Австралијка од Бризбејн родила четири идентични девојчиња зачнати по природен пат – исклучително редок случај што се проценува на приближно еден на 15 милиони бремености, пренесува Ројтерс (Reuters). Четирите девојчиња настанале од една оплодена јајце-клетка која се поделила на четири, а во текот на бременоста сите делеле една плацента. Специјалистката за фетална медицина Алекса Бендал од Кралската болница за жени во Бризбејн вели дека ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска регистрира рекорден број активни пожари во текот на ова лето. До 17 часот на територијата на државата биле евидентирани вкупно 21 пожар, пренесе МИА. Директорот на ЦУК, Мухамед Али, информираше дека службите се максимално ангажирани на терен, со цел локализирање и целосно гасење на пожарите. Активни пожари се регистрирани на следните локации: Општина Македонски Брод – месноста Видуш, во близина ...

Украина, преку механизмот за итен одговор на НАТО, побара меѓународна помош за зајакнување на капацитетите за деминирање и отстранување експлозивни направи, соопшти денеска НАТО. Државната служба за вонредни состојби на Украина (СЕСУ) изјави дека поради руските напади, голем дел од земјата е со мини и други експлозивни направи, што претставува сериозна закана за цивилите и критичната инфраструктура, се вели во соопштението. Деминирањето е ...

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево најостро ги демантираше информациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата ешерихија коли (Escherichia coli) во водата за пиење во Скопје. Направени се дополнителни анализи и водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба, велат оттаму. Јавното претпријатие најави дека ќе поднесе соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи за субјектите и центрите ...

Хрватска повеќе не увезува само сезонци – ја увезува идната работна сила: Во Хрватска одамна не се поставува прашањето дали ќе има туристичка сезона, туку дали ќе има доволно луѓе што ќе ја изработат. Хотелите, рестораните, градежните компании, транспортните претпријатија и производствените капацитети веќе неколку години функционираат во услови на хроничен недостиг од работна сила, а решението сè повеќе го наоѓаат во увоз на работници од ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што велат за МИА од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. -Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, ...

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Како што се наведува во соопштението на Обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на ...

Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Од Министерството ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење и нема никаква ешехерија или други бактерии, нагласи денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тврди дека станува збор за ширење злонамерни дезинформации и создавање хистерија. Тој најави одговорност за оние кои со тоа ја вознемируваат јавноста и предиздивикуваат паника кај наслението. Не исклучува зад тоа да стојат и обиди за политичко профитерство од одредени структури. ...

Кама е оружје што било користено или се користи од страна на народите од Кавказот, Блискиот Исток и Балканскиот Полуостров. Името на ова ладно оружје најверојатно потекнува од адигејскиот збор кама што означува нож или бодеж. На Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија, камата како оружје пристигнува по проширувањето на Османлиското Царство. Во 16 век османлиските ками биле симбол на моќната османлиската аристократија, а во тој ...

Со панел-дискусија посветена на досегашната имплементација и идните предизвици беше одбележана 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во Клубот на пратениците. На панелот беше истакната потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција, како и подобрување на квалитетот на јавните услуги. На панелот ...

Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на ...

Епидемија е прогласена во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во населените места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери Во земјава се регистрирани 26 случаи на западнонилска треска, од кои 25 се во Скопје, а еден во Велес. Центарот за јавно здравје Скопје вчера прогласи епидемија во одредени зафатени општини и населени места во главниот град. На денешната прес-конференција заменик-министерот за ...

По периодот на високи температури, во следните два дена се очекува промена на времето. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според УХМР, локално временските процеси ќе имаат интензивен карактер и ќе бидат проследени со силен ветер, а постојат и услови за појава на град. Со продорот на нестабилниот воздух, температурите ќе опаднат за неколку степени. Во Скопје утре се очекува променливо облачно ...

Објектот во кој функционирала дискотеката „Пулс“ во Кочани не смеел да биде пренаменет од индустриски во угостителски објект, согласно урбанистичко-планската документација и Законот за градење, сведочеше денеска вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ на судењето за пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесе МИА. Ангелковиќ, која е член на тимот што го изработил градежното вештачење, посочи дека на локацијата од 1998 ...

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа прекрасна вечер во црквата „Света Софија“ ја посветија на дела создадени во барокот. Доловувањето на сиот раскош на барокот започна со едно од најпознатите дела на италијанскиот композитор Антонио Бонпорти, Инвенција оп.10 бр 4 ге-мол за виолина и басо континуо, а потоа беа ...

Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и ...

Веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, бројот на трансакции преку платформата во јули достигнал 3,5 милиони, што претставува зголемување од 130 проценти во споредба со истиот период минатата година. – Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на ...

Европската Унија разгледува измени во правилата за проширување поради сè поголемата загриженост дека забрзаниот прием на нови членки би можел да го отежне или блокира носењето клучни одлуки во Унијата, објавува „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Иако земјите членки јавно ја поддржуваат политиката на проширување, во некои од највлијателните престолнини, меѓу кои Париз, Берлин и Хаг, постои резервираност кон значително ...

Жителите на северната хемисфера денеска ќе имаат можност да проследат редок астрономски спектакл – помрачување на Сонцето. Во зависност од локацијата, феноменот ќе биде видлив како целосно или делумно затемнување. Помрачувањето се случува кога Месечината ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето, при што целосно или делумно ја блокира сончевата светлина. Целосното помрачување ќе биде видливо на Гренланд, Исланд, северот на Русија, делови од ...

Ниту политичката ниту правната логика од 2001 година не е идентична со оваа од 2026 година Повод: Еден месец Собранието е заглавено во политичка и процедурална блокада околу Законот за правична и соодветна застапеност, заедно со три закони од областа на високото образование. Но блокадата не завршува тука. Албанската опозиција најавува опструкција и уште на шест законски решенија – Законот за правата на заедниците што се помалку од 20 отсто ...

Иако најчесто се поврзува со повозрасните, деменцијата може да се појави и кај помлади лица кои немаат други здравствени проблеми. Експертите нагласуваат дека раното препознавање на симптомите е важно за откривање на причината, поставување дијагноза и навремено започнување со третман. Еден од облиците што може да се појави во помлада возраст е фронтотемпоралната деменција (ФТД), која најчесто се јавува меѓу 45 и 65 години поради оштетување на ...

Бројот на загинатите во разорниот земјотрес што ја погоди западна Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините, пренесе „Си-ен-ен“. Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени го погоди регионот во понеделникот, 10 август, предизвикувајќи големи разурнувања во повеќе градови. Најтешко погоден е регионот познат по производството на кафе, а потресот се смета за најсмртоносниот во ...

Владата на колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела најави прогласување „вонредна економска состојба“ во земјата, со цел да се обезбедат дополнителни средства и да им се помогне на жртвите од разорниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што во понеделникот го погоди департманот Чоко. Земјотресот предизвика големи разурнувања во западниот дел на земјата, а бројот на загинатите според најновите информации надмина 250 лица. ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот е зголемен на патните правци надвор од градските средини поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце“, за излез од земјава, се чека околу еден час. Приближно толку се чека и на граничниот премин „Богородица“, исто така за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги ...

Ако некогаш сте биле во Обединетите Арапски Емирати или сте гледале снимки од Дубаи и Абу Даби, веројатно сте забележале интересен детаљ, речиси сите мажи носат бела облека, додека жените се претежно облечени во црно. На прв поглед изгледа како строго правило, но зад овој избор лежи комбинација од традиција, клима и културни обичаи. Во земја во која летните температури често надминуваат 45 степени, белата ткаенина рефлектира голем дел од ...

Бројот на девојчиња на возраст од 10 до 17 години кои биле хоспитализирани во Германија поради нарушувања во исхраната повеќе од двојно се зголемил во периодот од 2004 до 2024 година, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика. Според објавените податоци, бројот на хоспитализирани девојчиња во оваа возрасна група се зголемил од околу 2.800 во 2004 година на приближно 6.000 во 2024 година. Со тоа, девојчињата на возраст од 10 до ...

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (21) Урбанистичкиот, социоекономскиот и здравствениот профил на македонските градови за време на Османлиското Царство во XVII век е нераскинливо поврзан со делата на османлиските патописци, меѓу кои централно и најдоминантно место зазема Евлија Челебија. Неговото капитално дело во десет тома, „Seyahatname“ („Книга за патувањата“), претставува важна енциклопедиска синтеза ...

Белите чорапи обично стануваат сиви поради нечистотија од подови, чевли, неправилно перење и остатоци од детергент што се таложат во влакната. Постојат неагресивни решенија што можат да ја вратат белината на чорапите без хлорно белило. Редовното перење по секое носење и правилното сортирање на алиштата за перење е најдобриот начин белите чорапи да изгледаат како нови долго време. Белите чорапи најбрзо ја губат својата оригинална боја. ...

Романските власти започнаа итни работи за продлабочување на коритото на Дунав, со цел да се зголеми протокот кон единствената нуклеарна централа во земјата, АЕЦ „Черна Вода“. Мерката следува откако компанијата „Нуклеарелектрика“ предупреди дека вториот реактор би можел да биде исклучен на 13 август поради историски нискиот водостој. Првиот реактор веќе е превентивно исклучен поради сушата. Денеска протокот на Дунав на влезот во Романија ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42