Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Коридорите 8 и 10 балкански оски на 21 век (2) Во постстуденовоениот период, Западот веруваше дека геополитичката комбинаторика е надмината категорија. Дека глобалистичките амбиции на либералниот свет се остварени, заокружени и завршени. Европската Унија ја замислуваше Европа како простор на технократско управување, наддржавна креација со глобално влијание и отворен пазар за демонстрација на својата моќ и зафаќање на голем дел од колачот од ...
Апел на Централниот совет на Македонците во Германија до Европскиот парламент за поддршка на амандманот 108 поднесен од Томас Вајц Повик до европратениците да го поддржат амандманот 108 поднесен од европратеникот Томас Вајц испрати Централниот совет на Македонците во Германија, преку обемно писмо до сите пет претседатели на политичките групи, како и до сите 73 редовни члена на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) при Европскиот парламент. ...
Ретроманија Постојат основни работи што треба да ги знаете за да започнете со емулација, вклучувајќи ги и начинот на кој функционира, правниот статус, недостатоците од играње без вистински хардвер и придобивките што ги нуди. Старите видеоигри се поделени на неколку различни играчки конзоли и не можете секогаш да сметате на повторни изданија за да бидат достапни на модерните системи. За среќа, постојат опции Можете да најдете стар систем и да ...
Знаменитостите на Македонија По извесна временска пауза, повторно се навраќам на една тема што очекувам да продолжи да го привлекува вниманието на оние што го следат моето публицистичко истражување на темата со (не)постоењето на стари православни гробишта во населбата Мургашево, Демир Хисар. Имало ли православни гробишта? Ако ги имало – каде се православните гробишта во Мургашево? Имало ли православна црква? Ако имало, дали врз нејзините ...
Најголемата месечина на Сатурн е многу привлечна дестинација поради нејзината посебна околина – таа е испреплетена со реки и езера, има поднослива температура од „само“ -150 Целзиусови степени, а наместо дожд, на нејзината површина паѓаат течен етан и метан. Додека НАСА се подготвува да ги врати луѓето на Месечината по Артемида II и да испрати астронаути на Марс на долг рок, дел од научната заедница веќе размислува за следниот голем чекор: ...
Националната галерија ги известува сите основни училишта, љубителите на ликовната уметност и пошироката јавност дека до крајот на месецот се одвива третата наградна едукативна игра „Лавиринт на уметноста 3“ (под мотото „Каменот на знаењето“) во дворот на објектот „Даутпашин амам“. Станува збор за единствен и оригинален начин на музејска едукација на нашите простори што ги следи модерните светски формати на воннаставни активности и ...
Претставата „Кокошка“, во копродукција на независната театарска група „Вортекс“ и театарот „Комедија“, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното десетто издание на Интернационалниот театарски фестивал во Приштина, кој се одржа од 18 до 23 мај годинава. Наградата за најдобро актерско остварување на фестивалот ѝ беше доделена на Билјана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Ала во претставата „Кокошка“, додека претставата ја доби и ...
Властите во Уганда денеска ја затворија границата со Демократска Република Конго во обид да го спречат ширењето на еболата, откако бројот на заразени во соседната земја продолжува да расте. Мерката ќе биде во сила во наредните четири недели и ќе важи за сите патници, освен за медицински, хуманитарни и безбедносни мисии, како и за транспорт на храна и стока. Од уганските власти соопштија дека секое лице кое ќе добие дозвола за влез од ДР ...
Алтернатива за Германија (АфД) и процесот на идеолошката трансформација на Европа Политичката карта на Европа се менува побрзо отколку што европските елити се подготвени да признаат. Германија, државата што со децении претставуваше столб на либералниот европски идеолошки консензус, денес влегува во фаза на длабока политичка и идеолошка трансформација. Подемот на суверенистичката Алтернатива за Германија (АфД) повеќе не може да се третира како ...
Отворањето на средствата од Реформската агенда за Македонија претставува јасна потврда за европската ориентација на Владата, порачаа денеска од Владата, нагласувајќи дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел на државата, пренесе МИА. Според нив, одлуките на Европската Унија, меѓу кои и укинувањето на оценската мисија, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда, се доказ дека земјата се движи во вистинска насока. -Ние сме за ...
Бугарската дипломатија ништо не препушта на случајот Додека актуелните македонски власти се обидуваат да најдат креативни решенија и дипломатски маневарски простор за деблокада на евроинтеграциите, Софија веднаш ја активираше својата тешка дипломатска артилерија. Имено, бугарското Министерство за надворешни работи преку добро координирана офанзива низ сите европски престолнини, јасно стави до знаење дека нема намера да отстапи ниту педа од ...
Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека од оваа учебна година свидетелствата за учениците од прво, второ и трето одделение ќе се издаваат по електронски пат. Таа појасни дека, бидејќи станува збор за прва година од воведувањето на системот, учениците паралелно ќе добијат и печатени свидетелства. – Наместо наставниците рачно да ги пополнуваат свидетелствата, сега тоа ќе се прави електронски, побрзо, поефикасно и со ...
Граѓаните во Македонија кои поседуваат возачка дозвола од „Б“ категорија од денеска можат да управуваат и мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“, со зафатнина до 125 кубни сантиметри и моќност до 11 киловати, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Измените беа предложени од пратеничката група на Движење ЗНАМ со поддршка од парламентарното мнозинство, а Собранието ги усвои на 8 ...
Белата куќа денеска ги демантираше тврдењата на иранската државна телевизија за наводен неофицијален рамковен меморандум за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на војната, оценувајќи ги како „неточни“ и „целосна фабрикација“. Претходно, иранската државна телевизија објави дека Техеран добил нацрт-документ според кој Иран во рок од еден месец би ја обновил комерцијалната пловидба низ Ормуска Теснина на нивото од пред конфликтот, додека ...
Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година. Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. Според последните проекции на Евростат, населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7 проценти до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следниот век. Според ...
Војната во Иран и долготрајните трговски тензии би можеле да го намалат економскиот раст на еврозоната, да ги зголемат трошоците за позајмување и да ја предизвикаат способноста на некои земји-членки да ги одржат јавните буџети, заклучува извештајот на Европската централна банка во среда, објави „Ројтерс“. Финансиските пазари во најголем дел ја игнорираа војната во Иран, оставајќи ги акциите со високи проценки, ниските трошоци за корпоративно ...
Германија, Норвешка, Холандија и Европската Унија ги повикаа руските амбасадори на разговор откако Москва се закани со нови напади врз Киев и ги повика странските државјани, вклучително и дипломатите, да го напуштат украинскиот главен град. Портпарол на Европската комисија изјави дека Русија се обидува да создаде паника и страв во Украина, но нагласи дека Киев нема да остане изолиран. -Русија се обидува да внесе страв, но нашата порака е ...
Во текот на изминатите 24 часа, полициските службеници низ земјава лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерство за внатрешни работи. Од нив, 14 лица управувале возило без возачка дозвола. Меѓу приведените има и малолетник, едно лице со активна забрана за управување, како и возач кој управувал без дозвола и под дејство на алкохол. Според информациите на полицијата, во Скопје биле приведени три лица, ...
Македонија е добро позиционирана на Индексот за конкурентност и иновации на Западен Балкан, кој ги анализира состојбите и капацитетите за развој на иновациите и конкурентноста во регионот. Индексот беше презентиран на настан организиран од Центар за истражување и креирање политики во соработка со Фондација Конрад Аденауер. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски истакна дека Владата веќе преминува од креирање регулативи кон ...
Денеска во Скопје беше одбележан Денот на мултипла склероза, при што беше најавен почетокот на децентрализацијата на третманот и терапијата за пациентите со мултипла склероза (МС) во три регионални центри низ државата. Директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, информираше дека станува збор за значаен чекор со кој терапијата ќе им биде подостапна на пациентите. Од Националното здружение за МС посочија дека ова е едно од ...
Негативниот природен прираст во Македонија продолжува и во првиот квартал од 2026 година, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика. Според статистиката, природниот прираст изнесува -1.962, што значи дека бројот на починати лица е за 1.962 поголем од бројот на живородени деца. Негативен природен прираст е регистриран во 66 општини низ државата. Во првите три месеци од годинава се родени 3.380 деца, што претставува пад од ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово вчера во 06:30 часот на наплатна станица Демир Капија на автопатот Гевгелија-Неготино, ги привеле А.Г. (42) и Г.Г. (39), двајцата од Косово, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека превезувале седум лица мигранти од Египет, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници запреле возило „фолксваген траснспортер“ со косовски национални ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) започнува консултативен процес за предлог националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акциски план за нејзино спроведување. Националната стратегија 2026-2030, како што информираа денеска од ДКСК, претставува клучен стратешки документ за превенција на корупцијата и зајакнување на институционалниот интегритет, подготвен преку широк консултативен ...
Цената на нафтата денеска бележи раст на меѓународните берзи по новиот американски напад врз Иран. На лондонската берза, попладнево барел нафта се тргуваше по цена од 104,56 долари, што претставува зголемување од 4,21 долари во однос на претходниот ден. На американската берза, пак, цената на нафтата изнесуваше 94,36 долари за барел, што е за 2,24 долари пониско. Тргувањето на американската берза вчера не се одвиваше поради празник. Растот на ...
Иранските државни медиуми денеска ги објавија клучните „црвени линии“ на Техеран во преговорите со САД, меѓу кои се нуклеарната програма, контролата врз Ормускиот Теснец и одмрзнувањето на иранските финансиски средства под санкции. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека инфраструктурата на иранската нуклеарна програма „не е предмет на компромис“. Според достапните информации, Иран располага со речиси 400 килограми високо збогатен ...
Денеска на пладне во Домот на културата ,,Кочо Рацин” во Скопје се одржа настанот ,,Сончева патека” во чест на 68 години од објавувањето на додатокот за деца ,,Колибри” во нашиот весник ,,Нова Македонија”. Настанот го отвори поранешниот главен и одговорен уредник на весникот, Марјан Велевски. – Посебно ми е драго дека денеска сме собрани овде да го одбележиме денот на еден вечно млад прилог, иако е роден во далечната 1958 година. Прилогот се ...
Организаторите на МТФ „Војдан Чернодрински“ соопштија дека, поради големиот интерес на публиката, дел од влезниците за 60. јубилејно издание на фестивалот ќе бидат пуштени во онлајн продажба од 28 мај преку платформата karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започнува од 1 јуни. Од фестивалот информираат дека и онлајн и физичката продажба ќе биде ограничена на најмногу ...
„ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ“ (2) Во општината Свети Николе се наоѓаат повеќе култни места, стари цркви, чешми и кладенци, археолошки локалитети и села што заедно со природните ресурси ги привлекувале посетителите, патописците, новинарите и научниците уште од памтивек. На почетокот од третата деценија на 21 век, општината Свети Николе располага со туристички потенцијал што може позитивно да повлијае на целата економија во регионот. Општината Свети ...
Шпаркасе Банка започна нова кампања за депозитни производи под мотото „Висока, повисока, највисока каматна стапка“, со фокус на Депозит плус – производ со атрактивна понуда за штедење што носи повисоки фиксни каматни стапки за различни вредносни рангови, нови рочности и поголема флексибилност за клиентите при планирањето на нивните финансиски цели. Во рамките на промотивниот период, кој трае до 31.7.2026 година, клиентите имаат можност да ...
Во ЦК „Марко Цепенков“ денеска се одржа прес-конференција на која беше најавена премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“. Премиерата ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“, а станува збор за втора премиера на театарот за 2026 година, поддржана од ...