Во годишното обраќање пред европратениците, познато како „Состојбата на Европската Унија“, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен најави дополнителни мерки против Израел како одговор на случувањата во Газа, вклучително и делумна суспензија на Договорот за асоцијација. „Она што се случува во Газа ја потресе совеста на светот. Луѓе убиени додека молат за храна. Мајки кои држат безживотни бебиња. Овие слики се едноставно ...

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од страна на Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако започнала со ...

Под влијание на голема влажна и на нестабилна воздушна маса од запад, до крајот на денешниот ден (четврток 11 септември) времето во нашата Република Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со ...

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори во Македонија, коишто треба да се одржат во октомври. На 13 септември на полноќ завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници, по што учесниците на изборите забрзано ги започнуваат активностите околу изборната кампања. На изборите коишто се закажани за 19 октомври, ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3.480 избирачки места. ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги посети трите најголеми приватни здравствени установи во земјава – „Ремедика“, „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ – со цел потпишување заеднички Меморандум за соработка. Со овој меморандум се воспоставува рамка за соработка помеѓу Министерството за здравство и приватните здравствени установи, со која ќе се овозможи ангажирање на здравствен кадар – специјалисти од приватниот сектор во јавните ...

Ксамил, едно од најубавите крајбрежни места во Албанија и вистински бисер на Јонското Море, продолжува да биде омилено место на странските и домашните туристи, јавува Анадолу. Се наоѓа во јужниот дел на земјата, во близина на градот Саранда и Националниот парк Бутринт, кој е заштитен од УНЕСКО. Ова мало крајбрежно место е познато по белите песочни плажи, тиркизно чистата вода и малите островчиња што може да се посетат со чамец или дури и со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piаggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми. „Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во денешното обраќање на „Регионален спортски самит Скопје 2025“ најави уште поголеми инвестиции во спортската инфраструктура во целата наша држава и законски измени за финансиски олеснувања при инвестирање во спортот. – Како Влада сме сериозно посветени на спортот. Тоа што можеме ние да го направиме е да помогнеме да се развива инфраструктурата и да се даде шанса на сите кои сакаат ...

Полска соопшти дека активирала борбени авиони и соборила неодреден број руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „чин на агресија“. Беспилотните летала постојано го нарушувале полскиот воздушен простор во раните утрински часови на 10 септември, соопшти армијата, откако Русија започна бран напади врз цели во Украина, вклучително и оние во близина на полската граница. Министерот за одбрана Владислав ...

Арапскиот свет го осудува израелскиот воен напад врз претставници на Хамас во Катар. Нападот во една од најважните посреднички држави во кризниот регион веројатно дополнително ќе ги ескалира тензиите – и дополнително ќе го изолира Израел на меѓународно ниво. Египет го нарекува нападот во Доха „неприфатлив развој на настаните“. Нападот бил насочен кон состанок на „палестински лидери на кој требало да се разговара за начините за постигнување ...

Денеска заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, присуствував на предавање на нова опрема за нашата сообраќајна полиција. Се работи за 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми. Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на ...

На пазарите има сѐ поголема нервоза меѓу инвеститорите. Како што се очекуваше, францускиот премиер Франсоа Бајру го загуби гласањето за доверба во Националното собрание на Франција и мора да се повлече од функцијата. Причината за гласањето беше спорот околу неговите драстични планови за штедење. По Мишел Барние, ова е втор премиер кој не успеа да ја реформира земјата. Сега, се наѕираат нови протести во стилот на Жолтите елеци. Растечките ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, ги повторија своите претходни ставови дека „комплицираните односи во Босна и Херцеговина се резултат на грубо мешање на Западот во внатрешните работи на Босна и Херцеговина“. Двајцата се сретнаа во Москва на 9 септември. На прес-конференцијата, Лавров ги повтори критиките кон Кристијан Шмит, високиот претставник на меѓународната ...

Постојат сомненија дека пожарот во скопската депонија Дрисла е предизвикан намерно, изјави вечерта на 9 септември директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Пожарот, според неговите тврдења, нема опасност да се прошири надвор од депонијата. „Бригадата за противпожарна заштита Скопје со сите сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла, направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да ...

Смртоносни израелски воздушни напади ги таргетираа високи лидери на Хамас во Катар, сојузник на САД и домаќин на повеќекратни мировни разговори за Газа, предизвикувајќи редок укор од претседателот Доналд Трамп. Палестинската милитантна група соопшти дека шест лица загинале во нападите, меѓу кои и син на главниот преговарач, но дека високите лидери преживеале. Катар соопшти дека загинал и еден од неговите безбедносни службеници. Белата куќа ...

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во нашата Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на ...

По жестоките протести со жртви и повредени, владата на Непал повторно ја укина забраната за користење на социјалните мрежи. Забраната е повлечена, изјави портпаролот на владата и министер за комуникации, Притви Суба Гурунг. Сите засегнати апликации можеа повторно да се користат во вторникот наутро, забележа новинската агенција Ројтерс. Минатата недела во земјата беа блокирани некои од најголемите платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги ...

Еден од најголемите музички фестивали во регионот – Егзит (EXIT), кој се одржува еднаш годишно на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, влезе во вртлогот на изборните ветувања во Македонија. Само еден ден откако кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека Скопје може да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации, пристигна официјална информација дека Егзит фестивалот не се сели во Скопје или ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР денеска присуствуваше на промоцијата на официјалната примена на службени регистарски таблици. „Како директор на Бирото за јавна безбедност, ја поздравувам оваа мерка и ја сметам за важен чекор во насока на транспарентност, отчетност и професионално управување со јавните ресурси. Ова не е само техничка промена, туку суштинска реформа која ја зајакнува довербата на граѓаните, ја потврдува ...

Во текот на вчерашниот празничен ден (08.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 781 издадени платни речиси третина односно 254 налози се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, а потоа следат 106 прекршоци за возачи кои што управувале возила без возачка дозвола, како и за возачи кои што неправилно ...

На 08.09.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.В.(46) од Романија. При гранична контрола и преглед на патничко возило „дачиа“ со романски национални ознаки, кое го управувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува кривична пријава по член 215 ...

На 08.09.2025 во 12:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Ј.(38) од Гостивар. При претрес во објект и помошни простории во с.Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана. На 08.09.2025 во 18:00 часот, исто така со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај лицето С.Ш.(42) од ...

Укинувањето на државни празници е „во мода”. Францускиот премиер Франсоа Бајру во јули предложи Велигденскиот понеделник и Денот на победата над фашизмот (8 мај) да бидат избришани од списокот на неработни денови во Франција, кои вкупно се 11 во годината. Предлогот наиде на жестоки критики од речиси целата политичка сцена. Бајру тврдеше дека ваквиот потег ќе помогне во ублажување на буџетскиот притисок, а тој не е единствениот што размислува на ...

Францускиот парламент на 8 септември изгласа недоверба на владата поради нејзините планови за ограничување на националниот долг, продлабочувајќи ја политичката криза и давајќи му на претседателот Емануел Макрон задача да пронајде петти премиер за помалку од две години. Франсоа Бајру ја презеде функцијата пред само девет месеци, а сега тој мора да поднесе оставка, оставајќи го Макрон да се соочи со намален сет на опции, бидејќи финансиските ...

Политичката сцена во Република Српска (РС) влегува во турбулентна фаза. Радован Вишковиќ веќе не е премиер на ентитетот, а Синиша Каран е тргнат од функцијата министер за внатрешни работи во процесот на формирање „неуставна“ влада. Двајцата до неодамна беа меѓу најблиските соработници на Милорад Додик. Ни самиот Додик веќе не е претседател на РС, откако Централната изборна комисија му го одзеде мандатот по судска пресуда. Според босански ...

Аналена Бербок (44), поранешната шефица на германската дипломатија, останува на светската сцена. За разлика од повеќето нови работни места, кои започнуваат во понеделник, Бербок својата работа како претседателка на Генералното собрание на ОН ќе ја почне во вторник (9 септември). Политичарката од Зелените беше министерка за надворешни работи на Германија до мај годинава додека во Берлин на власт не дојде новата влада предводена од Фридрих Мерц, ...

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во нашата Република Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација во нашата Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе ...

На 07.09.2025 околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Л.Т.(27) од Р.Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена ...

‎На 8-ми Септември 1991 година, единствени во намерата за да бидеме свои на своето, на нашиот трет Илинден, храбро, одлучно и одговорно го остваривме вековниот сон за слободна, независна и суверена Република Македонија. ‎ ‎Наша е обврската да го сочуваме наследството за кое нашите предци се избориле. Она што тие ни го оставиле да им го предадеме на поколенијата. ‎ ‎Треба да знаеме кои сме за да знаеме што сакаме да бидеме. Треба да знаеме што ...

Боинг 737 управуван од канадската авиокомпанија ВестЏет направи тешко слетување на аеродромот Свети Мартин попладнево. Авионот падна низ десниот слетувачки систем. Во него имало 164 лица; никој не е повреден. Видеото го прикажува авионот, кој потекнува од Торонто, како силно слетува на десниот слетувачки систем. Густ чад се испушта додека сопира на пистата. Откако авионот ќе застане, патниците добиваат инструкции да се евакуираат преку ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1026
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.92
84%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
1.45
95%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
87%
1028
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
100%
1029
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1028
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

62683.26

Калај

43.15

Паладиум

53788.20

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92

Цинк

3.04

Бакар

10.93

Сребро

2105.58

Родиум

258813.51

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88