Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На денешната промоција на новите електронски услуги за студентите од Државниот завод за статистика (ДЗС) достапни на порталот uslugi.gov.mk, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека ќе биде потпишан договор за меѓусебно прифаќање на електронските потписи меѓу Црна Гора и Македонија.„Имавме два дена квалитетни разговори со претседателот на Црна Гора. Нешто што веќе го подготвуваме, а можам да го најавам и на ...
Денеска (03.04.2026 година) во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи ...
Почетокот на следната седмица во Македонија конечно ни доаѓа вистинската пролет со вистински пролетни температури на воздухот и со многу сончево, стабилно и суво време без врнежи. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и токму ова ќе услови да имаме брз и значителен пораст на температурите на воздухот во Македонија. Добро е тоа што во ноќните и во утринските часови не очекуваме минусни ...
Инцидент во брз воз предизвика вчера вечер сериозна полициска интервенција кај Зигбург, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Патници алармирале дека маскиран маж запалил два пиротехнички уреди во возот, кој сообраќал на релацијата Келн –Франкфурт. Возот итно запрел во станицата Зигбург, каде што полицијата го уапсила осомничениот. Според информациите на германските медиуми, уапсениот е 20-годишен Германец од Ахен. При претрес ...
Македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ги разгледува препораките за штедење што неодамна ги презентираше Меѓународната агенција за енергија, МАЕ, (IEA) за да се оцени кои од нив може да бидат применливи и имплементирани во домашни услови. Во пакетот препораки спаѓа ограничување на побарувачката за гориво, намалување на ограничувањето на брзината на автопатите за 10 километри на час, поттикнување на ...
Одлуката на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ да го откаже планираниот мајски состанок во рамките на иницијативата Брдо–Бриони за да го спречи доаѓањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Хрватска, веќе цела недела предизвикува поделени реакции во јавноста. Се чини дека преовладуваат критичките осврти, додека од другата страна се наоѓаат главно хрватската крајна десница и самиот Александар Вучиќ. Тој за медиумите го ...
Поради изведување на градежни активности кои се однесуваат на санација на уличната патна мрежа, Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека: На ден 04.04.2026 година (Сабота) на улиците „15-ти Корпус“, „Питу Гули“ и „Сирма Војвода“ ќе се изведуваат градежни работи, при што се замолуваат учесниците во сообраќајот за крајна внимателност при управување со моторните возила и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. На ден ...
На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик. Таа е спроведена во казнено- поправна установа за издржување на казната. На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. ...
На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово- с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37) од Берово и патничко возило „шкода“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(40) од Берово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило ...
Денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации и технолошки развој и државните универзитети, со цел унапредување на иновациите, претприемништвото и развојот на конкурентна економија базирана на знаење. Соработката се фокусира на поддршка на стартапи, поттикнување на претприемачкиот дух и зајакнување на врската помеѓу академската заедница и бизнис секторот. Од институциите истакнаа дека овој чекор претставува ...
Дали Доналд Трамп се заглави? Пет недели трае војната што администрацијата на САД ја нарече „Epic Fury“ – во буквален превод „епски гнев“ – воена операција насочена против Иран. Но како што конфликтот се продолжува, американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа под сè поголем политички и стратешки притисок. Иако Иран претрпе значителни удари, земјата сè уште располага со капацитет да напаѓа објекти во Персискиот Залив или во Израел. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разреши министерката за правда Пам Бонди, потврдувајќи информации што претходно ги објавија „Њујорк тајмс“ и Си-Ен-Ен. Според нивните извештаи, Трамп бил фрустриран од начинот на кој 60-годишната Бонди го водела Министерството за правда, особено во делот поврзан со обработката и објавувањето на документите за починатиот сексуален престапник Џефри Епстин. Републикански конгресмени и блиски соработници ...
Учениците од основните училишта по неколку часа дневно поминуваат на мобилен телефон, покажува најновото истражување спроведено меѓу основци во Македонија. На анкетата, 36 проценти од 703 прашани четвртоодделенци и дури 63 проценти од 585 анкетирани осмоодделенци изјавиле дека секојдневно поминуваат неколку часа на телефон. Истражување меѓу основци: Телефонот доминира во секојдневието Истражувањето е спроведено од Институтот за социолошки и ...
Интерконективниот далековод Битола–Елбасан претставува клучен проект за енергетското поврзување на земјава со регионот и затворање на долгогодишната празнина на Коридор 8, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека со изградбата на 400-киловолтниот далековод, долг околу 100 километри, за првпат се воспоставува целосна поврзаност со сите соседни електроенергетски системи. Според него, тоа ќе значи поголема сигурност за граѓаните, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири лица возеле без возачка дозвола (по еден во Гостивар, Гевгелија, Валандово и Битола). По еден возач во Скопје и Прилеп управувале возило под дејство на алкохол и по еден возач во Битола и Кичево управувале возило со забрана за управување патничко возило. По целосно ...
По повеќе од 50 години, со мисијата Артемис 2, астронаутите повторно се упатија кон Месечината. Носачот на ракети СЛС со четири член екипаж во капсулата Орион полета во средата во околу 18:35 часот (по локално време) од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Неколку минути подоцна, како што беше планирано, пристигна во орбитата на Земјата. Во Вселенскиот центар Кенеди, вработените во НАСА и собраните набљудувачи беа одушевени кога полета ...
Во обраќање до нацијата, американскиот претседател Доналд Трамп го бранеше воениот ангажман во Иран. Тој истакна дека САД се „кратко пред целосна реализација“ на поставените воени цели. Според Трамп, во изминатите недели американските вооружени сили постигнале „брзи, одлучни и убедливи победи на бојното поле“. Тој тврдеше дека иранската морнарица и воздухопловни сили се уништени, а ракетниот арсенал на Техеран е „речиси исцрпен или ...
Силен фронт на невреме над централниот Медитеран предизвика сериозни проблеми во Егејот и на Крит, при што грчките власти алармираа за екстремни временски услови и значителни нарушувања во сообраќајот. Во близина на Атина, едно лице загина откако буицата го повлекла при поројните дождови. Пожарникарските служби во поширокиот регион на Атина добиле речиси 500 повици за помош во изминатите три дена, главно поради поплавени подруми и паднати ...
Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка откако ја изгуби битката на два фронта – Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката за напад врз нејзиниот професионален интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител Ненад Савески донесе одлука за повлекување на овластувањата за нејзино постапување по клучни предмети кои се во завршна фаза. „Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство ...
Енергетската криза ги вивна цените нагоре и им зададе нов удар на граѓаните. Најавите се дека во одредени градови во Македонија лебот и белите печива вече поскапеле за најмалку 10 отсто, додека цените на зеленчукот и овошјето на пазарите „горат“ во пресрет на Велигден, оставајќи ги купувачите со сè потенка кошничка. Поскапувања од 3 до 5 денари Дел од пекарниците во Штип, Кочани, како и во Прилеп и Битола, најавија зголемување на цената на ...
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од ...
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за ...
Почнувајќи од понеделник 6 април 2026 територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце. Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни ...
Политиката за забрана на канабис во Германија е неуспех! Барем таква беше проценката на тогашниот сојузен министер за здравство, Карл Лаутербах од СПД пред нешто повеќе од две години. „Што и да решиме, вака не може понатаму“, изјави своевремено тој. Повеќе консументи, контаминиран и од таму особено опасен канабис, преоптоварена полиција и судови. Недоволна заштита на младите. Тоа беше ставот на владејачките коалициски Социјалдемократи, ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупредува дека шокот од растот на цените на енергијата, предизвикан од војната на Блискиот Исток, ќе влијае врз економските изгледи на Македонија и повторно ќе ги засили инфлациските притисоци. Според најновата Завршна изјава на Мисијата на ММФ, растот на реалниот БДП се очекува да забави на 3,1 процент во 2026 година, што е блиску до проценетиот потенцијал од 3 проценти на среден рок. Истовремено, ...
Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на националните интереси и за блокирање на европската иднина. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека ќе испрати писма до амбасадорите, како и до високи функционери на ЕУ и НАТО, во врска со, како што ...
Од УХМР известуваат дека во текот на наредните денови како резултат на циклонска активност земјата ќе биде зафатена од врнежи од дожд, како и снег на планините и дел од повисоките места. Врнежите локално се очекува да бидат пообилни и интензивни и на места да предизвикаат брзи зголемувања на водостоите пред се на помалите реки и суводолиците низ земјава. На високите планини врнежите ќе бидат претежно во вид на снег, а на повисоките места од ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 возеле без возачка дозвола, од кои четири во Тетово, меѓу кои и еден малолетник и двајца во Гостивар. Исто така, по едно лице во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола возеле без дозвола. По еден возач во Кочани и Струга управувале возило под дејство на алкохол, а по ...
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје денеска се одржа предавање на тема „Евроинтегративниот процес на Западен Балкан низ црногорска и македонска призма“, на кое говореа претседателката Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Во своите излагања беше посочено дека членството во Европската Унија не зависи само од внатрешните реформи и европеизацијата на државите кандидати, туку и од политичката волја на Европскиот ...