Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги одложува сите напади врз иранската енергетска инфраструктура пет дена, откако во изминатите два дена имал „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран за прекин на нивниот конфликт. „Врз основа на тонот на овие детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на целата недела, му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и ...
Контролите на Фондот за здравствено осигурување открија низа неправилности и злоупотреби на боледувањата кај вработени во МВР. Полицаец во период од една пол година година – четири пати го менувал матичниот лекар со единствена цел да добива нови боледувања. Друг вработен, пак, кој земал боледувања едно по друго, но секое со различна дијагноза, што упатува на сериозно заобиколување на системот. Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) по ...
Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за 3,5 денари, сопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 24.3.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ ...
Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство ...
Со приближувањето на рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп за Иран да го отвори клучниот Ормускиот теснец, израелската војска ги предупреди своите граѓани дека нивната војна против Иран и Хезболах ќе трае со недели. „Граѓани на Израел, недели борба против Иран и Хезболах се пред нас“, изјави портпаролката на армијата Ефи Дефрин во телевизиско обраќање во неделата. „Со секој изминат ден, ние дополнително го ослабуваме ...
Авион со десетици луѓе се судрил со противпожарно возило доцна во неделата на пистата на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, при што загинале пилотот и копилотот и биле принудени да се прекинат летовите, објавија властите и американските медиуми. Слики од АФП го покажуваат тешко оштетениот преден дел и дел од пилотската кабина на авионот на Ер Канада Експрес, кој пристигнал од Монтреал, на пистата, опкружен со возила за итни случаи со ...
Либералната партија на словенечкиот премиер Роберт Голоб освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани вчера, но ја загуби владејачката мнозинска позиција заедно со коалициските партнери од левиот блок, покажуваат првичните официјални резултати. Движењето „Слобода“ (ГС) на Голоб освои 28,54 отсто од гласовите и 29 пратенички места, откако беа пребројани речиси сите гласови, соопшти државната изборна комисија. Опозициската ...
Американските одбранбени компании добија повик да ја зголемат производството за да ја задоволат новата побарувачка што произлегува од војната во Иран. Овој развој ја продлабочува постојната напнатост меѓу нив и администрацијата на претседателот Доналд Трамп. На 6 март Трамп во Белата куќа ги прими директорите на седум големи производители на оружје – дел од напорите на администрацијата да го засили секторот додека конфликтот со Иран се ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор под строг 24-часовен полициски надзор, откако скопскиот Кривичен суд го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на оваа мерка пред државниот празник. Груби, кој се врати во земјава на 23 февруари по повеќе од 14 месеци бегство, е првоосомничен во случајот за сомнителни набавки на апарати за видео-лотарија (ВЛТ), со кои според проценките на МВР, државниот буџет ...
Зголемена облачност и локални врнежи од дожд ни носи денот понеделник 23-ти март 2026 во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. На планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе има врнежи од снег. Повремен локален слаб дожд ќе има и во Скопје и околината а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Во вторник на 24-ти март 2026 ветерот од северен правец повремено ќе биде засилен на интензитет а ќе ...
Министерството за внатрешни работи на Катар соопшти дека шест лица загинале откако воен хеликоптер се урна во територијалните води на земјата, како и дека е во тек потрага по последното лице. Во раните утрински часови во недела, катарските власти објавија дека хеликоптерот се урнал „поради технички дефект“. Потврдувајќи го инцидентот, Министерството за одбрана соопшти дека хеликоптерот се урнал за време на „рутинска мисија“. Не беа објавени ...
Израел и Иран се чини дека дополнително го зголемуваат ризикот од голема катастрофа така што секоја страна извршува напади во близина на нуклеарните постројки на другата страна, предизвикувајќи загриженост кај нуклеарното надзорно тело на Обединетите Нации. Иранска ракета на 21 март го погоди израелскиот град Димона, каде се наоѓа нуклеарна постројка. Нападот Техеран го нарече одмазда за нападите врз неговата постројка за збогатување ураниум ...
Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата на Северна Македонија планира го спречи зголемувањето на цените на производите и на електричната енергија, информираше премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на 22 март. Мерките доаѓаат како одговор на ценовниот скок на горивата изминатиот период како последица на војната во Иран. ...
Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници. Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични ...
На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна ...
На 21.03.2026 околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61). Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од ...
Во една училница во Крива Паланка, наставникот Добри Јовевски го подготвува следниот час по математика. Наместо долго пребарување по учебници и материјали, отвора алатка за вештачка интелигенција. За неколку минути генерира задачи за ученици со различно ниво на знаење. „Вештачката интелигенција може реално да го подобри образованието, ако се користи паметно и со јасна педагошка цел“, вели тој. „Ми помага побрзо да подготвам материјали и да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му даде на Техеран 48 часа да го „отвори целосно“ клучниот Ормуски теснец или САД ќе ги „уништи“ иранските електрани, што претставува голема ескалација на тензиите во војна која веќе се заканува да излезе од контрола. Заканата за крајниот рок дојде во 19:44 часот по време во Вашингтон на 21 март и беше објавена на неговата платформа Truth Social: „Доколку Иран не го ОТВОРИ ЦЕЛОСНО, БЕЗ ЗАКАНА, Ормускиот ...
На 21.03.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Г. (36) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени растителна и грутчеста материја, како и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 21.03.2026 во 13:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од ...
Наша цел е да ги задржиме странските инвестиции на сегашното ниво и да го отвориме патот на истражувачки центри кои ќе отвараат високоплатени работни места, истакна во гостувањето во емисијата “Стадион” на Канал 77, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. „Мислам дека ние ќе ги стабилизираме странските инвестиции на ова ниво, од неколку причини. Првата причина е, за да било кој инвеститор инвестира ...
На 20.03.2026 во 21:15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.А.(46) од Битола. По претходно добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во Битола во дом, сопственост на А.А., при што е пронајдена бела прашкаста материја, растителна материја, дигитална вага со траги од прашкаста материја и пари. Исто така, на 20.03.2026 во 21:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода ...
На 20.03.2026 во 11:10 часот во атар на с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д.(75) од с.Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково-с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...
Додека Конгресот на САД почнува да го обликува буџетот за фискалната 2027 година, во двата дома се појави мала, но симболично моќна одредба: 15 милиони долари наменети за пронаоѓање на украински деца киднапирани од Русија. Станува збор за програма чие финансирање беше намалено минатата година од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, но за која претставниците велат дека е клучна за идните судења за воени ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и тројца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица возеле без возачка дозвола, по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка. По едно ...
На 20.03.2026 во 23:50 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Д.(44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32- годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 20.03.2026 во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 29-годишен жител на тоа село, постапувајќи по ...
Атомската централа Натанс изутринава (21.03) била цел на американско‑израелски воздушни напади, соопшти Иранската агенција за атомска енергија, а пренесува новинската агенција Тасним. Според Тасним, по нападите во Натанс „немало пријавено истекување на радиоактивен материјал“. Израелската армија соопшти дека не е запознаена со таков напад. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) најави дека ќе ги провери иранските извештаи за ...
Суперѕвездата Чак Норис почина, објави изданието TMZ, повикувајќи се на објава на семејството на актерот на неговата официјална страница на Инстаграм. Во објавата се наведува: „Со тешко срце, нашето семејство ја споделува ненадејната смрт на нашиот сакан Чак Норис вчера наутрo. Иако би сакале да ги задржиме околностите во приватност, ве молиме да знаете дека тој беше опкружен со своето семејство и беше во мир.“ „За светот тој беше мајстор на ...
Израел, според американскиот претседател Доналд Трамп, нема веќе да го напаѓа иранското гасно поле „Саут Парс“. Но, доколку Иран повторно го нападне Катар, САД ќе возвратат и „масовно ќе го уништат“ целото поле, се закани Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушал. Трамп нагласи дека Катар „во никој случај не е вклучен во нападите на Израел врз иранското гасно поле“, но „за жал, Иран не го знаел тоа“ и го нападна Катар „неоправдано“. ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја исклучи можноста за укинување на ветото на неговата влада за заем од 90 милијарди евра (103 милијарди долари) за Киев и нови санкции врз Москва додека не продолжат испораките на руска нафта преку Украина. „Никогаш нема да поддржам никаква одлука што е во корист на Украина“, рече Орбан, по пристигнувањето на состанокот на лидерите на Европската Унија во Брисел, 19 март. „Унгарскиот став е многу едноставен. ...
Израел го прошири опсегот на своите напади врз Иран доцна на 18 март, велејќи дека започнал воздушни напади на северот од земјата, а израелските медиуми објавија дека иранските воени бродови биле погодени на брегот на Каспиското Море. Додека Израел напаѓал на север, тој исто така нападнал и ирански енергетски инфраструктурни објекти во Заливот, при што Техеран возвратил со пукање врз нафтените и гасните постројки на арапските земји од ...