Денеска (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана, а седум лица управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје едно лице возело без возачка дозвола, еден во Велес, еден во Демир Хисар и по едно лице во ...

Нови измени на Законот за заштита и благосостојба на животните предвидуваат построги правила за сопствениците на домашни миленици, високи казни за злоупотреба, како и нов пристап кон проблемот со бездомните животни. Како што објави телевизија Телма, предлог-законот, изготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и усогласен со повеќе институции и здруженија, веќе е подготвен, но се појавува нејаснотија околу тоа дали стигнал до ...

Без оглед на правната рамка, американскиот претседател Доналд Трамп нема намера да бара дозвола од Конгресот за продолжување на војната со Иран. „Никогаш порано“ не е побарано такво овластување, изјави тој. „Зошто ние да бидеме исклучок?“ Сепак, Трамп нагласи дека е во комуникација со Конгресот. Теоретски, периодот во кој на Трамп му е дозволено да ја води војната истекува овој викенд. Според законот, врховниот командант може да нареди ...

По исклучително ладното време за овој период од годината со ниски температури и појава на утрински мразеви, веќе во текот на следната седмица, односно во периодот од 4 Мај 2026 (Понеделник) до 10 Мај 2026 (Недела) во Македонија ќе имаме значително повисоки температури на воздухот и тие ќе бидат вистински пролетни и во пораст како утринските, така и максималните дневни температури на воздухот. Во понеделник и во вторник (4/5 Мај 2026) ќе ...

Меѓу Соединетите Американски Држави и Иран во моментов е на сила прекин на огнот. Во тој контекст, САД бараат излезна стратегија од војната со Иран. Две опции се разгледуваат сериозно: продолжување на морската блокада на иранските пристаништа или нов бран воени напади со цел режимот во Техеран да биде принуден на отстапки. „САД често комбинираат стратегиски сигнали со намерна нејаснотија за да си остават простор за дејствување“, објаснува за ...

Авионот на компанијата Енвои Ер со седиште во Мајами, подружница на Американ ерлајнс, во четвртокот околу 13:15 часот (локално време) слета на меѓународниот аеродром Симон Боливар во Мајкетија, во близина на главниот град на Венецуела, Каракас. Од 2019 година, кога беа прекинати дипломатските односи меѓу двете земји, немаше комерцијални летови. Слетувањето на американскиот авион претставува уште еден чекор во нормализацијата на односите по ...

Трудот е темелот врз кој се гради секоја силна држава. Нема напредок без работа. Нема стабилност без создавање вредност. Нема иднина без луѓе што вложуваат, градат и веруваат. Денес им оддаваме признание на сите што секојдневно придонесуваат со знаење, со труд и со посветеност. Нашата обврска е јасна: повеќе можности, подобри услови и фер правила за сите што работат и создаваат. Државата се гради со труд. Продолжуваме заедно со посветеност и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, петмина (двајца во Кичево и тројца во Скопје) управувале возило без возачка дозвола, а двајца ( по еден во Неготино и Кичево) управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во ...

На 29.04.2026 во 23:15 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од село Муртино, струмичко. При претрес во домот на С.З. извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А. била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

На 30.04.2026 во 17:10 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 36-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека и се заканувал на неговата 33-годишна вонбрачна партнерка пред домот каде таа престојувала, а истото се случило и неколку дена претходно. Известени се јавен обвинител и социјален работник и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М.(54), сите од Струмица, поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244-а од ...

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална ...

Заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски и заменик претседател на Владата, Александар Николоски, денeска го означивме почетокот на изградбата на современа катна гаража во централното градско подрачје на Охрид. ‎ ‎Ова е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град, со кој конечно започнуваме со решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето и сообраќајниот метеж, особено во ...

На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Д.(57). При извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, пронајдени се марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 01.05.2026 во 00:10 часот во с.Катланово, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија ...

На (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат. На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат” кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало пет ...

Територијата на Македонија на 1 и на 2 Мај 2026 (петок и сабота) ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент. Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ...

На (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп. По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот. Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, ...

На 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец! На 10 мај (недела), со почеток во 11:00 часот, во селото Туминец ќе се одржи свечено откривање на споменик посветен на македонските херои од ова село: Мире Андоновски, Косте Митревски, Ванко Цветковски, Софре Јанкуловски, Славе Трајчевски, Божин Вурмовски, Павле Вурмовски, Павле Милалевски, Кране Тасевски, Трајче Трајчевски, Дријо Вурмовски, Петре Војовски, Ѓорѓија ...

Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ. Тој на 24.10.2025 во 17:42 часот, во период кога не бил на работа, на патот Битола-Новаци, под дејство на алкохол управувал патничко возило „хјундаи” ...

Секторот за полициски работи од општа надлежност при Одделот за униформирана полиција реализира семинар за прва психолошка помош наменет за полициски службеници во Охрид. Семинарот беше спроведен со поддршка на Црвениот крст, а во рамки на истиот беа обработени теми од особено значење за полициската професија, како што се укажување на прва психолошка помош при кризни состојби, основни принципи на првата психолошка помош, справување со ...

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД, Доналд Трамп, разговарале телефонски за времен прекин на огнот во војната во Украина. Путин бил подготвен за пауза на огнот за време на одбележувањето на годишнината од крајот на Втората светска војна, изјави надворешнополитичкиот советник на шефот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Русија традиционално ја слави победата над нацистичка Германија во Втората светска војна на 9 мај. Ушаков изјави ...

Политичката криза во Косово продолжува и по речиси година и половина без стабилен излез. Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата до рокот од 28 април, утврден со одлука на Уставниот суд, поради што беше распуштен. Со тоа, Косово е принудено повторно да организира предвремени парламентарни избори – трети по ред во период од само 15 месеци. Изборите се закажани за јуни 2026 година. Новата криза беше предизвикана откако премиерот и ...

Размената на остри пораки меѓу власта и опозицијата за време на пратеничките прашања ги продлабочи политичките препукувања во Собранието. Реториката од двете страни станува жестока, а фокусот се префрла од суштински политики кон лични обвинувања и реакции. Препукувањата и навредите ескалираа кога премиерот Христијан Мицкоски упати серија остри критики кон СДСМ, оценувајќи ги нивните изјави и прес-конференции како збунувачки и ...

По критиките на опозицијата дека Македонија каска со реформската агенда, премиерот Христијан Мицкоски од Собранието порача дека од Брисел многу бргу ќе дојде информација дека од „последни во регионот – земјата сега е рамо до рамо со фронтранерот Црна Гора“. „Успешно се завршени 16 или 17 од 22 индикатори за извештајниот период кој заврши кон крајот на 2025 година. Таа информација ќе дојде деновиве и ги предупредувам во СДСМ да не се ...

Во основното училиште „Гоце Делчев“ во Општина Центар денес беа доставени прирачниците за справување со врсничкото насилство, изработени како дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ – „Крени глас против врсничко насилство“. Како дел од соработката со Министерството за образование и наука, компанијата почна да ги доставува прирачниците до основните училишта низ земјата, со цел да обезбеди практична поддршка за наставниците, ...

Десет лица се уапсени во Албанија во рамки на голема меѓународна операција против онлајн измами, соопшти Европол. Според истрагата, криминалната мрежа стои зад измами вредни над 50 милиони евра, при што жртви имало низ Европа и пошироко, вклучително и во Италија, Германија, Грција, Шпанија, Канада и Обединетото Кралство. Групата управувала со неколку кол-центри во Тирана, од каде што жртвите биле мамени преку лажни инвестициски платформи. По ...

На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште. Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна ...

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, денес четврток 30 април 2026 особено во пладневните и во попладневните часови во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и ќе наврнат од 10 до 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Поради заладувањето на планините над 1100/1200 ...

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Н.Џ. (50), Ѓ.Ј. (57) и Е.Џ. (44), сите од Штип, поради постоење основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, продолжено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Според пријавата, во текот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25