Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На 26.03.2026 околу 21:40 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж пријави дека околу 19:30 часот во дворот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неговиот татко С.М., неговиот чичко Б.М. и неговите братучеди С.М. и Ф.М., кои употребиле и тврди предмети. На 26.03.2026 во 12:15 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода Ш.Б.(31), постапувајќи по претходна ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност – Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека психофизичката подготвеност претставува клучен столб на функционален и ефикасен безбедносен систем, нагласувајќи дека човечкиот фактор е пресуден за ...
На 27.03.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршија претреси на неколку локации во с.Арнакија, с.Буковиќ и с.Сарај, скопско. При претрес во домот на Х.А. (37) во с.Арнакија пронајдени се марихуана, дигитална вага, 18 семки од канабис и други предмети. Од слобода се лишени Х.А. и Г.С., а по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 27.03.2026 полициски службеници од СВР Скопје извршија претреси на неколку ...
На 26.03.2026 во 18:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Л.(46) од Скопје. Тој, околу 15:35 часот на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје, управувајќи патничко возило „шевролет авео“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки и паркирано патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. При преземање мерки му било извршено алкотестирање ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од село во општина Македонски Брод и Б.Б.(21) од Кичево, управител на правното лице поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, против Б.Б.(45) од с.Пласница поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ и „употреба на исправа со невистините содржини“ и ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави ...
Новото поскапување на горивата по тензиите на Блискиот Исток го зголемува притисокот врз цените и врз семејните буџети. Синдикатите предупредуваат дека трошоците за живот растат побрзо од платите, додека економистите најавуваат дека посилните ефекти допрва ќе се почувствуваат. Глобалниот раст на цената на нафтата по тензиите на Блискиот Исток се заканува со нов инфлаторен бран, во услови кога граѓаните континуирано го чувствуваат ...
Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид – Милано, Виена, Вроцлав, Катовице. „Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот ...
Во овие моменти од север кон Македонија се спушта значително поладен воздух па така обилните врнежи од дожд освен на повисоките места и на планините преминуваат во врнежи од снег и во градовите особено во западните предели од Македонија. Снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина со висина од над 10/15 сантиметри а на повисоките планини таа ќе биде и поголема. Мала снежна покривка може ...
По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова. Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка. -Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го одложи ултиматумот кон Иран за отворање на Ормускиот Теснец. Тој објави дека до 6 април во 20 часот по време на источниот брег на САД нема да има напади врз ирански енергетски постројки, соопшти тој на неговата платформа Трут соушал. Првичната роковна рамка требаше да истече во сабота по средноевропско време. Трамп објасни дека Иран побарал продолжување за седум дена, а тој одлучил да даде ...
Историјата нѐ учи дека добро конектираните лица и деловни субјекти профитираат од кризи. Но, војната во Иран таквата појава ја крева на сосема ново ниво, дури и во време кога САД нудат план од 15 точки за прекин на борбите. За време на конфликтот кој трае речиси еден месец, имаше обвинувања на сметка на трговците со гориво кои ги зголемија цените на бензинските пумпи во рок од неколку часа по првите напади, потоа на големите нафтени ...
Беспилотно летало се урна во близина на село во Романија во четврток, 26 март, по ноќните руски воздушни напади во соседна Украина, објави владата, во најновиот ваков инцидент откако Москва ја нападна Украина. Членката на НАТО, Романија, клучен сојузник на Киев, постојано е сведок на нарушувања на нејзиниот воздушен простор и фрагменти од беспилотни летала што паѓаат на нејзина територија по руската инвазија на Украина во 2022 година. „Во ...
Се очекува соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро да се појави на суд по втор пат во четврток,26 март, речиси три месеци по неговото апсење од страна на американските специјални сили. За време на првото сослушување во јануари, шеесет и тригодишниот политичар се изјасни за невин по обвиненијата што ги покренаа САД пред Федералниот суд во Њујорк, а за возврат ги обвини САД за негово киднапирање. Сослушувањето во четврток е дел од ...
Општина Охрид објавува Јавен повик за користење на финансиски средства од општинскиот буџет, наменети за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам. Финансиската поддршка се обезбедува во рамки на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2026 година, а јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавување, односно до исцрпување на предвидените средства. Општина Охрид ...
Одливот на мозоци одамна не е само статистика – тоа е реалност што секојдневно ја празни Македонија и регионот. Додека илјадници млади заминуваат во потрага по подобри услови за живот и работа, државите се соочуваат со дилемата: дали ова може да стане двонасочен процес наместо еднонасочна улица? На регионална конференција во Скопје, експерти, министри и претставници на меѓународни организации испратија јасна порака дека одливот на мозоци не ...
Нова партија, формализирање на коалиција во политички субјект, преминување пратеници, а подоцна и „освежување“ во Владата, се дел од очекуваните активности во наредниот период на македонската политичка сцена. Албански сојуз е името на новата партија што ја формира пратеникот Зијадин Села. Тој беше дел од опозициската коалиција Европски фронт, предводена од ДУИ, но неодамна излезе од неа. Во Собранието, Села има тројца пратеници, вклучувајќи ...
Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води ...
Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација. Вредноста на инвестицијата за асфалтирањето изнесува 8 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места. Се работи за асфалтирање на улична мрежа со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска и од собраниската говорница порача дека официјален јазик на целата држава е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт. Реџепи побара објаснување за употребата на јазиците, правичната застапеност и причините поради кои, како што рече, „Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора етнички теми“. Пратеникот ...
Кадровски промени во опозициската СДСМ пред партискиот конгрес што ќе се одржи во јуни. На седница на Централниот одбор, партијата избра нови членови на раководните тела. Во Централниот и Извршниот одбор влегоа Соња Стаменкова, Слободан Чокревски, Богданка Кузеска, Тања Илијовска и Рубин Земон. За меѓународен секретар е именуван Андреј Жерновски, а Зоран Трифуновски е избран за втор организациски секретар. Дополнително, партијата распиша ...
На предлог на Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, Советот на Општина Маврово и Ростуше донесе нов Правилник со кој се овозможува доделување еднократна парична помош за завршена стручна обука за возачка дозвола од Б категорија. Оваа мерка е наменета за младите невработени лица на возраст од 16 до 24 години кои се со постојано живеалиште во нашата општина. Потребни документи за аплицирање: – Важечки документ за ...
Како што се интензивира неизвесноста околу индиректните преговори меѓу Вашингтон и Техеран, воздушните напади врз Иран, Израел и околните држави исто така продолжија. Во меѓувреме, Пентагон, иако не ги признава медиумските извештаи за недостиг, соопшти дека склучил договори со неколку американски изведувачи на одбраната за зголемување на залихите на муниција, вклучително и делови за пресретнувачите на Терминалната одбрана на голема надморска ...
Нашиот пат кон Европската Унија е предолг, комплексен, оптеретен со двојни стандарди и политички условувања, често спротивни на конститутивните акти на ЕУ и на владеењето на правото. Укажав на инкомпатибилноста на актуелната војна на европско тло со замислата за Европската Унија како мировен проект. Парадоксално е што земјата и покрај значајните реформи, но и тешки отстапки, вклучително и промената на името, се соочува со нови барања од ...
Под влијание на силен ладен циклон со центар над Џеновскиот залив, вечерва, во текот на ноќта и утре претпладне петок 27-ми март 2026 во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има појава и на ретки грмежи. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог особено во западните предели (над 25 литри на метар ...
На 24.03.2026 година полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје по претходно обезбедена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Г.Ј.(21) од Скопје. При претресот пронајдени и одземени се 19 паковки со кокаин и една дигитална вага. Г.Ј. е лишен од слобода. По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка му определи притвор од 30 дена. На 24.03.2026 година полициски службеници од ...
Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. Претходно, со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова атмосферска канализација долж главната пристапна патека. Активностите за уредување на асфалтните ...
Израел започна напади врз јужен Либан и јужните предградија на Бејрут во среда, 25 март, соопштија либанските државни медиуми, додека милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, соопшти дека продолжила со нападите врз израелските трупи. Либан беше вовлечен во војната на Блискиот Исток кога Хезболах почна да испукува ракети врз Израел на 2 март за да се одмазди за убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Израел, кој го ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави „разговараат со вистинските луѓе во Иран“ за договор за завршување на војната, додека Техеран започна напади врз Израел и Кувајт, а американските медиуми објавија дека уште илјадници војници може да се упатат кон регионот. „Њујорк тајмс“ и израелскиот „Канал 12“ објавија дека САД му испратиле на Иран мировен план од 15 точки. Извештаите цитираа неименувани официјални лица и немаше ...