Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез планираат свадба во Мадеира овој викенд, а медиумите известуваат дека прославата ќе се одржи во луксузниот хотел Савој Палас во Фуншал. Парот, кој е заедно од 2016 година, наводно ќе ги разменуваат своите брачни завети во катедралата во Фуншал, а потоа ќе ја продолжат прославата во хотелот Савој Палас, една од најпознатите луксузни згради во Мадеира. Хотелот има 352 соби, шест базени, спа центар, ...
Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори. Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција во Скопје. -Фестивалот ...
Оваа година е потврдено дека повеќе од 240 луѓе низ Европа се заразени со вирусот Западен Нил. Според неделниот извештај објавен во петок од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на инфекција се регистрирани од почетокот на сезоната на пренос на вирусот до среда. ECDC вели дека 139 случаи се регистрирани во Италија и 61 во Грција. Други инфекции се регистрирани во Шпанија, 17 од нив, додека 13 случаи ...
Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, на 12 август пристигнува во Велес, во паркот пред Општина Велес, во 20:30 часот, соопошти Авалон. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од ...
Најмалку три лица, вклучувајќи едно дете, беа убиени во ноќните руски напади во близина на Киев. Во раните утрински часови во саботата, ракети паднаа источно од главниот град, а сведоците рекоа дека слушнале гласни експлозии само неколку дена откако нападите низ Украина во кои загинаа 21 лице. Станбени згради и автомобили беа оштетени, додека пожарот избувна во друга зграда, изјави шефот на регионалната воена администрација, Тимур Ткаченко. ...
Поделениот федерален апелационен суд во петокот пресуди дека администрацијата на Доналд Трамп мора да ја запре изградбата на балската сала во Белата куќа, вредна 400 милиони долари, бидејќи Конгресот не го одобри проектот, одлука што тој ја оцени како „неправедна“, додека ветуваше дека ќе поднесе жалба до највисокиот суд во земјата, пренесува Асошиејтед Прес. Трамп нема еднострано овластување да изгради балска сала од 8.400 квадратни метри ...
Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија. Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли. Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во ...
Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Јемен, Ханс Грундберг, синоќа предупреди за нова ескалација на насилството во Јемен, пренесува ДПА. „Јемен денеска се соочува со поголем ризик од обновен конфликт од големи размери отколку во кој било момент од примирјето посредувано од ОН во април 2022 година“, напиша тој на Икс. Грундберг рече дека неодамнешните напади на јеменската милиција Хути, поврзана со Иран, во Ма’риб и Хадрамавт, ...
Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја. Шпанија објави дека мерките ...
Центарот за климатски промени денеска организира Соларен саем, што ќе се одржи од 10 до 13 часот на Градскиот плоштад во Кичево. Настанот има за цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. Посетителите ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер-граѓанин кој произведува и троши ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде викендов и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека денеска ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со ...
Некои луѓе едноставно имаат посебна енергија што привлекува погледи и освојува срца. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се познати по својот шарм, самодоверба и способност да остават силен впечаток кај другите. Секако, хороскопскиот знак не го одредува карактерот на една личност, но многу љубители на астрологијата веруваат дека одредени особини почесто ги поврзуваме со одредени знаци. Па, кој е најчесто на листата на најголемите ...
Сенатот на американскиот Конгрес денеска со големо мнозинство усвои пакет нови санкции против Русија. За мерките гласаа 86 сенатори, додека 11 беа против. Новите санкции пред сè се насочени кон рускиот сектор за јаглеводороди. Пакетот предвидува санкции против држави кои продолжуваат да купуваат руска нафта, природен гас и други руски суровини, со цел да се ограничат приходите со кои Кремљ ја финансира војната. Според американски медиуми, ова ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Италија го отфрла ултиматумот на Шпанија за прекин на граничните проверки по воздушен и поморски пат до 9 август, јави АНСА. Рим ја суспендираше примената на Шенгенскиот договор кон Шпанија по навлегувањето на илјадници мигранти во шпанската енклава Сеута во Северна Африка минатата недела. – Италија не прифаќа ултиматуми или наредби од други држави кога станува збор за нејзината ...
Посетителите се собираат околу штандот на саудиската нафтена компанија (Арамко) за време на Меѓународната изложба и конференција за нафта и гас во Абу Даби, која собира повеќе од 2.250 изложувачи (Фото: EPA-EFE) За прв пат од 1985 година, САД не увезоа ниту еден барел сурова нафта од Саудиска Арабија цел календарски месец. Прелиминарните податоци објавени во среда од Министерството за енергетика на САД покажаа дека увозот на нафта од ...
Унгарската нафтена компанија МОЛ соопшти дека преговорите за купување на мнозинскиот руски удел од 56,15 проценти во Српската нафтена индустрија (НИС) влегуваат во завршна фаза. Во извештајот за финансиските резултати за вториот квартал од годинава, МОЛ го издвои потпишувањето на договорот меѓу акционерите за идното управување со НИС, склучен на 16 јуни со Владата на Србија, како еден од „најважните настани“. Канцеларијата за контрола на ...
Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата – изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар каде ќе бидат сместени 20-тината дата центри коишто сега се распоредени низ целата држава. ...
Папата Лав XIV ќе се сретне со жртви на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот во петокот, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француски бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Средба со жртви на злоупотреба Во посебна изјава, Ватикан потврди дека Папата ќе се сретне со неколку жртви на злоупотреба и истакна ...
Рускиот Врховен суд на 10 август ќе ја разгледува тужбата на партијата „Родина“ за поништување на регистрацијата на кандидатската листа на „Јаблоко“ за изборите за Државната дума, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на судот. – Врховниот суд на Русија закажа разгледување на административниот предмет за поништување на регистрацијата на федералната кандидатска листа на партијата „Јаблоко“ за 10 август 2026 година во 10 часот, соопшти ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина ...
Времето утре ќе биде многу топло, па Управата за хидрометеоролошки работи ја стави целата држава во портокалова фаза. Според нивната прогноза утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се движат од 15 ...
Кафеав тревник за време на летна суша не мора да значи дека е уништен, тој често е природен механизам за заштита. Експертите предупредуваат дека токму во овој период треба да ги избегнувате најчестите грешки што можат дополнително да ја оштетат тревата Кафеав тревник за време на летна суша не мора да значи дека целосно пропаднал. Тревата честопати само влегува во мирување за да ги заштити корените, па затоа најважно е да избегнете неколку ...
Доналд и Меланија Трамп се во брак повеќе од две децении, но се чини дека првата дама сè уште не се навикнала на некои од навиките на својот сопруг. За време на говорот во Лас Вегас оваа недела, американскиот претседател откри дека Меланија воопшто не е воодушевена од неговиот познат танц, или од начинот на кој ги имитира кревачите на тегови на сцената. Тој верува, вели Трамп, дека таквото однесување едноставно „не е претседателски“. За ...
Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги – објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, поради што повремено се ...
Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната – изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот транспорт од ...
Вашингтон – Белата куќа ги налути фановите на Марвел со објава на Инстаграм откако го искористи Спајдермен за промоција на Службата за имиграција и царина (ICE). На официјалниот профил беше објавена монтажа со опис „Вашите пријатели од соседството – агенти на ICE“, што предизвика остри критики на интернет, пишува Euronews. Кампања со Спајдермен Објавата се состои од четири слики од Спајдермен како испукува мрежа што на крајот заробува група ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци. Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги ...
Мадрид – Шпанија ѝ постави рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли наметнати на патниците од Шпанија, што Мадрид го смета за неправедно, дискриминаторско и спротивно на интересите на Европската Унија. Доколку Рим не ја повлече одлуката, администрацијата на премиерот Педро Санчез најави „пропорционални мерки“ за заштита на интересите на своите граѓани, иако не прецизираше за какви мерки станува збор. Во соопштението од петок, ...
Ноќеска околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Во полицискиот билтен се посочува дека, бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана ...
Владата на САД склучи договор од 1,2 милијарди долари со германската енергетска компанија RWE за запирање на нејзините проекти за ветерни електрани на море. RWE потврди дека ќе се повлече од проектите по договор со Министерството за внатрешни работи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Тие планираат да ги пренасочат парите кон конвенционални гасни проекти, пишува BBC News. RWE објави дека ќе ја реинвестира добиената сума, а 900 ...