Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Повод: Протести за поддршка, како почеток на крајот на неуставниот Закон за јазиците и другите закони и подзаконски акти спротивни на уставниот поредок Во македонскиот политичкоправен простор веќе подолго време тлее едно суштинско прашање. Дали државата ќе продолжи да живее со наследените контроверзни правни решенија или конечно ќе влезе во фаза на нивна темелна ревизија за да ги стави во рамките на уставноправниот поредок? Практиката на ...
Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведе координирана полициска акција за разбивање на организирана криминална група инволвирана во трговија со дрога. Во акцијата учествувале Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Струмица, како и специјалните единици Единицата за брзо распоредување и САЕ Тигар, инфомираат од МВР. Притоа, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој се одржува во Вашингтон, во рамки на втората сесија од овој билатерален процес. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дијалогот претставува важна платформа за продлабочување на соработката, со акцент на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во разговорите, МВР става посебен фокус на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени сончеви периоди. Во претпладневните часови се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе достигнува брзина над 70 километри на час – информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени, додека максималната ...
Какви судења и какви обвинителски акти ќе треба да се очекуваат од студентите – идни адвокати, судии и обвинители, присутни на овој протест, кои завчера со сета сила „хорски“ извикуваа: „УЧК, УЧК!“ – кратенка од 2001 година, која остана запаметена и како синоним за воената агресија против Република Македонија, со човечки жртви и материјална штета, чија цел беше територијален сепаратизам на етничка основа, и никој не беше ниту обвинет ниту ...
Цените на суровата нафта нагло се намалија откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран. Референтната цена на нафтата Брент за идна испорака падна за околу 16 проценти и се движи околу 92 долари за барел. И покрај падот, цената и натаму е значително повисока од нивото од приближно 73 долари, кое беше забележано пред ескалацијата на конфликтот кон крајот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги запрат нападите врз Иран во период од две недели, во обид да се создадат услови за дипломатско решение на кризата. Одлуката, како што соопшти, следува по разговор со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој побарал продолжување на рокот што му бил даден на Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина. Трамп истакна дека прекинот на нападите ќе важи под услов Техеран веднаш и ...
Сегашната криза со нафтата и гасот предизвикана од блокадата на Ормускиот теснец „е посериозна од кризата во 1973, 1979 и 2022 година заедно“, изјави Фатих Бирол, шеф на Меѓународната агенција за енергија (MAE), за весникот „Ле Фигаро“. -Светот никогаш не доживеал прекин на снабдувањето со енергија од ваков обем – вели тој во интервјуто за француски весник. Тој додаде дека европските земји ќе бидат погодени, како и Јапонија, Австралија и ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати силна и драматична порака преку својата социјална мрежа Трут Социал (Truth Social), најавувајќи дека светот би можел да се соочи со еден од најзначајните моменти во современата историја. Во објавата, Трамп предупреди дека настаните што следуваат може да имаат далекусежни последици, вклучително и крај на постојниот поредок во Иран, но и можност за почеток на нова ера. – Цела ...
Советот за безбедност на Обединетите нации ја отфрли резолуцијата предложена од Бахреин за заштита на комерцијалниот превоз низ Ормускиот Теснец, откако Кина и Русија ставија вето, пренесе МИА. Со нацрт-резолуцијата се предвидуваше овластување на една држава или коалиција да преземе „сите потребни средства“ за обезбедување слободна пловидба низ теснецот, како и координација на мерките за заштита меѓу засегнатите земји. Документот исто така ...
Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија посветена на одбранбените и безбедносните прашања. Тој истакна дека долгогодишното партнерство меѓу Македонија и САД значително придонесува за зајакнување на одбранбените капацитети и зацврстување на мирот и безбедноста. Пред претставниците на Стејт департментот, Мисајловски оцени дека соработката е на високо ниво, но и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Стратешкиот дијалог со САД ја потврдува улогата на државата како кредибилен сојузник и партнер. Муцунски во Вашингтон ја предводи владината делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, која ја отвори заедно со Брендан Ханрахан од Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Тој на својот Фејсбук профил истакна ...
Цените на нафтата денеска пораснаа додека се наближува истекувањето на новиот рок од ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп му го постави на Иран, а пазарите се фокусирани на тековните нарушувања на глобалните енергетски резерви, јави ДПА. Суровата нафта „Брент“ за испорака во јуни утрово се искачи за 1,2 отсто на 111,11 долари за барел во раната трговија, враќајќи се кон врвот во март од нешто над 112 долари. Американската ...
Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, и предметот го врати на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката е донесена по јавна седница одржана на 11 март 2026 година, при што судот ги уважи жалбите и на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на обвинетата. Според ...
Владата денеска го усвои законот за правична и соодветна застапеност, со кој, според министерот за европски прашања Беким Сали, се воспоставува баланс и се поставуваат темелите за професионална, транспарентна и модерна мултиетничка администрација. Сали истакна дека законот има за цел да ја подобри застапеноста на граѓаните од подзастапените заедници во државните институции, при што клучни критериуми остануваат квалификациите, стручноста и ...
Како што информираат оттаму, со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело. Останатите според стореното се обвинети за Даночна измама, Фалсификување исправа и Перење пари и други приноси од казниво дело. -Според обвинението, ...
Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот – истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања. – Во однос на изворот Рашче, сакам да истакнам дека се почнати испитувања на три нови ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на седница на Советот истакна дека во изминатите години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици за градот. Одговарајќи на советничко прашање, тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што, како што нагласи, дури 70 проценти од тие средства се собрани по ...
Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор започнаа да се применуваат, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. -Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите колективни договори коишто ...
Пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје со која се утврдува дека Живко Митрески бил незаконски сменет од функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во 2017 година, отвори нов судир меѓу поранешното и актуелното раководство на синдикатот. Митрески на прес-конференција соопшти дека со судската одлука се потврдува ништовноста на неговата смена, како и на сите одлуки и акти донесени од страна на ССМ по 2017 година. Во ...
Бројот на учениците во редовните основни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесувал 174.040, што претставува намалување за 3.6 проценти во однос на претходната учебна година. Во оваа учебна година биле запишани 17.921 првачe. Бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 2025/2026 година изнесува 67.540, што е зголемување за 0.6 проценти во однос на претходната учебна година. Во прва година биле ...
Над две децении раст и развој на првата приватна општа болница Традиционално, со хумана акција, „Ре-медика“ го одбележа својот 21. роденден, организирајќи крводарителска акција на Светскиот ден на здравјето, 7 април, во соработка со Црвен крст, општинска организација Гази Баба. Роденденот на болницата, која 21 година е дел од приватното здравство во Македонија, и годинава помина во знакот на солидарноста. Вработените и граѓаните заеднички ...
Иран презентираше предлог од 10 точки за прекин на конфликтот со САД и Израел, што, меѓу другото, предвидува воведување на такса од околу два милиони долари по брод за премин низ Ормускиот теснец, а приходите ќе се користат за обнова на инфраструктурата уништена од американските и израелските напади. Двајца високи ирански функционери, зборувајќи под услов да останат анонимни, рекоа дека предлогот вклучува гаранција дека Иран нема повторно да ...
На денешното продолжение од судењето за предметот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје, одбраната приговараше на доказите што ги презентира обвинителството, оценувајќи дека станува збор за незаверени копии без доказна вредност. Воедно, побара укинување на притворот за двајцата обвинети екс директори на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и негова замена со домашен притвор, како и повлекување на паричната ...
Функционален систем, што нема да реагира само по настанување на насилството, туку ќе делува превентивно, ќе ги препознава ризиците на време и ќе обезбедува координирана и професионална поддршка на секоја жртва, е целта на Националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени семејно насилство 2026-2033. Тоа го истакна денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на ...
Барањата се едно, но Уставот и меѓународните стандарди се друго. И мораме така и да се однесуваме. Ако навистина мораме европски да се однесуваме тогаш мораме да ги почитуваме и Уставот и меѓународните стандарди, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со барањата на студенти Албанци за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Премиерот посочи исто така дека на вчерашниот протест биле забележани лидери на опозициските ...
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, денес потпиша Анекс на Колективниот договор со претставниците на репрезентативните синдикати УПОЗ, САДУ и КСОМ. Според Анексот, вработените во Фондот ќе добијат покачување на платите од пет проценти започнувајќи со априлската плата за оваа година, а истото покачување ќе биде имплементирано и во 2027 и 2028 година. – Очекувам дека ова покачување на платите ќе биде стимул ...
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што според него е охрабрувачки, бидејќи не се случило намалување иако имало одредени стравувања. – Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика, извади еден податок кој што е, би рекол охрабрувачки, но тоа е за првите два месеци за јануари и февруари пред да почне кризата. Практично во февруари се нивелираше тоа што се пропушти во ...
Климатските промени веќе не се далечна закана, туку реалност што секојдневно ја живееме, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска Давкова. Таа нагласи дека државата мора да премине од реактивен кон превентивен пристап, со јасно дефинирани политики и координирани институционални одговори. Воедно, ја истакна уставната обврска за заштита на природата, но и предупреди дека без доследна примена на законите и стратегиите, документите ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, одговарајќи на советничко прашање, нагласи дека е подобрена состојбата со јавниот превоз. Потенцира дека во моментот 180 автобуси сообраќаат на линиите. – Што се однесува на голготата што ние ја поседуваме, а е во сопственост на ЈСП Скопје, од состојба на речиси 130 наши автобуси, кои беа во функција, сега во моментот од гаражите излегуваат по 90 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 ...