Музичка соба уредена и опремена по највисоките европски стандарди денес се отвори во просториите на Младинскиот Центар во поранешната охридска касарна. Проектот е на Општина Охрид која застанува позади целосната финансиска конструкција. Ова катче бесплатно ќе можат да го користат сите музичари од градов. За значењето на проектот градоначаклникот Кирил Пецаков, изјави: –Ново музичко катче денеска официјално доби Охрид . „Музичката соба“ ...

Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на ...

Турскиот парламент усвои забрана за користење на социјални мрежи за деца и млади под 15 години. Пратениците во парламентот во Анкара доцна во средата навечер го изгласаа соодветниот законски предлог. Според извештајот на државната новинска агенција Анадолу, компаниите сопственички на социјалните мрежи нема да смеат да нудат услуги за корисници помлади од 15 години. Тие исто така ќе бидат обврзани да воведат системи за проверка на возраста и ...

Лидерите од 27-те земји членки на Европската Унија се собраа во Кипар во четврток на дводневен самит за да разговараат за геополитичките предизвици со кои се соочува ЕУ, вклучувајќи ги војните во Иран и во Украина. Еве што е на дневен ред: Украина Дводневните состаноци започнаа со одобрување на долго разгледуваниот заем од 90 милијарди евра (105 милијарди долари) за Украина, како и со договор за воведување дополнителни санкции против Русија. ...

Од денес четврток 23 април 2026 до недела 26 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание настабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ која ќе услови да имаме сончево и стабилно време со појава на мала до умерена локална облачност а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст па така особено топло преку ден ќе биде за време на викендот кога температурите речиси насекаде во ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Во Виена се одржа значајна средба помеѓу делегација на Македонија и делегацијата на Австрија, во атмосфера на отворен и конструктивен дијалог. Разговорите беа фокусирани на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економијата, инвестициите и идните заеднички проекти. Ја потврдивме подготвеноста за продлабочување на партнерството и зајакнување на билатералните односи. Средбата беше можност за ...

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари средба со охридскиот ученик Ахмед Сулејман, кој на државниот натпревар по математика го освои првото место со максимални 100 поени. Со овој успех младиот Ахмед стана и првенец на генерација во Република Македонија по математика. Дополнително, на онлајн натпреварите обезбеди пласман за учество на натпревар во Ашкабад, Туркменистан, што претставува уште едно големо признание за неговиот талент и ...

Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција. Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки ...

Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во западните предели од Македонија. Најмногу воден талог до 8 часот утрово наврна во Маврово и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена оствари средба со претставници на македонската дијаспора, на која се разговараше за актуелните предизвици, но и за можностите за развој на државата. Во фокусот на разговорите, како што информираше Мицкоски, биле и односите со Австрија, при што била нагласена потребата од нивно дополнително продлабочување, особено во делот на економската соработка и привлекување нови инвестиции. Премиерот упати ...

На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка. На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од ...

На 20.04.2026 во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.С.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

На 20.04.2026 во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична ...

Со оглед на предупредувањата за можен недостиг на керозин, еврокомесарот за сообраќај Апостолос Цицикостас предложи засилено снабдување со авионско гориво од САД. „Работиме на тоа да обезбедиме алтернативно снабдување на Европа со авионско гориво, на пример со гориво од тип А од САД“, изјави Цицикостас по денешната (21.04) видеоконференција на министрите за транспорт на ЕУ. Комисијата планира во среда, 22 април, да претстави пакет мерки за ...

Шесте земји од Западен Балкан ризикуваат колективно да зaгубат повеќе од 700 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија доколку до средината на годината не ги спроведат договорените реформи. Според регионалните медиуми, европската комесарка за проширување Марта Кос на 17 септември испратила писмо до сите главни градови во регионот, со јасна порака дека е неопходно значително забрзување на реформските процеси за целосно искористување ...

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски, учествуваше и ја предводеше македонската делегација на годишната конференција на Петтиот сараевски миграциски дијалог, што се одржа денеска (21.04.2026) во Сараево, во организација на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, со поддршка на Швајцарија. Со оваа конференција се заокружува Проектот „Зајакнување на управување со миграцијата на Западен Балкан“. ...

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите соработници, денеска присуствуваа на свеченото отворање на новата спортска сала во ООУ„Ванчо Николески“ во село Лескоец. Новиот спортски објект се простира на површина од 592 квадратни метри и располага со современо повеќенаменско игралиште, соблекувални и придружни простории. Со нејзината изградба значително се подобруваат условите за изведување на наставата по физичко образование, ...

Mаржи на ѓубрива – Владата ги ограничува маржите кај ѓубривата – мерки за стабилизација на цените во земјоделството Во услови на постојан притисок врз цените и зголемени трошоци за производство, Владата најавува конкретни мерки насочени кон стабилизирање на пазарот, со фокус на ѓубривата како еден од клучните влезни трошоци во земјоделството. Според информациите од надлежните институции, ограничувањето на трговските маржи е една од главните ...

Во согласност со новиот Закон за средно образование, матурантите оваа година ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Според Министерството за образование и наука (МОН), учениците ќе полагаат испити во зависност од образовната област од која доаѓаат. Разликите во програмите, обемот и бројот на наставни часови во гимназиското, стручното и уметничкото образование ќе бидат земени ...

Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш се потврди неговото исклучително место на европската културна и духовна мапа. На Генералното собрание одржано на 21.04.2026 година, во Аквилеа, Италија, беше одбележан овој значаен момент, со кој Охрид се вклучува во мрежата на градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење. Ова ...

Со почетокот на неделата, во САД започна повратот на царините на Трамп, кои Врховниот суд на САД во својата важечка пресуда од февруари ги прогласи за незаконски. Меѓутоа, ова е многу повеќе од сложен бирократски потфат. Станува збор за задоцнета корекција на трговската политика која со месеци ги оптоваруваше компаниите. Самиот обем на целиот процес е без преседан во историјата на САД. Се говори за поврат до 166 милијарди долари, додека ...

Под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север кон Македонија, до крајот на денов и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре во текот на целиот ден среда 22 април 2026 во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи и со повремено силен ветер (до околу 60 км/час) во форма на невреме. За време на овој период локално ќе ...

Билансот на организацијата за заштита на човекови права, Амнести Интернешнл, за изминатата година е вознемирувачки. Во извештајот се наведува дека човековите права сè почесто се кршат ширум светот, како од држави, така и од индивидуи. И во повеќето случаи, сторителите остануваат неказнети. „Извештајот на Амнести 2025“, кој беше објавен на различни локации во светот, наведува дека 2025 година е карактеризирана со „предаторско однесување“ на ...

Во среда истекува двонеделното примирје во војната на САД и на Израел против Иран. Што ќе следува потоа? Најновите случувања не укажуваат на смирување – напротив. САД презедоа контрола врз ирански товарен брод, а Иран во моментов изгледа дека не е подготвен за нови мировни преговори. Доколку сепак дојде до нова рунда преговори, Пакистан стои на располагање како посредник. Во главниот град Исламабад се распоредени војници на контролни ...

Од полноќ, горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цените на бензините и на дизел горивото се намалуваат за 1,5 денари во однос на цените утврдени минатата недела. Така, од полноќ бензинот БС-95 ќе се продава по цена од 80,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 82,50 денари за литар, додека дизел горивото ќе се продава по цена од 94 денари за литар. Поскапување на ...

На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот. На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. По еден возач ...

Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар – Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната ...

Силен земјотрес го потресе северот на Јапонија, предизвикувајќи предупредување за цунами. Според податоците на јапонската Метеоролошка агенција (ЈМА), потресот имал јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал во Тихиот Океан, североисточно од префектурата Ивате, на длабочина од околу десет километри под морската површина. Првично, јачината на земјотресот беше проценета на 7,4 степени, но подоцна беше коригирана. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54