Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Македонците традиционално го прославија Ѓурѓовден во четири етнички области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови. На Ѓурѓовден во Голо Брдо, Мала Преспа и Гора се изведуваат многу обичаи за овој празник, почнуваат на 5 мај пред зајдисонце кога сите млади и постари одат по ливадите и бавчите каде берат гранчиња /потки/ и цвеќиња, ги носат дома каде ги закитуваат портите, влезната врата на куќата, трлата, плевните, ...
Под влијание на Атмосферски фронт кој преку Алпите ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, веќе од денес (Четврток 7 Мај 2026) па до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и пообилни на повеќето места ќе бидат утре Петок 8 Мај 2026. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас повика на политичко обединување како предуслов за напредок на Северна Македонија кон ЕУ. Тој ова го истакна на конференција во Скопје по повод 30 години дипломатски односи меѓу ЕУ и Македонија. „Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблиску до таа цел отколку што мислиме. Она што недостига во овој момент се малку прагматизам и желба за обединување низ политичкиот спектар за да се случат ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку ...
По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Министерството за внатрешни работи реализираше повеќе активности насочени кон зајакнување на професионалната соработка, транспарентноста и довербата со граѓаните. Денеска (06.05.2026) во Кавадарци, во организација на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ, успешно се одржа турнир во мал фудбал под мотото „Силни во службата, сплотени на теренот“. Турнирот беше насочен кон унапредување на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Валандово управувал возило со под ...
На 06.05.2026 во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ја малтретира неговата сопруга, тој околу 01:00 часот отишол пред домот во кој живее неговата сопруга и по кратка расправија физички ја нападнал. На 05.05.2026 во 21:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го пушти во употреба вториот дел од приземјето од реконструираното Одделение за управни работи – Скопје, сместено во зградата на МТВ. Со завршувањето на оваа фаза, целосно е ставена во функција нова, модерно опремена шалтер сала со над 10 шалтерски позиции, како и дополнителни канцеларии за вработените, санитарни јазли и кујна, но и посебен простор за чување и складирање на досиеја и ...
Успешно го реализиравме проектот за визуелна унификација на урбаната опрема во нашиот град. Преку замена на старите и поставување на нови, типизирани огласни табли, Охрид добива лик каков што заслужува. Заменети се вкупно 290 табли на ул. „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“, Градскиот плоштад по должината на „Св. Климент Охридски“ и Старата чаршија (ул. „Гоце Делчев“). Сакам да упатам благодарност до сите занаетчии, трговци и угостители за ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на 30 години односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, во присуство на амбасадорот на ЕУ Mihalis Rokas. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека европската интеграција останува стратешки приоритет на државата, нагласувајќи дека по завршувањето на скрининг процесот, фокусот е ставен на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади и УНИЦЕФ денеска одржаа дискусија на високо ниво насловена како „Инвестирање во децата – унапредување на човечкиот капитал, вработувањето на жените и инклузивниот раст“, изложувајќи нови докази кои покажуваат дека со реформирање на паричната помош за семејствата со деца, детската сиромаштија во Северна Македонија би можела да се намали за до 6 процентни поени. На настанот присуствуваа ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028та година. Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и ...
Денес сме сведоци на еден значаен момент за македонскиот енергетски сектор. Особена чест ми претставува што сум овде, на официјалниот почеток на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“- Intraday Market, организиран од страна на МЕМО ДООЕЛ Скопје. Ова не е само нова техничка алатка или уште една административна процедура. Ова е сериозен исчекор кон модерна, стабилна и европски усогласена енергетика. Тоа е показател дека чекориме напред, со ...
Извонредно талентиран и паметен! Ми беше задоволство денес да се сретнам со ученикот Македон Димитровски, познат во јавноста како исклучително надарено дете со интерес за математика и јазици. Неговото учество на панелот „Магијата е во знаењето“ внесе дополнителна инспирација во дискусијата, како пример дека љубопитноста и љубовта кон знаењето се развиваат од најрана возраст, но и како поттик да направиме уште повеќе за талентираните деца во ...
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид Се информира јавноста дека ставен е на ...
Годинава Охрид во фокусот на „Генералка викенд 2026“ преку големата акција за чистење на езерското крајбрежје и уредување на парковските површини. Иницијативата е плод на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и нашиот стратешки партнер за управување со отпад, австриската компанија Саубермахер. Со истата се поттикнува еколошко и женско лидерство, се става ...
Ве известуваме дека, во 11.05.2026 год. (понеделник), поради изведување работи на водоводната мрежа, санирање дефекти и промена на шибери, ќе има прекин во водоснабдувањето, од 08:00 до 16:00 часот, на следните локации: -Населба Плитишта -Ул. Ристо Крле -Ул. Кеј 8-ми Ноември -Ул. Ј.Н.А -Ул. Пролетерски Бригади -Ул. Кузман Јосифоски -Ул. Наум Наумоски-Борче -Ул. Цветан Димов Ви благодариме за разбирањето! Со почит, JП Водовод и Kанализација ...
Во Романија владите ретко опстојуваат подолг период. Последен пат еден премиер ја извршуваше функцијата цел мандат од 2004 до 2008 година. Од државната криза во 2012 година наваму, Романија имала единаесет избрани премиери, а покрај нив и седум преодни премиери. Формално, со земјата управувале вкупно 19 различни кабинети. Накратко: земјата одамна е хронично нестабилна. Сега во Романија повторно падна една влада. Во вторникот (5.05.2026), ...
Претседателот Доналд Трамп најави дека ќе ја паузира мисијата на САДза да обезбеди безбеден премин на бродовите низ Ормускиот теснец. „Проектот Слобода“ ќе биде суспендиран „за кратко време“ за да се види дали може да се постигне и потпише договор меѓу САД и Иран за окончување на конфликтот, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал. Тој додаде дека е постигнат „голем напредок“ во тој поглед. Блокадата на САД против бродовите што ...
Огромна температурна промена имаме во Македонија овие денови, од зимски минусни температури во најголем дел од Македонија и измерени – 5 степени во Берово изминатите утрини кои на многу месата направија огромни штети врз земјоделието и ги премрзнаа овошките. Веќе за само 48 часа па и помалку од 48 часа од зима директно се префрливме во лето. Територијата на Македонија особено вчера вторник 5 Мај 2026 подпадна под влијание на значително ...
Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, кој што се одржа денеска во Брисел. Во рамки на 12- oт Економски и финансиски дијалог се дискутираше за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за таргетирани политики за секоја земја, ...
Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров. Во врска со овој случај, на ...
На 04.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријавила дека на 03.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син С.Ѓ. и неговата сопруга, кои оштетиле и дел од покуќнината. На 04.05.2026 во 15:45 часот во СВР Скопје, 19-годишна девојка пријавила дека на 02.05.2026 во домот на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот татко З.Ѓ.. На 04.05.2026 во ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна ...
Градоначалникот на Општина Охрид оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром. Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар. Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Овој проект се реализира во партнерство ...
На годинешното доделување на престижните Пулицерови награди, особено признаније му беше оддадено известувањето за американската влада на претседателот Доналд Трамп. Наградата во најреномираната категорија „ Во служба на јавноста“ му припадна на весникот Вашингтон пост за неговото известување за напорите на Трамп за преобликување на федералните институции. Дополнителни награди беа доделени за известување за ригорозните мерки на владата на САД ...
Денеска, на 5 Мај, се одбележува Денот на македонскиот јазик – датум од особено значење за нашата држава и културен идентитет. На овој ден во 1945 година, македонскиот јазик е официјално кодифициран и поставен како темел на современата писменост и образование. Македонскиот јазик претставува жива врска со нашето минато, но и силен мост кон иднината. Тој е чувар на традицијата, историјата и духовноста на македонскиот народ. Преку него се ...
Во конфликтот меѓу Иран и САД формално во сила е примирје. Меѓутоа, долготрајната блокада на Ормускиот теснец од страна на Иран, кој е клучен за светската трговија, доведува до повторно заострување на тензиите – вклучувајќи закани и употреба на воени бродови. Дури и земјите од Персискиот Залив повторно пријавуваат напади. Во неделата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе започне со ослободување на бродовите кои се заглавени ...
Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени. Значително повисоки температури и потопло време ќе имаме и во утринските часови и повеќе нема да имаме појава на утрински мразеви и на слана. Инаку целиот Балкан до крајот на оваа седмица очекувам да има значително високи температури ...
Заедно со потпретседателот на Владата Димовски и министерот за надворешни работи Муцунски оддадовме од името на владата вечен помен на жртвата на великанот, македонскиот јунак Гоце Делчев, и на тој начин само сакаме да покажеме дека како Влада ќе сториме се за да неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ. Но, и за сите граѓани коишто живеат во Македонија остане вечна, да се сеќаваме на неговиот лик и ...