Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода ...
Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај. Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...
Премиера на мјузиклот „Као какао“ Со музиката на Влатко Стефановски, текстот на Венко Андоновски и режијата на Дејан Пројковски, актерската игра на Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Дениз Абдула, Јована Миладинова, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Анастасија ...
Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ на денешната меѓународна безбедносна конференција ГЛОБСЕК во Прага предупреди дека пристапот на Европската Унија кон Македонија, која дури го промени и своето име, а сè уште нема датум за почеток на преговорите, е крајно неправеден и сериозно го поткопува кредибилитетот на ЕУ. – Тоа што се случува околу Северна Македонија едноставно не е праведно. Тоа е толку нефер што не може никому во ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток. – Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се ...
Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во базиликата „Сан Клементе“ во Рим ќе присуствува на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, 24 Мај. Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од ...
Професорот Игор Јанев со нова теорија објавена во американско списание со висок фактор на влијание Професорот Игор Јанев неодамна објави научен труд во астрофизичкото списание со висок фактор на влијание во областа на астрофизиката на Американското астрономско друштво – „Американско списание за планетарна и вселенска наука“ – во кој се обидува да понуди поинакво гледиште за тоа како функционираат промените во природата, општеството и во ...
МИСТИЧНА МАКЕДОНИЈА: МУЗЕЈ ПОД ОТВОРЕНО НЕБО Прашањето за ширењето на писменоста и дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, заедно со генезата на најраните славјански правни и литургиски текстови, претставува едно од најкомплексните поглавја на медиевистиката. Официјалната историска наука, поткрепена со хагиографски извори и археолошки наоди, го лоцира поречието на Брегалница како клучен стратешки и културен центар на т.н. Византиската ...
Вечерва во Прилеп започна 52 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, кој го негува македонскиот изворен фолклор. Овој фестивал, кој, според градоначалникот Дејан Проданоски, опстојува и се негува повеќе од пет децении, сам по себе зборува за силата на нашиот идентитет, за богатството што генерации наназад е вткаено во изворната македонска песна и оро. -Тоа богатство се пренесувало од колено на колено, од ...
Проф. д-р Елка Јачева-Улчар, ексклузивно за „Нова Македонија“ по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – 24 Мај, во две продолженија пишува за историскиот развој на македонскиот јазик, од неговите корени, преку дејноста на средновековните книжевни школи, грамотите и дамаскините како клучни сведоштва, евангелијата на македонски дијалекти, пионерите на македонската културна преродба Јоаким Крчовски и ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова во честитката по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. -Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста ...
Воведник на редакцијата Дали меѓународната заедница посакува Брисел да сопре да ја претставува Македонија како „европски случај“ и да ја претстави како „европски интерес“? Во Брисел долго време Македонија беше третирана како држава што секогаш е „близу“, но никогаш доволно блиску до Европската Унија. Земја на бескрајни компромиси, постојани условувања и хронично одложена европска награда. Но геополитичките интереси ја сменија логиката на ...
Претстојниот викенд ќе бидат одржани три предавања на Крешимир Мишак во Битола, Скопје и Велес. Мини турнејата, насловена како „На работ на науката во Македонија“ освен предавања, ќе содржи и музички настапи на Мишак со македонскиот бенд „Паркети“ во Битола и Скопје. Влезниците се во ограничен број и се достапни во претпродажба на платформата TixMk: Скопје https://tix.mk/event/331/drvoto-na-zhivotot-kreshimir-mishak?lang=mk Велес ...
СПОР МЕЃУ БУГАРИЈА И РУСКАТА КОМПАНИЈА Руската нафтена компанија „Лукоил“ бара три милијарди евра отштета од Бугарија откако државата ја презеде контролата врз локалните операции на компанијата, изјави Румен Спеков, специјалниот државен администратор задолжен за надзор на бугарските средства на групацијата. Тој изјави за бугарската БТВ дека барањето е поднесено преку швајцарската подружница на „Лукоил“, „Литаско“, но дека сè уште не е ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од ...
Одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј На 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, Македонија и целиот словенски свет се поклонуваат пред делото што ја осветли патеката на писменоста и духовната самостојност. Овој празник не е само спомен на минатото туку живо сведоштво дека јазикот е светлина, а писменоста мост меѓу вековите. Делото на солунските браќа ги претвори верата и знаењето во наследство ...
Министерството за внатрешни работи, информираше дека вчера во 19:45 часот, во СВР Скопје, Д.М. (37) од Скопје пријавил дека неговиот син почувствувал удар во грбот додека бил на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево. По инцидентот, детето забележало зрно од огнено оружје. Според информациите од полицијата, малолетникот не е повреден, а надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Министерството за ...
Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија, рече претседателката Гордана Силјановска Давкова коментирајќи го ставот на бугарската страна, што го пренесоа дел од медиумите, искажан денеска на првата средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со неговата бугарска колешка Велислава Петрова. Претседателката Силјановска Давкова во гостување на ТВ Сител посочи дека на последниот попис во Бугарија имало речиси ист број ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова“, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“, поминувајќи на зелено светло, информираше МВР. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во ...
На маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова. – На средбата беа разменети мислења за билатералните односи, регионалната соработка и европската интеграција на државата. Во таа насока министерот Муцунски ја нагласи потребата од изнаоѓање решение ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. -Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок – посочуваат од Министерството за транспорт, пренесе МИА. Државната комисија по жалби за ...
Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, Аквадуктот, зградата на Поштата и парковите, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде нова динамика во Скопје со културното наследство што го имаме и културата да ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши контрола на неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица. При извршените контроли, Комисијата утврди неправилности во договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехрамбени производи. Меѓу најчестите неправилности се непостоење на писмени договори за откуп, користење на ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на управен и надзорен одбор на ТЕЦ „Неготино“. Целата документација ќе биде поднесена за постапување до Јавното обвинителство, одлучи ДКСК за предметот, кој на денешната седница го соопшти членот на ДКСК, Сервет Демири. – Во ДКСК пристигна пријава од непознат поднесител против лица од поранешниот управен одбор на ...
Претседателот на Собранието на Репунлика Македонија, Африм Гаши предводи државно–црковна делегација во посетата на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил“. – За време на аудиенцијата, претседателот Гаши упати искрени честитки по повод годишнината од изборот на Папата Лав XIV и ја истакна посветеноста на Македонија за продлабочување на традиционалните и пријателски односи со Светата Столица. На средбата беа ...
Бурекот се јаде на пат, за време на пауза, пред работа или на пат кон дома. Но зад тој навидум едноставен залак не стои импровизација, туку дневниот ритам на производството, добро организираниот процес и рацете на луѓето што се грижат секое парче да биде точно она што го очекуваат клиентите. Постојат намирници за кои не се размислува премногу, но луѓето редовно се враќаат на нив. Бурекот е токму таков производ. Не бара посебно објаснување или ...
Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, а клучен приоритет е енергетската стабилност – порачала денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на ресорскиот состанок, на кој биле разгледани тековните активности во енергетскиот сектор. На состанокот, на кој присуствувале претставници од релевантните институции од енергетиката, се разговарало на повеќе теми во насока на навремена реализација ...
УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку институција што ги предвидува и ги насочува, порача денеска ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Биљана Ангелова на свеченоста по повод 77 години од постоењето на универзитетот, истакнувајќи дека иднината на УКИМ треба да се темели на европски модел на управување, дигитализација, интернационализација и зајакнување на автономијата и академската слобода. Ангелова ...
По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска во Зоолошката градина во Скопје беше потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди. Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа нагласи дека денешното потпишување на маморандумот за соработка со двете зоолошки ...
– На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот. Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин – информираат ...