Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, а во одделни подрачја можно е и краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град. Утринските температури ќе се движат меѓу 11 и 20 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 28 до 34 степени. Во Скопје ...
Властите на Гренланд го запреа планираното дупчење на нафта од страна на американската компанија „Гренланд Енерџи“, поврзана со американскиот претседател Доналд Трамп, со што се спротивставија на најавите дека експлоатацијата на нафта на арктичката територија би можела да започне уште следната година, објави „Гардијан“. Одлуката доаѓа во период на зголемени тензии околу иднината на Гренланд, откако Трамп повеќепати ја истакна својата намера ...
Ерупцијата на вулканот Етна предизвика сериозни проблеми во воздушниот сообраќај на Сицилија, а туристичкиот сектор на островот веќе бележи загуби од околу 24 милиони евра, според проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради насобраниот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, 12 август, биле откажани околу 700 летови, додека повеќе од 400 ...
МВР досега повика 13 лица на информативен разговор во рамки на истрагата за ширењето лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје била загадена, пренесе МИА. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика информираат дека со сите 13 лица бил извршен службен разговор. Тие навеле дека објавите или информациите ги споделиле откако претходно виделе слична содржина на социјалните мрежи или ја слушнале ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил гаранцијата во имот вреден 508.000 евра. Одлуката е донесена по позитивното мислење на Обвинителството, а на Ѓорѓиоски му се определени мерки на претпазливост – редовно јавување во суд и одземање на патната исправа, пренесе МИА. Притворот е укинат и за уште две лица, Томислав Младеновски и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица, кои ги товари дека како соизвршители сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, со нивното постапување на „Државна лотарија“ ѝ била причинета штета од 507.632.173 денари, пренесе МИА. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој речиси една година е недостапен за органите ...
Соединетите Американски Држави се очекува до 30 септември да го завршат повлекувањето на преостанатите американски сили од Ирак, со што би завршило американското воено присуство во земјата што започна со инвазијата во 2003 година. Американски претставник потврдил дека повлекувањето се одвива според планираниот рок, но не соопштил колку американски војници во моментов се наоѓаат во Ирак ниту каде би биле прераспоредени. Ирачкиот премиер Али ел ...
Секоја година во средината на август Земјата поминува низ трагата од прашина што зад себе ја оставила кометата Свифт Татл. Таа својата орбита околу Сонцето ја поминуваа за 133 години. Тие зрнца, не поголеми од зрно песок, влетуваат во атмосферата на нашата земја со брзина од речиси шеесет километри во секунда (повеќе од 200 000 км/ч). На таа брзина воздухот пред нив се збива и вжарува, зрното испарува на далечина од стотина километри над нас ...
Во Грција во изминатата седмица се регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број заразени од почетокот на летото достигна 110. Во истиот период се регистрирани и три нови смртни случаи, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од вкупно 110 заразени, кај 81 пациент биле забележани симптоми поврзани со централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна парализа. ...
Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, почнува вечерва и трае до 16 август, во организација на Радио „Џез ФМ“ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информира денеска СВР Охрид, пренесе МИА. Според информациите од полицијата, во 14.32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. Екипа на Итната медицинска помош се обидела да го реанимира, но лекарите набргу констатирале смрт. На телото немало видливи повреди. При извршениот увид било утврдено дека станува збор за ...
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово бил пронајден починат пред зграда на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пренесе МИА. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека околу 9.25 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот има лице со повреди. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и утврдиле дека станува збор за ...
Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата, пренесе МИА. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат ...
Министерството за внатрешни работи продолжува со истрагата за ширењето лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli, пренесе МИА. Од МВР за МИА информираат дека Секторот за компјутерски криминал презема мерки за утврдување на профилите од кои биле објавувани повиците граѓаните да не ја користат водата. Дел од лицата веќе се повикуваат на информативен разговор. -По завршување ...
Токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, д-р Андон Чибишев, реагираше на информациите што вчера предизвикаа паника меѓу граѓаните на Скопје, според кои водата за пиење во главниот град била загадена со бактеријата Escherichia coli, пренесе МИА. Во објава на својот Фејсбук-профил, Чибишев изрази недоумение околу мотивите за ширење на вакви информации и посочи дека евентуалното присуство на бактеријата во водата за пиење би ...
Македонија бележи значителен напредок на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и заземајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со 84,17 поени од можни 100, земјата е оценета со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и справување со сајбер-инциденти, соопшти Министерството за дигитална трансформација. Според Министерството, подобрувањето е забележано и во меѓународните ...
Претходната ноќ на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник за пијаното. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“, тој празник го приреди младиот пијанистички виртуоз од Кина Сихенг Сонг кој ги демонстрира не само неговата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат, туку и чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа. Поради неговите маркантни динамички ...
Има работи за кои е апсурдно да постојат внатрешни поделби и кавги Во динамичен свет во кој работите се менуваат брзо како никогаш досега, повеќе од важно е да постои внатрешно единство за да може државата да се заштити од егзистенцијалните атаки, кои стануваат нова реалност во овие денешни непредвидливи времиња. Меѓупартиската борба на програми, идеи, концепти, решенија и проекти треба да продолжи, како што и му прилега на едно демократско ...
Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...
Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август. Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како и на сцената Долни Сарај. На првата џез вечер, на 13 август, се ...
Иран го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД воспоставиле „целосна контрола“ врз Ормуската Теснина, оценувајќи дека стратешкиот поморски коридор и натаму е блокиран. Иранската служба за контрола на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив преку платформата „Икс“ соопшти дека повторените изјави на американски претставници за укинување на блокадата не ја менуваат состојбата на терен. Од Техеран порачаа дека ...
Набљудувачите на небото ќе бидат почестени не со еден, туку со два импресивни астрономски настани во рок од само неколку часа – метеорски дожд и делумно затемнување на Сонцето Метеорскиот дожд ќе го достигне својот врв вечерва. Љубителите на ноќното небо ќе можат да уживаат во спектаклот на светли метеори што се движат брзо и изгледаат како рој ѕвезди што паѓаат. Условите за набљудувањето на метеорскиот дожд засега се поволни, така што сѐ што ...
Британски научници ќе создаваат минијатурни човечки органи од клетки на пациенти, со надеж дека ќе добијат попрецизни модели за тестирање нови лекови и ќе ја намалат потребата од експерименти врз животни, пишува Гардијан (The Guardian). Таканаречените органоиди се мали тридимензионални структури од човечки клетки кои можат да имитираат важни карактеристики на вистинските органи и начинот на кој тие реагираат на болест или терапија. ...
Ормуз повеќе не е само географски теснец, тоа е главниот преговарачки лост Пред војната, Ормускиот Теснец беше глобална енергетска артерија. Денес тој е нешто многу повеќе. Главниот политички залог преку кој Вашингтон и Техеран се обидуваат да ја дефинираат победата. Речиси една петтина од светските нафтени текови вообичаено поминуваат низ оваа теснина, а прекините во пловидбата веќе предизвикуваат сериозни последици на енергетските пазари. ...
Историски трилер Гаврило се насмеа: – Не, нема да се напијам, лажен грофу Смирнов. Ако го сторам тоа, никогаш нема да дојдеш до посакуваното богатство, а мене ќе ме снема. Од кој отров ставивте во коњакот? Роман Василевич Дворников стана и направи круг околу столот за да биде поблиску до Гаврило. Без да размислува, тој му залепи една врела шлаканица. Гаврило полека стана. Во неговите очи фркаа молњи. Ударот со тупаница што Дворников не го ...
Мегаанализа на актуелните политичко-безбедносни состојби и напорите за излез од војната на Блискиот Исток во највисоките табори на засегнатите страни – Вашингтон и Техеран Американскиот претседател веќе формира политичка волја за да стави точка на војната со Иран, но бара модус преку кој ќе може да прогласи победа. Варијантите на Трамп за доведување до „крај на војната“ се движат од „безусловна капитулација“ до „намалување на ритамот“ на ...
Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација На прв поглед, бројките звучат импресивно. Русија со стапка на невработеност од околу 2,2 oтсто, Мексико со 2,4 отсто, а веднаш зад нив Јапонија и Јужна Кореја со 2,7 отсто. На спротивниот крај на табелата, драматична слика во Јужна Африка со над 30-отстотна невработеност… Овие податоци не се само статистика. Тие се огледало на длабоки ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и невремиња проследени со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 10 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 30 до 37 ...
И покрај зголемениот број барања за лични документи во летниот период, издавањето патни исправи се одвива непречено и без подолги рокови на чекање, информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА, пренесе МИА. Во текот на јули биле поднесени околу 55.000 барања за лични документи, меѓу кои и за патни исправи. Од МВР велат дека во редовна постапка термин за поднесување барање се добива во рок од еден до два дена, додека документите се ...
Западнонилската треска најчесто се поврзува со најтоплите месеци, но ризикот од инфекција не исчезнува кога ќе поминат јулските горештини. Напротив, најголем дел од случаите кај луѓето во Европа се регистрираат меѓу јули и септември, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC). Причината е во начинот на кој вирусот се шири во природата. Западнонилскиот вирус циркулира меѓу птиците и комарците, ...