост до излудување. Не беше едноставно да се соочите со човек што имаше до бога незгоден карактер. Тоа беше шефот на мафијата што оперираше од атлантскиот брег, па сѐ до американскиот Среден Запад, човекот од кого ...
Во пресрет на протестот на студентите Албанци во врска со полагањето на правосудниот испит на службен македонски јазик Тешки провокации, инсинуации, клевети и закани во врска со системот и функционирањето во нашата држава, Уставот и законите, но и напади за постоењето на унитарна Македонија и идентитетот на македонскиот народ, искажани од политичари од Албанија, Косово и од Македонија, кружат низ медиумскиот простор и општествените мрежи во ...
Земјотрес со јачина од 5,2 степени рано утринава го погоди јужнокинескиот регион Гуангси, при што загинаа две лица и се срушија 13 згради, објавија државните медиуми. Земјотресот го погоди градот Лиуџоу во Гуангси, соопшти државната новинска агенција „Синхуа“. Американскиот геолошки завод регистрираше помала магнитуда од 5,0. Државниот радиодифузер ЦЦТВ ги идентификуваше починатите, 63-годишен маж и 53-годишна жена. 91-годишен маж, кој ...
Во периодот што следи треба да се насочиме на производи кои имаат голема додадена вредност за да можеме да го јакнеме и бруто домашниот производ, но и економијата во државата. Очекувам трендот на стапка на раст над 3,5 проценти на реален БДП во услови кога Европа расте под пред процент да продолжи во периодот кој следи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Виница. – Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем ...
Бугарија како некогаш Атина – дипломатска војна против Македонија На 28 и 29 април годинава, Дубровник беше домаќин на состанокот на Иницијативата на трите мориња. Станува збор за една геостратегиска трансверзала што ги опфаќа земјите од Балтичко, Црно и Јадранско Море, проект поддржан и од Америка, познат и како Оска север-југ. Во таа група земји од Балтикот до Медитеранот настојува да влезе и Македонија како придружна членка. Сѐ беше ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (19) Во Македонија повторно гледаме добро познат институционален модел: кога државата нема стратегија, се воведуваат казни. Наместо научна анализа базирана на етологија, популациска биологија, урбана екологија, ветеринарна епидемиологија и управување со отпад, јавноста добива административен пристап што создава впечаток на активност, без да ги допре суштинските причини ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно му се закани на Иран дека ништо нема да остане од него доколку неговите лидери брзо не преземат одредени чекори. – Времето истекува за Иран и подобро да побрзаат или од нив нема да остане ништо. Времето е од суштинско значење – напиша Трамп на својата платформа „трут Социал“ (Truth Social). Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно му се закани на Иран дека ништо нема ...
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот. -Вчера имваме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската ...