Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Средствата што Европската Унија ќе ги додели по признанието од Европската комисија за исполнетите реформи ќе се слеат главно во државниот Буџет, а распределбата за Министерството за образование и наука ќе ја утврди Министерството за финансии, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска пред почетокот на одбележувањето на 77 години постоење на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Јаневска нагласи дека очекува ...
Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура, објави Македонската опера и балет. – Ристе Велков ...
Истражување на „Фајненшл тајмс“ за ефектите на американската блокада врз Ормускиот Теснец Иран е принуден да складира нафта на стари танкери закотвени во Персискиот Залив, бидејќи блокадата на САД остро ја ограничува способноста на земјата да извезува сурова нафта на Далечниот Исток, објавува „Фајненшл тајмс“. Изданието, повикувајќи се на податоци од организацијата „Обединети против нуклеарен Иран“ (УАНИ), соопшти дека околу 39 танкери што ...
Еден од водечките македонски баритони, Ристе Велков е меѓу загинатите во тешката сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на скопската обиколница, потврдија од Национална опера и балет. Претходно Министерството за внатрешни работи информира дека четири лица загинале во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. МВР информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е ...
Италија како најнова слика за враќањето на Европа кон нуклеарната енергија Во тивка, но историска политичка пресвртница, Италија се подготвува за своето најголемо враќање кон нуклеарната енергија по речиси четири децении. Владата на премиерката Џорџа Мелони најави дека до летото, во Италија ќе биде усвоен нов закон за нуклеарна енергија, со што Рим формално ќе ја отвори вратата за повторно производство на атомска електрична енергија. Овој ...
Летното сметање на времето би можело да остане во сила во текот на целата година во САД, според новиот предлог-закон во Претставничкиот дом кој вчера ја оживеа идејата за укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовникот. Комисијата за енергетика и трговија при Претставничкиот дом гласаше со 48 гласа „за“ и само еден „против“ за таканаречениот „Закон за заштита на сонцето“, со кој оваа промена најверојатно би се имплементирала ...
Германската компанија „Костал“ во Охрид е инвестиција што претставува инспирација за сите нас да продолжиме заедно и во годините што следуваат – да се надополнуваме, да се поддржуваме и заеднички да напредуваме – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на прославата по повод 10-годишнината од работењето на „Костал“ во Македонија. Една деценија, според него, е доволно долг период за да можеме да се навратиме наназад и да ...
(Не)справувањето на ЕУ со предизвикот поврзан со мигрантите поттикна барања за преиспитување на европската регулатива и на судската пракса на судското тело во Советот на Европа Италија под водство на владата на премиерката Џорџа Мелони и Данска, предводена од премиерката Мете Фредериксен, поддржани од седум други земји, на 22 мај минатата година започнаа офанзива оквалификувана како исклучително силна, во врска со европската регулатива ...
Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје неодамна започна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во копродукција помеѓу театарот „Златен Елец“ и Центарот за култура во Битола, но покрај матичната сцена за претставата, планот е да патува насекаде низ државата како дел од редовната практика на овој независен театар. Во претставата играат актерките Илина Чоревска и ...
Месечната членарина за вежбалница или за друга физичка активност на многумина им изгледа како непотребен трошок на почетокот, нешто што може да се одложи за „подобро време“. Меѓутоа, со текот на времето, станува јасно дека редовното движење не е луксуз, туку основа на секојдневното функционирање. Тоа влијае на нивото на енергија, концентрацијата, квалитетот на спиењето и отпорноста на стрес. Кога се чувствувате подобро во сопственото тело, ...
Одбележување на творештвото на македонскиот просветител по повод годишнината од неговата канонизација На денешен ден, на 22 мај 2022 година, е канонизиран и вброен во диптихот на светиите Свети праведен Јоаким Крчовски (1750-1820) – светец и првиот македонски просветител, кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на 19 век. Предлогот на Кумановско-осоговската епархија да ...
Македонскиот стрип на европско ниво Сомбор една недела беше регионален центар на деветтата уметност. Од 11 до 17 мај, градот го пречека 11-от Меѓународен фестивал на стрип и фантастика, кој преку изложби и работилници спои автори од Србија, Италија, Македонија и од регионот. Програмата започна со изложбата „Најдоброто од Балканска смотра“ на Марко Стојановиќ, а централен настан беше поставката „Современ италијански стрип – мајстори на ...
Вештачката интелигенција постојано се развива, а разни модели се покажаа како супериорни во однос на луѓето во одредени активности. Сега тие би можеле да бараат инспирација за следната фаза во природата. Научниците од Универзитетот во Шефилд тврдат дека брзите реакции на винските мушички и другите инсекти би можеле да се користат за револуционерни промени во системите за вештачка интелигенција наменети за автономни автомобили. Додека ги ...
Европскиот центар за среднорочни временски прогнози во петокот предупреди дека температурите на океаните се приближуваат кон рекордни нивоа, бидејќи условите се менуваат кон потенцијално силен временски феномен Ел нињо. Саманта Бургес рече дека температурите на површината на морето во последните денови се само малку под историскиот рекорд од 2024 година и се чини дека мај ќе го сруши сопствениот рекорд. Прашање на денови е кога повторно ќе ...
Со доаѓањето на потоплите денови, многумина бараат начини да се движат повеќе, да поминуваат време на отворено и во исто време да направат нешто добро за сопственото здравје и кондиција. Без разлика дали целта е губење тежина, подобра кондиција или едноставно чувство на виталност, изборот на вистинската активност може да игра голема улога. Подолу е споредбата на четири популарни форми на рекреација – возење ролерки, возење велосипед, пилатес ...
По повод Меѓународниот ден на музеите, во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“. Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава. Во постојаната нумизматичка поставка се изложени околу 2.500 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран. – Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормускиот Теснец. Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил ...
Во април е регистриран годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка – Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ – се наведува во соопштението од Народна Банка. На годишна основа, вкупните кредити, пак, забележале раст од 13,3 отсто, како резултат на зголеменото ...
Времето денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, променливо ...
Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје. Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош, пренесе МИА. ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци ...
Четири лица загинаа во сообраќајната несреќа, која се случила синоќа на обиколница на Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над ...
Инцидентите во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија како повод Фудбалот отсекогаш бил повеќе од игра. Во Македонија, како и на Балканот, трибините често биле место каде што се судираат политички агенди, национални фрустрации и етнички тензии. Но она што се случи на финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија (1-0), одигран завчера на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во организација на Фудбалската ...
Од редакциски агол Постојат порази што болат. Постојат финалиња што оставаат горчина. Постојат навивачки испади што ја преминуваат границата на спортскиот вкус. Но она што Македонија го виде на трибините за време на финалето во Купот не беше обичен инцидент. Тоа беше демонстрација на презир кон државата. И тука веќе не станува збор за фудбал. Кога се исвиркува македонската химна, кога не се станува во чест на државните симболи, кога се ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад. Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика ...
Сите приказни кои водат кон загрозување и потпалување на меѓуетнички тензии се опасни и се неприфатливи, а тие кои не внимаваат на меѓуетничките односи коишто се премногу важни, се неодговорни, порача вечерва претседателот на Собранието Африм Гаши. Гаши вечерва во интервју на ТВ Телма оцени дека темите поврзани со меѓуетничките односи не смеат да се користат за дневнополитички пресметки. – Не сакам да зборувам за себе лично, мислам дека со ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг сподели информации со рускиот претседател Владимир Путин за време на неформалната средба на чај во Москва за неодамнешната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Па, секако дека сподели информации за посетата на Трамп. Тоа беше многу, многу детален разговор, вклучително и за тоа – рече Песков. Трамп престојуваше во тридневна посета на Кина, ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Силјановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...
Работната група за реформи во Изборното законодавство денеска на седница разгледала повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и како што соопшти Министерството за правда најголем дел од препораките се прифатливи и наскоро ќе има законско решение. На седницата биле усвоени повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата била отворена дополнителна ...
Австриското правосудство поведе кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево – пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно ...
Случаите на бактериски сексуално преносливи заболувања нагло се зголемија во Европа – соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ). Пријавените случаи на гонореја и сифилис достигнаа највисоко ниво за повеќе од една деценија во 2024 година, според здравствената агенција на Европската Унија со седиште во Солна, Шведска. Официјално, во 14-те земји што обезбедија податоци регистриран е 106.331 случај на ...