ЕВН Македонија извести дека денеска 11.05.2025 година ( недела ) без електрична енергија ќе останат неколку делови од општина Кисела Вода. Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без стрја ќе бидат корисниците од Киро Фетах, улица Драчево, улица Герника. околината на Амигос сокара и Драчвски патак. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот нема да имаат струја корисниците од улицата Борис Трајковски 7 компаниите Ѓоко Мицевски ДООЕЛ и Јогомеркур. ...

Во последно време се повеќе се шпекулира дека Том Круз и Ана де Армас се во врска. Наводната двојка сега сама ги подгреа гласините, откако беа фотографирани во лежерна прошетка низ Лондон за 37-миот роденден на Ана. Тиктокерка објави видео од моментот кога Круз и де Армас поминаа покрај неа. „Во Лондон си и сакаш да го запознаеш Хари Стајлс… Но, изненадување, одеднаш се појавува Том Круз“, се вели во видеото. Круз беше еден од гостите на ...

Успехот може да изгледа различно за секого, но постојат луѓе кои зрачат со решителност, амбиција и неверојатна упорност. Тие не се откажуваат лесно, знаат што сакаат и не се плашат од предизвици на патот до својата цел. Без разлика дали станува збор за кариера, образование или лични проекти, нивната внатрешна сила и верба во себе честопати ги издвојуваат од другите. Според астрологијата, припадниците на овие хороскопски знаци имаат природни ...

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф свика состанок на Националната команда во саботата, соопшти војската, откако Исламабад започна воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази. Ова највисоко тело од цивилни и воени функционери донесува безбедносни одлуки, вклучително и оние поврзани со нуклеарниот арсенал на земјата. Тензиите меѓу нуклеарно вооружените соседи ескалираа оваа недела, откако двете страни се обвинија меѓусебно за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Вчера во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода 36-годишниот И.М. од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на ...

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната ...

Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна. Видеото: ...

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место, велат од СДСМ. Според оваа партија, во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други ...

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати писмо со честитки до новиот папа Лав XIV. „Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни ...

Украинската безбедносна агенција SBU објави дека открила унгарска државна шпионска мрежа за собирање разузнавачки информации за одбраната на Украина. Во соопштението, СБУ соопшти дека привела двајца осомничени агенти кои, како што се наведува, биле ангажирани од унгарската воена разузнавачка служба. Се вели дека е првпат во историјата на Украина да се открие дека унгарска шпионска мрежа работи против интересите на Киев. Немаше моментален ...

Со претставување на проектот „Страда бруталисима“ денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“ во Венеција, беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето рече дека да се биде дел од Венециското биенале за архитектура, е можност да се вклучиме во глобалниот разговор за потребата од заемно ...

В понеделник, со почеток во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи пијано дуото „Променада“ во кое свират пијанистките Татјана Божиновска и Билјана Димовска. На програмата се дела од Менделсон, Рахмањинов, M. Тајчевич/Б. Светиев и Равел. Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 година во Битола. Во 2000 дипломира, а во 2003 и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот по пијано, во класата на проф. ...

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да го зголеми притисокот врз Москва во нејзината војна со Украина. Бродовите од почетокот на минатата година превезле товар во вредност од повеќе од 24 милијарди долари, а некои бродови биле вклучени и во оштетување на критичната инфраструктура, соопштија Британците. Канцеларијата на премиерот Кир Стармер соопшти дека санкциите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 80 проценти за кинеските стоки „изгледаат фер“, додека претставниците на двете земји се подготвуваат за разговори во текот на викендот за ограничување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и главниот трговски преговарач Џејмисон Греет ќе се сретнат со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во Швајцарија за да ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес ги отфрли обвинувањата на Украинската служба за безбедност (SBU) за откривање на шпионската мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинската област. „Би ги замолил сите да бидат претпазливи во врска со ваквите извештаи што се појавуваат во украинската пропаганда. Доколку добиеме какви било детали или официјални информации, тогаш ќе разговараме за тоа. Дотогаш, морам ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните апарати во овластен сервисен центар. „Адресните податоци внесени во фискалниот систем треба да бидат ...

Тони Цетински објави нова песна. Се вика „Пиши пропало“. Композитор на песната е Анте Пекотиќ. „Морам да признаам дека имав тешка задача во оваа нова песна, бидејќи не само што Анте напиша нешто многу искрено, интимно и силно, а таквите работи воопшто не се лесни за изразување во песна, туку и јас самиот поминав низ истото што Анте го подвлече во зборовите на авторот во оваа песна. Многу ми е чест и му благодарам многу за довербата, ...

Мајли Сајрус објави емотивна песна и видео од нејзиниот албум „Something Beautiful“. Денес, поп-ѕвездата го објави синглот „More to Lose“, втората песна од нејзиниот претстоен албум, кој треба да излезе на 30 мај. „Во песна како „More to Lose“, се обидувам да отпеам сè од првиот обид. Toa е навистина приказна и не сакам ништо да ја прекинува, да ја преиспитува или да брка совршенство“, рече Сајрус во разговор за песната. „Не сакав „More ...

За време на првата миса, папата Лав XIV изрази жалење поради фактот што во многу делови од светот технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството се повредни од христијанската вера, која, како што предупреди, на многу места се смета за апсурдна, наменета за слабите и за неинтелигентните. Новиот папа истакна дека верниците често се изложени на потсмев, предизвици, презир – или во најдобар случај – само се толерирани и сожалувани. Тој ...

СВР Скопје известува дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола ...

Малолетник се отрул од алкохол во Тетово и во неконтактибилна состојба е однесено во болница. Поради инцидентот, поднесени се кривични пријави против продавачката и управителот на продавницата од која детето го купило алкохолот. Според информации на МВР, поднесени се кривични пријави против правно лице, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за ...

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави. „На мое огромно задоволство го потпишавме договорот врз основа ...

Наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во РЕК Битола и да се огради од нивните кадри кои во моментов се или во притвор или во бегство, СДСМ се дрзнува да критикува за состојби директно создадени од нив. Предизвиците во производството на електрична енергија, особено во РЕК „Битола“, се токму благодарение на погрешните и нечесни политики што ги водеше СДСМ во ЕСМ и во најголемиот рударско-енергетски комбинат, реагира ЕСМ на ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје оствари работна средба со челните луѓе на Единицата за интервентна полиција, ОСПО односно САЕ Тигар и ЕБР како и со раководството на Секторот за внатрешни работи Штип и на СВР Скопје. „На средбата директорот Јанев беше информиран за сите детали околу вчерашните и синоќешни заеднички активности на овие организациони единици при БЈБ ...

Маж заврши на суд откако наводно две години ја малтретирал холивудската актерка Џенифер Анистон – што кулминирало кога со автомобилот ја удрил оградата на влезот од нејзината вила во понеделник. Џими Вејн Карвајл од Њу Олбани, Мисисипи, е обвинет за постојано испраќање несакани гласовни пораки, е-пошта и пораки на социјалните мрежи до актерката од „Пријатели“ од 2023 година. Се вели дека 48-годишникот потоа пробил со својот сив „Крајслер ПТ ...

Во рамки на вчерашните (08.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 777 платни налози. Најбројни се прекршоците за непрописно паркирање 256, а потоа прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената – 175. Покрај ова, вчера ...

Делегација на Владата, предводена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, придружуван од министрите за животна средина и просторно планирање и за правда, Изет Меџити и Игор Филков, денеска положи венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. На спомен-обележјето венци со свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на ...

Денеска, на скопскиот акведукт почна најголемата тридневна (9, 10 и 11 мај) годишна национална акција за собирање отпад – „Генералка викенд“ (волонтерска кампања од граѓани за граѓани), организирана од „Мен енд маунтен“ заедно со нивниот главен стратешки партнер „Пивара“ – Скопје и официјалните партнери „Пакомак“, „Нула отпад“, Шпаркасе банка, „ЕВН Македонија“, „Бучим Боров Дол“, „Макстил“, „Саубермахер“ и „Костал“. „Генералка викенд“ се ...

Сашо Дуковски, адвокатот на 20-годишниот Васил Јованов, кој на пешачки премин, возејќи без возачка дозвола, смртно ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова, по денешното судење, рече дека очекува да се цени тоа што признал вина и изразил најдлабоко каење. „Сакам да имате предвид еден многу битен факт – се работи за човек што има 20 години, категорично ја призна својата вина. Ова не е ни првата ни последна сообраќајна несреќа во Република ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1007
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
7.72
65%
1011
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
80%
1009
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
7.72
78%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
6.14
84%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
1009
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
58%
1006
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1006
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
9.26
69%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
78%
1012
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.23
81%
1012
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159436.20

Паладиум

54077.56

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Иридиум

215504.98

Калај

46.06

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Бакар

11.83

Сребро

2497.79

Платина

67484.42

Цинк

3.29