Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против 13 полицајци обвинети во предметот за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани,каде на 16 март 2025 година, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На првото рочиште обвинетите полицајци изјавија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителството, пак, оцени дека токму нивните пропусти во постапувањето придонеле за трагичните последици и ја отвори темата за одговорноста. Обвинителството: ...
Апелациониот суд разгледува жалби поврзани со пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, случај што предизвика силен јавен интерес. Четворицата осудени на доживотен затвор — Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, поднесоа жалби со барање за укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Истовремено, ...
Европската Унија во наредните денови ќе додели близу 200 милиони евра за Македонија, Албанија и Црна Гора поради имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан. Ова го најави еврокомесарката за проширување Марта Кос. „Имам многу јасна порака – има место за сите земји од Западен Балкан во Европската Унија.Проширувањето е приоритет за ЕУ и ако кандидатите ги исполнат условите, тогаш и ние мора да го исполниме ветеното“, изјави Кос пред ...
Најавите за евентуално укинување на блок тарифите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) отвораат суштинско прашање: дали системот за струја ќе стане „поправичен“ или ќе дојде до прераспределба на товарот меѓу домаќинствата, при што едни ќе добијат, а други ќе изгубат. Дилемата се наметна откако новиот претседател на РКЕ, Ацо Ристов, соопшти дека се анализира методот на пресметка на сметките за струја, кои во моментов зависат од блок ...
Територијата на Македонија денес Вторник 12 Мај 2026 ќе биде под влијание на циклонска активност која од Џенова ќе пристигне над Македонија и ќе услови денес да биде многу поветровито, односно ќе дува засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 км/час. И во Скопје и околината ќе биде многу ветровито со засилен до повремено силен ветер од западен правец. Во попладневните часови локално ќе се ...
“Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист до првиот квартал 2027 година, а за автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола рокот на изградба е до 2029 година, истакна вицепремиерот Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на целата траса на автопатот Охрид – Кичево. “ Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист, a ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли иранската реакција на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи ја како „целосно неприфатлива“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови. Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените ‘претставници’ на Иран. Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“. Иранските барања биле доставени до САД преку ...
Дубаи долго време градеше имиџ на оаза на стабилност во нестабилниот Блиски Исток. Емиратот, втор по богатство во Обединетите Арапски Емирати, се позиционираше како сигурен финансиски центар каде богатите поединци можат да го чуваат капиталот, да водат бизнис и да планираат на долг рок со чувство на доверба. Но, овој внимателно изграден имиџ е сериозно разнишан со војната со Иран. Ракетните и напади со дронови врз цели во Персискиот Залив ...
На 09.05.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.С.(49) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата мајка. На 09.05.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(34) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. На 09.05.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40), постапувајќи по претходна ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Инџиково и Бутел положи свежо цвеќе на спомен-обележјата посветени на припадниците на македонската полиција кои ги загубија животите во терористичката акција во кумановско „Диво Насеље“ во мај 2015 година. Во знак на почит кон нивната жртва, министерот Тошковски им оддаде почит на осумтемина македонски херои – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои шест возеле без дозвола (тројца малолетници), а по двајца со активна забрана и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје (еден малолетник), и по еден во Тетово (малолетник), Гостивар, Велес (малолетник) и Делчево управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Делчево учествувал ...
На Македонија денес повеќе од сè ѝ е потребно обединување. Да се обединиме околу националните интереси. Околу иднината на нашите деца. Околу почитта кон сопствената историја и достоинството на народот. Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија. Македонците во Албанија се нераскинлив дел од македонското национално ткиво. Вашата истрајност низ ...
Новата седмица која што ни доаѓа низ целиот Европски Континент вклучувајќи го и Балканот а со тоа секако и Македонија ни носи нагла и огромна промена на времето, обилни врнежи, бурен ветер како и огромен пад на температурите и за повеќе од 15 степени. Од северозапад ќе ни се спушти многу поладен воздух кој ќе ги спушти температурите значително под просекот за месец Мај. Покрај огромниот пад на температурите на воздухот ќе има и локална ...
Откако виетнамските пратеници едногласно го избраа генералниот секретар на Комунистичката партија, То Лам, за претседател на државата, аналитичарите сè почесто го поставуваат прашањето дали Виетнам се движи кон копирање на кинескиот политички модел. То Лам овој месец официјално ја презеде претседателската функција по гласање во Националното собрание, со што отстапи од децениските правила што ја обликуваа политиката на елитите во Ханој. ...
По неодамнешните воени судири, САД и Иран се чини дека повторно се обидуваат по дипломатски пат. Владата во Вашингтон чека одговор од Техеран на американскиот предлог за окончување на војната со Иран. Според Волстрит џурнал, преговорите меѓу спротивставените страни со посредство на Пакистан би можеле повторно да се одржат во Исламабад следната недела. Плановите за нови рунди разговори во пакистанскиот главен град неодамна повеќепати ...
Германските аеродроми очекуваат, доколку цените на керозинот останат високи, во летниот период да има откажувања на летови што би можеле да погодат милиони патници. Во најлош случај, на некои аеродроми се заканува „пад на капацитетот од десет проценти“, изјави Ралф Бајзел, главен директор на Здружението на германските комерцијални аеродроми (АДВ), за весникот Велт ам Зонтаг. „Ако се пресмета за сите аеродроми, тоа би значело дека 20 милиони ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“, во чест на осумтемина припадници на македонската полиција кои ги загубија своите животи во терористичката акција во 2015 година. Министерот Тошковски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, посветено на загинатите полициски службеници – Љубиша ...
По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...
Кремљ драстично ги заостри безбедносните мерки околу претседателот Владимир Путин. Причина за тоа, наводно, се сè посилните стравувања од атентат и државен удар. Ова произлегува од извештај на европска разузнавачка служба, кој го цитираат рускиот истражувачки портал „Important Stories“, како и Си-Ен-Ен и „Фајненшл тајмс“. Наводните планови за државен удар во Русија ги поделија набљудувачите во два табора. Едни сметаат дека вакво сценарио, ...
Во рамки на мојата посета на Веспрем, имав чест да се сретнам со г-дин Чаба Барта, претседателот на европскиот ракометен гигант РК Веспрем. Фокусот на нашиот разговор беше насочен кон патот на ГРК Охрид и нашите досегашни успеси во Европскиот куп и домашната лига и куп, за кои добивме искрени честитки. Големо признание е кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава нашите напори и напредок. Дополнително дискутиравме за стратегии за ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека внимателно ја следи состојбата со хантавирусната инфекција, по појавата на случаи кај патници на крузер во Јужен Атлантик. Во моментов, нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти поврзани со Македонија, ниту постојат индикации за ризик по јавното здравје во земјата. ИЈЗ: Достапни се реагенси за детекција Од Институтот посочуваат дека станува збор за мултинационален кластер на ...
По се изгледа целиот овој месец Мај 2026 ќе ни биде променлив со чести врнежи и ладни продори од северот и од северозападот на Европскиот Континент. Веќе од Вторник 12 Мај 2026 од северозапад кон Европа, Балканот и кон Македонија ќе пристигне нов продор на значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот и за 10 до 15 степени и тие повторно ќе ни бидат значително под просекот за месец Мај 2026. Се поизвесно е ...
Porga Gyula Овој документ не е само протоколарна обврска, туку платформа за конкретна соработка во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација… Убеден сум дека размената на искуства и европски практики ќе донесе видливи придобивки. Охрид продолжува да се етаблира како отворен, европски град кој гради силни и долгорочни партнерства. Продолжуваме со посветена работа за поубав и попросперитетен Охрид! Porga Gyula ...
Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени деновиве во Њујорк учествува на Глобалниот форум за ревизија на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и регуларна миграција на Обединетите нации, кој се одржува од 5 до 8 мај. Во своето обраќање Исени истакна дека соработката со IOM веќе дава конкретни резултати преку реализација на значајни национални и регионални проекти насочени кон модернизација на системите за регистрација и ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана. Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај ...
Денес, на 7 Мај – Денот на македонската полиција, им оддадовме признание на сите полициски службеници кои секојдневно, професионално и пожртвувано се грижат за безбедноста на граѓаните и стабилноста на државата. Македонската полиција отсекогаш била и ќе остане еден од најсилните столбови на државноста и чувар на поредокот, сигурноста и достоинството на Македонија. Со длабока почит се сеќаваме и на сите полициски службеници кои го положиле ...
Туристичкиот крстосувач Хондиус, кој по појавата на смртоносниот хантавирус со денови беше закотвен кај Зеленортските Острови, го напушти овој архипелаг покрај западниот брег на Африка. По повеќедневна неизвесност, конечно има надеж за околу 150-те луѓе на бродот. Шпанија му дозволи на бродот, кој плови под холандско знаме, да вплови во пристаниште на Канарските Острови. Хондиус исплови од Зеленортските Острови и се упати кон канарскиот ...
Еден американски суд го објави наводното проштално писмо на американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, кој почина во 2019 година. Судија во Њујорк во средата го стави на располагање документот, кој со години беше запечатен, на барање на Њујорк тајмс. Затворскиот цимер на Епстин изјавил дека го пронашол писмото во книга по неуспешниот обид за самоубиство на милионерот во јули 2019 година. „Ме истражувавте со месеци – и не најдовте ...
Околу 120.000 деца во Македонија се погодени од сиромаштијата. Најризични групи се многудетните семејства (54,8%), ромските семејства (47%) и еднородителските домаќинства (45%). Речиси секое второ дете во овие категории живее под прагот на сиромаштија. Најновата анализа на УНИЦЕФ укажува дека се потребни итни и структурни мерки, поради што се предлага воведување универзален детски додаток како основна поддршка за сите деца и дополнителен ...