Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Д.М. на работно место „полицаец“ во ПС за ГП и ГН Меџитлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот, надвор од работното време, на 01.04.2026 на ул. „8 Септември“ во ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53) и М.А.Н.(61), двете од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената, во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р ...
На 16.04.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во локал во Тетово, извршен со согласност од сопственикот, а кој под наем го користел малолетникот, пронајдени се и одземени 34 пакувања со марихуана, една кутија и една ќеса со марихуана и едно пакување со рела прашкаста материја. Тој е задржан во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски деновиве престојува во работна посета на Вашингтон, во рамки на втората сесија од Стратешки дијалог Македонија – САД, процес од исклучително значење за унапредување на националната безбедност и безбедноста на граѓаните. Во текот на посетата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби со високи претставници на американските безбедносни институции, меѓу кои со Николас Колура, ...
Екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевскиможе да се побара дури откако ќе му биде одземено правото на азил во Унгарија. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски,по зачестените критики од опозицијата дека Владата намерно ја одолговлекува постапката за враќање на Груевски во земјава. „Екстрадиција за поранешниот премиер Никола Груевски земјава може да се бара доколку во Унгарија, каде што има добиено политички азил, тој му биде ...
Денес заврши дводневната манифестација „Општински семафор 2026“. На едукативно забавниот натпревар во организција на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, учествуваа учениците од основните и средни училишта во градов. На манифестацијата се обрати градоначалникот Кирил Пецаков. – Совладувањето на сообраќајните вештини и учењето на сообраќајната култура од најрана возраст, ...
Денес и утре петок и сабота (17/18 април 2026) во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. И во Скопје и околината денес и утре петок и сабота (17/18 април 2026) времето ќе биде ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на свеченостите што во чест на светски познатиот доктор и патриот, Анастас Коцарев ги организира Општина Охрид. Пред родната куќа на Коцарев, градоначалникот Пецаков заедно со внуката Соња Коцарева – Трпезаноска ја открија спомен плочата по што во куќата на Робевци присуствуваа на отворање на спомен катчето посветено на охридскиот големец. Тука беше положен Орденот „Илинден 1903“ што вчера ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по двајца со брзина поголема од дозволената и под дејство на алкохол и еден со активна забрана. Двајца возачи во Скопје, од кое еден малолетник и по еден возач во Штип, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Тетово возеле без ...
На 15.04.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А.. На 16.04.2026 во 03:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода З.Ј.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. На 15.04.2026 во 16:50 ...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост. Донацијата се состои од две специјализирани ...
Турските власти уапсија повеќе од 160 лица. Причината се два смртоносни напади со огнено оружје во училишта во рок од само два дена. Уапсените, меѓу другото, се обвинети за ширење погрешни информации и за величење на пукањата во училиштата оваа недела, соопшти турскиот министер за правда Акин Гурлек на платформата X. Гурлек вели дека 95 лица биле приведени затоа што, и покрај воведената забрана за информирање, ширеле слики и видеа поврзани ...
Повеќе од 93 милиони луѓе во Иран живеат во сенка на војна која што би можела во секое време повторно да се разгори. По привремениот неуспех на мировните преговори меѓу САД и Иран во Пакистан, САД почнаа да го блокираат Ормускиот Теснец со што сакаат да ги пресечат иранските приходи од извозот на нафта и Техеран да се спречи во наплатата на патарини за премин низ мореузот. Блокадата подразбира и дека во иранските пристаништа веќе нема да ...
Весникот „Франкфуртер рундшау“, во подолг текст посветен на изборите во Бугарија и Румен Радев како фаворит на тие избори, пишува дека Радев доминира на социјалните медиуми во Бугарија со милиони прегледи, но дека експертите се сомневаат во неговата вистинска поддршка. Во текстот, меѓу другото, се вели: „Соборена влада, нова валута и информативен простор во кој границите меѓу вистинска поддршка и инсценирано масовно движење одамна се ...
Поради тоа што ризиците од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати и натаму се присутни, Собранието на денешната (16.04) пленарна седница донесе одлука за продолжување на кризната состојба на територијата на Република Северна Македонија. Оваа одлука, која претходно беше поддржана и од Комисијата за одбрана и безбедност, предвидува продолжување на кризната состојба до 20 јули 2026 година. Нејзината примена ќе започне на 21 ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика и очекувам веќе од следната пролет да ги возиме првите километри, а целиот автопат да се заврши и пред рокот. Преговараме за нова траса од Фариш до Прилеп како автопатско решение, работиме на проектирање на обиколница Прилеп, на топловодот за Битола, гасификацијата и други инфраструктурни проекти кои ќе дадат силен економски инпут за развој на Пелагонискиот регион, истакна ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој беше во работна посета на Општина Охрид. Посетата на министерот е дел од активностите во рамки на проектот „Каде што срцето е дома“, чија цел е да се мапираат предизвиците со кои се соочуваат општините, да се соберат предлози од градоначалниците, советниците и општинската администрација, како и да се следи ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со силна динамика, сите предизвици што се појавуваат на трасата се надминуваат со добра координација на институциите и Изведувачот и очекуваме оваа автопатска делница да биде завршена почетокот од 2028 година, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски извршија увид во градежните ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска прими делегација од Истарската жупанија предводена од високи претставници од туристичко – угостителската дејност, Станислав Бришкоски и Езио Пинзан и парохискиот свештеник на МПЦ со служба во Риека, Дејан Белчовски. Врските меѓу Охрид и Истра имаат цврсти темели преку воспоставеното пријателство со збратимениот град Пула и активна соработка со тамошното здужение на македонци „Св. Кирил и Методиј“ од ...
Од денес 16.04.2026 година, од 12:00 часот до утре 17.04.2026 година до 15:00 часот, стапува на сила времен режим на сообраќај на ул. „Кеј Македонија“ на потегот од крстосница со ул. „Македонски Просветители“ до пресекот со ул.„Ванчо Николески. Времениот режим за сообраќај е поради оддржување на манифестацијата ,,Општински семафор 2026″. Во посочениот периодот се забранува секаков вид на сообраќај. Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат ...
Полициски службеници од ОВР Делчево, по претходно добиени оперативни сознанија, во содејство со инспектори по шумарство од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Шумска полиција, на 14 и 15.04.2026 на неколку локации во Делчево и с. Бигла запленија 19 метри кубни нелегално сечени дрва, и тоа 5,19 м3 борови дрва и 13.86 м3 дабови дрва. Дрвата се одземени од страна на Шумска полиција Делчево и по целосно документирање на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе се одржи средба на највисоко ниво меѓу претставници на Израел и Либан, во услови на продолжената војна меѓу Израел и либанската шиитска милиција Хезболах. Во објава на својата платформа Трут Соушл, Трамп наведе дека „лидерите на двете соседни земји немале директни разговори со децении – сигурно 34 години“. „Утре (четврток) ќе се случи. Одлично!“, напиша тој, без да прецизира кои ...
Во петок во Македонија на 17 април 2026 сеуште ќе има услови да имаме локална појава на краткотраен дожд проследен со ретки грмежи а потоа за време на викендот сабота и недела 18/19 април 2026 под влијание на стабилна, сува и на релативно топла воздушна маса од југ ќе имаме повеќе сонце и вистински пролетни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени а во Повардарието и во југоисточните предели ...
Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за семејно насилство што, според обвинението, довело до трагичниот исход во кој неговата сопруга го загубила животот. Обвинителството презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, каде што, според наводите, се случил дел од насилството. На видеото се гледа како обвинетиот во два наврати ја удира ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави можно брзо завршување на Иранската војна, оценувајќи дека конфликтот е „речиси готов“. Во интервју за телевизијата Фокс Бизнис, чии извадоци беа објавени во вторникот по локално време, Трамп изјави дека војната се наоѓа при самиот крај. Претходно, американскиот претседател навести дека уште оваа недела би можело да продолжат разговорите за постигнување мировно решение. Во меѓувреме, Иран се ...
Оданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска и не станува збор за ретроактивно воведување данок, туку за примена на постојниот систем на самооданочување. Физичките лица се должни самостојно да го пријават доходот, особено кога истиот е остварен во странство. Ова е ставот на Управата за јавни приходи (УЈП), откако група граѓани повторно се собраа пред институцијата за да го искажат незадоволството од решенијата ...
Верските лидери во Македонија го осудија инцидентот со објектот на Еврејската заедница и повикаа на одговорност, разум и доблест за да се зачува соживотот. Според нив, обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ во Скопје претставува директен удар врз мирот, стабилноста и соживотот кои со векови се негуваат на македонска почва и врз кои е изградено нашето општество. „Секое посегнување по туѓа светиња, ...
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А ЈАВНА ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, а двајца управувале возило под дејство на алкохол. Во Битола двајца возеле без возачка дозвола, а по еден во Скопје и Гевгелија. Еден од возачите во Битола претходно предизвикал сообраќајна незгода, односно со возилото кое го управувал ...
Продолжува променливото и пролетното топло време во Македонија со пролетни температури на воздухот. Претежно облачен ден ќе ни биде и утрешниот 16 април 2026 четврток со повремени локални врнежи од дожд. Сепак, во попладневните часови ќе се создаваат услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Во Скопје и околината исто така ...