
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна ...
Вчера во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавната установа Завод за социјални дејности Скопје, информираат од МВР. Со потпишувањето на овој меморандум, трите институции ќе ја зголемат меѓусебната комуникација со цел да ја воспостават и формализираат меѓуинституционалната соработка на ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата. Особено се апелира да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со Золт Бунфорд, специјален пратеник за Западен Балкан на унгарскиот премиер Виктор Орбан. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете Министерства и двете влади, воопшто при што двете страни ја потенцираа меѓусебната доверба, поддршка и соработка во натамошното промовирање на истите. Министерот Тошковски изрази благодарност за меѓусебната посветеност, но ...
Со ребалансот на буџетот за 2025-та нема да има промена кај клучните економски проекции. Останува проекцијата за економскиот раст од 3,7 проценти и инфлација од 2,8 отсто, што е зголемување од претходните 2,2. Најмногу ќе се крати од трошоците на Владата, а најголем дел има прераспределба за инвестициите. Ќе се зголемат платите на полицијата, која доби зголемување од 10 проценти. Ќе бидат зголемени средствата и за Министерството за одбрана, за ...
Нотарската комора бара зголемување на дел од нотарските тарифи, кои, како што посочуваат, не се зголемени повеќе од 25 години. Конкретно, станува збор за заверка на документи, која сега чини 100 денари. Бараат таа двојно да поскапи, на 200 денари. Измените во дел од нотарската тарифа комората бара врз основа на зголемени трошоци за работа. Како дел од проблемот, ги посочуваат законските измени со кои се дозволува наместо претходно уреденото на ...
Рано е за ласерски и естетски корекции на лузните, мора да се следат лекарските протоколи, повредените во пожарот во Кочани да не брзаат со одлуки, да се консултираат со стручниот тим којшто им стои на располагање во кочанската болница, апелира првиот човек на ФЗОМ. Компресивната облека ќе треба да ја носат две години и таа ќе биде обезбедена. Во однос на забелешките дека состојбата во кочанската болница е катастрофална, Клековски вели се добива ...
Кој кого ќе поддржи на локалните избори, а во кои општини ќе се трча со сопствени кандидати и листи, засега не се открива. Владејачките партии од македонскиот блок таинствени во однос на имињата, но потврдија дека се интензивираа дијалогот и најавија соработка на есенското одмерување на силите. Премиерот вели дека со партијата на Димитриевски разговарале за заемна поддршка на кандидати, лидерот на ЗНАМ кој ќе се бори за нов мандат во Куманово ја ...
Бугарските европратеници и владата вршат жесток притисок да не се прифати извештајот за напредокот на земјава, открива премиерот Христијан Мицкоски. Посочува дека бугарската страна останува на прифаќање на нивните амандмани со кои македонскиот идентитет и јазик би се означиле како „сегашни“. Барем засега, останува и неизвесна средбата меѓу македонската претседателка Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Жељасков, на самитот на НАТО во Хаг. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06% во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за ...
По седум години комплексот македонско село во Горно Нерези ги отвори портите. Присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на повеќе новинарски прашања. „Би бил најсреќен ако се изгласа Извештајот на известувачот за Македонија, Томас Вајц. Деновиве добивам информации за жестоки притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската влада, дека ако биде изгласан тој извештај тоа би можело ги радикализира проруските струи, ...
Скопје ова лето ќе биде домаќин на еден навистина посебен музички настан. Во недела, на 6 јули, историскиот двор на Сули ан ќе се претвори во магична сцена на концерт под ѕвездено небо, каде што ќе настапи еминентниот виолинист и диригент Емилио Перцан, заедно со европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од цела Европа. Концертот е дел од меѓународната студентска програма за оркестарска музика и студиско снимање, која ...
На седница на Влада денеска се разгледува ребалансот на Буџетот, најави премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање каде ќе се крати и каде ќе има повеќе пари со новиот ребаланс. Тој истакна дека во новиот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за општините, повисоки плати, пензии, како и за здравството. Таму се средствата за оние проекти, коишто се во рамки на единиците на локална самоуправа, средства за повеќе субвенции, повисоки ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за ...
Вчера во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во полициска ...
Морталитетот во Македонија бележи пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Починале над 20 илјади и 200 лица. Просечната возраст на починати мажи е околу 71 години, на жени речиси 77. Најмногу смртни случаи се регистрирани во јануари. Водечка почина за смртност е циркулаторниот систем кај повеќе од третина од нив. Податоците ја нагласуваат потребата од засилени превентивни ...
Синдикатот на контролорите на летање најави дека на 10-ти јули ќе стапи во целосен штрајк и ќе го затвори воздушниот простор, доколку раководството на М-НАВ не ги исполни нивните итни барања. Велат, и покрај позитивниот став на Министерството за финансии за ангажирање инженери и метеоролози, раководството вработува партиски советници и лица со средно образование на споредни позиции. Според контролорите, системот за управување со авиосообраќај е ...
Еруптираше вулканот Левотоби Лаки-Лаки, во јужниот дел на Индонезија. Два дена претходно имаше силна експлозија, која исфрли столбови од врела сива пепел до 10 километри височина. Индонезиските власти веднаш ја активираа највисоката фаза на тревога и ја проширија забранетата зона околу кратерот, на осум километри. За среќа нема жртви, потврдени или штети. Ова не е прва катастрофа поврзана со вулканот. Лани во ноември ерупцијата однесе девет ...
Во текот на летниот период, на околу 50 училишта низ Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи, со цел зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант во износ од 1,1 милион евра со Банката за развој при Советот на Европа. Средствата ќе се инвестираат во поставување соларни панели на училишни објекти низ државата. Од Владата ...
Врие на Блискиот Исток. Израел и Иран со нов бран меѓусебни напади. Техеран за првпат лансираше хиперсонична ракета, Тел Авив возвраќа. Погодени објекти за производство на ураниумски центрифуги и компоненти за ракети-соопшти израелската војска. „Борбени авиони летаат над местата за лансирање и складиштата за ракети земја-земја. Напаѓаме оперативци кои се враќаат и се обидуваат да изнесат муниција од местата што претходно беа цел“, изјави Ефи ...
Одбраната на градоначалникот на Струга Рамис Мерко денеска во Основниот суд во Струга треба да даде завршен збор за четирите споени предмети кои се водат против него за незаконско поставување директори во основните училишта „Гоце Делчев“ во Подгорци, два предмети, „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа и „Ашим Агуши“ во Радолишта. Судијата Јордан Јованов, на минатото рочиште информира дека со оглед на тоа дека се работи за четири предмети споени во ...
Вториот од трите блока на РЕК Битола сè уште е исклучен од електроенергетскиот систем, по активирање на заштитниот механизам. Од Електростопанство се сомневаат на саботажа. Блокот од системот бил исфрлен поради зголемена температура, по појава на опожарени дрвени елементи во близина до орманот за електронско управување. Првиот блок е на редовен годишен ремонт, а третиот е исклучен од мрежата поради намалената побарувачка од страна на ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски преку социјалните мрежи соопшти дека во Општата болница во Кочани со ПРП терапија, односно плазма збогатена со тромбоцити се третирани 10 лица повредени во пожарот во кабарето „Пулс“. Според Клековски, ова е голем чекор напред, бидејќи терапијата пациентите ќе може да ја примаат без да патуваат до Скопје. Интервенциите ги извршил тим од болницата „Свети Наум Охридски“ од Скопје. ...
Додека Русија продолжува со нападите низ Украина, Путин вели дека сака да ја заврши војната што е можно поскоро и да продолжи со преговори, не отфрлајќи ја можноста дури и да се сретне со Зеленски, но само ако Западот престане да ја притиска Украина да се бори. Ја предупреди Германија да не испорачува „Таурус“ ракети на Киев, предупредувајќи дека тоа би можело да ја вовлече во директен воен конфликт со Русија. Тврди дека делегациите на Москва и ...
Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за економски прашања, труд и социјална политика, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за економски прашања се три Предлог-закони во второ читање и тоа измените на Законот за волонтерство, измените на Законот за младински додаток и Предлог-законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт. Овие предлог законски решенија ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во повисоките делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Вчера во 23.41 часот во Штип и во 19.54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово ги лишиле од слобода Х.П.(32) од Штип и В.П.(39) од Пехчево. Околу 23.00 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, полициските ...
Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, сооптуваат од Министерството. Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за ...
Десетици жртви и над 200 повредени по израелски тенковски оган врз толпа луѓе кои чекале помош во Кан Јунис. Нема безбедно место на Блискиот Исток, објави израелската армија и најави истрага за инцидентот. Сирени за воздушен напад одново и одново низ Израел по континуираните напади од Иран. „Нема повеќе безбедни засолништа на Блискиот Исток, ова не е мисија, ова е реалност. Она што важи за лидерите на Хамас во Газа, за Хезболах во Бејрут, сега ...