Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Знаме со 12, наместо со осум краци, синоќа беше прикажано на големата прослава во Охрид како дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ беше одржан на стадионот „Билјанини извори“. Охрид беше првата станица од најавената турнеја, која треба да опфати 11 македонски градови. Завршниот настан е најавен за 4 септември во Скопје. „Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија ...
Шумски пожари повторно се разгореа во југозападна Франција, заканувајќи се на неколку градови, а властите се подготвуваат за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе. Иако ситуацијата изгледаше под контрола кон крајот на минатата недела, екстремната топлина и силните ветрови ја влошија ситуацијата на терен во текот на викендот. Низ јужна Европа, особено во Шпанија и Франција, пожарникарите со недели се борат со пожари кои уништија стотици ...
Македонија синоќа во Охрид почна да ја раскажува својата 35-годишна приказна низ музика, стих, театар и современ сценски израз. На стадионот „Билјанини извори“ започна големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, во кој повеќе од 30 изведувачи ги споија различните генерации, жанрови и музички јазици во приказна посветена на 35 години независност. Низ музички настапи, театарски извадоци, поезија и современ сценски израз, спектаклот ...
Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. Прекрасниот ...
Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е во Санкт Петербург, каде што започнува да учи харфа во ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени лекови може да влијаат врз ...
Украина ќе одговори на секој руски напад, а војната се повеќе ќе се чувствува на територијата на Русија, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Постојат целосно праведни одговори, на секој руски удар ќе има наш одговор. Руската војна се повеќе ќе се чувствува во нивниот дом, во Русија“, нагласи Зеленски. Тој им се заблагодари на вооружените сили на Украина и на Службата за безбедност на Украина, наведувајќи дека ...
Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...
Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со испорака во септември поскапе ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го назначи Вил Шарф, актуелен секретар за персонал на Белата куќа, за правен советник на Белата куќа и помошник на претседателот. Како што се посочува во соопштението од Белата куќа, Шарф ќе ја преземе функцијата на 1 септември, заменувајќи го Дејвид Ворингтон кој ја напушта администрацијата и ќе продолжи да работи во приватниот сектор. Ворингтон беше личен правен советник и адвокат на Трамп за ...
Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го забрза производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да обезбеди „оружјето што им е потребно на нашите војници со темпото што го бара заканата“. Парнел потврди дека министерството се обидело да го забрза ...
Западна Европа ги забележа најтоплите јуни и јули откако започнаа мерењата, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Ова е за 2,79 степени повисоко од просекот за периодот од 1991 до 2020 година, објави во понеделник одделот за климатски промени на европската програма Коперник, пренесува Хина. На рекордните температури им претходеше невообичаено долг период на топлина што започна кон крајот на пролетта, за време на кој беа ...
Американски борбени авиони пресретнале два авиона кои влегле во привремено ограничена зона за летање околу голф-клубот на претседателот Доналд Трамп во Бедминстер, во сојузната држава Њу Џерси, јавија американските медиуми и воените власти, пренесе ДПА. Северноамериканската команда за воздушно-космичка одбрана (НОРАД) потврди дека борбени авиони Ф-16 вчера ги пресретнале двата авиона и безбедно ги придружувале надвор од ограничениот воздушен ...
Во нападите на јеменските бунтовници Хути врз пристаништето Мока загинаа седум лица, меѓу кои четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили, а уште 30 лица се ранети, соопшти јеменската армија. „ Четворица припадници на вооружените сили и тројца цивили беа убиени, а уште 30 лица се ранети“ – се наведува во соопштението на јеменската армија објавено утринава. Во соопштението се додава дека силите за противвоздушна одбрана ...
Ниското ниво на водата може да доведе до прекин на товарниот сообраќај на клучен дел од реката Рајна и да ја подели таа витална европска речна артерија на два дела, предупреди денеска Германската федерална асоцијација за речна пловидба. Јенс Шванен, извршниот директор на Асоцијацијата, за весникот „Рајнише пост“ изјави дека се очекува нивото на водата кај Кауб поради недостигот од врнежи да падне под едноцифрена вредност. Мерната станицата ...
Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО. Без напојување во ...
Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот. Без вода денеска ...
Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе положи цвеќе во спомен на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, во рамки на чествувањето делегацијата ќе положи цвеќе на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители. Во 8 ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Лондон– Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија поддршката во текот ...
Елон Маск систематски ја прикажува Европа од 2024 година како континент кој се урива под товарот на криминалот, миграцијата и недостатокот на слобода на говорот. Во разговор со главниот уредник на Економист, Зани Минтон Бедос неодамна тврдеше дека има многу места во Европа каде што повеќе не е безбедно да се оди. Големината на насилството од страна на Маск Дебатата започна откако Маск на неговата платформа X го препорача филмот „Граѓанин ...
Пекинг – Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки центар-НМЦ (NMC) на ...
Дамаск – По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА. Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во пристаништето Тартус, што ќе овозможи ...
Бирмингем – Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика на кое маратонецот Дарио Ивановски ќе биде единствен македонски натпреварувач. Маратонската трка на програмата е на 16 август со почеток во 8:10 часот по македонско време. На трката ќе настапат 64 маратонци, а Ивановски е рангиран на 36. место и обезбедена норма со одличните резултати. Ивановски, кој во февруари 2024 година во Севиља го постави државниот рекорд со време ...
Техеран – Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, иако иранската агенција не кажа кога или каде е снимена сцената. Десната половина од лицето на Хамнеи не може да се види ...
Кочани добива ретко убава и позитивна вест од Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската Општата болница. Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани. -Ова е една позитивна вест. Во последните два дена ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со ...
Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година. Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и ...
Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата Барби со потписи. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ – облечена во розов, тесен фустан со миди, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од ...