Сточар од Радање на штипскиот пазар ја продава урдата што цела недела ја подготвувал од млекото на своите три кози. Вели дека зад секој килограм стојат денови труд, но за 300 денари купувачите сепак велат дека е скапо. „Само ние си ја знаеме маката“, раскажува сточарот, кој сè што ќе измолзи го носи на пазар за да обезбеди егзистенција. „Од козата од млекото правиме, урда правиме. Три овци чуваме, три литри млеко. Продаваме по 300 денари ама ...

Да се оди на плажа рано наутро, се до 10 часот, потоа да се прави пауза во најтоплиот дел од денот и престојот покрај вода да продолжи по 17 часот, а заштитниот фактор да се нанесува на секои два часа, и покрај тоа што на пакувањата е наведено дека обезбедува подолготрајна заштита. Ова се дел од препораките на лекарите до сите што летуваат покрај езера и море. Предупредуваат дека долготрајната изложеност на УВ-зрачење може да предизвика ...

Јунците на сточарите од делчевско речиси два месеца стојат во шталите непродадени, бидејки нема кој да ги купи. Марјан Стојовск, еден од нив, вели дека по проблемите со млекото, сега целосно запрел и откупот на јунци и телиња, па секој нов ден за нив носи нови трошоци и давачки. Додека домашното месо нема кој да го купи, тие тврдат дека пазарот е преплавен со евтино увозно месо. Ако наскоро не се најде решение, Марјан е дециден дека многу ...

Грозјето годинава најверојатно ќе стаса за берба уште од 15 август, тврдат лозарите од штипско, радовишко и неготинско. Велат дека причините се високите температури, но и сушата со која повторно се соочуваат лозјата. Според нив, годината е слична како и минатата , малку дожд и многу топли денови, додавајки дека се ќе зависи од тоа какво ќе биде времето во следниот период. Лозарите велат дека работеле од почетокот на годината, од кроењето во ...

Ќе летуваат ли штипјани на домашните туристички дестинации или одморот ќе го поминат во соседството? Одговорите се различни, за едни пресудни се цените и квалитетот на понудата, додека за други изборот зависи од финансиските можности и личните навики. Дел од граѓаните сметаат дека и домашните туристички места нудат добри услови за одмор, а други велат дека ќе се одлучат за соседните дестинации доколку проценат дека нудат подобра вредност. ...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ, Левица и ДУИ дека водат политика на блокади поради Изборниот законик. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција изјави дека претставници на овие партии со месеци учествувале на работни средби, предлагале измени и корекции, а нивните барања биле прифатени. „Кога дојде време да стават потпис и да покажат одговорност, избегаа од сопствениот договор“, рече Манасиевски. Според него, проблемот ...

Во рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето ...

Левица соопшти дека информациите оти преку пумпи поставени во коритото на Вардар била црпена вода и директно внесувана во водоснабдителниот систем на Гостивар отвораат сомнение за исклучително тешко и неодговорно постапување, доколку тие наводи се потврдат. Од партијата посочуваат дека површинска речна вода не смее непосредно да се внесува во систем за вода за пиење, туку претходно мора да помине низ соодветен процес на прочистување, ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со нивното доаѓање на власт образованието повторно станало еден од државните приоритети, посочувајќи дека е обезбеден редовен наставен процес, учебници за учениците, повисоки плати за наставниот кадар и инвестиции во образовната инфраструктура. Според партијата, втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на првиот училиштен ден, а за првпат по седум години повторно се обезбедени учебници ...

СДСМ соопшти дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото ги потврдува, како што наведува партијата, нивните предупредувања за системски притисок врз судството и обвинителството од страна на власта. „Европската комисија го потврди она што го зборува СДСМ со месеци – Христијан Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и обвинителството, а корупцијата е неказнива“, наведуваат од СДСМ. Според партијата, во ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел. На средбата беше разговарано за натамошното унапредување на соработката ...

Градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани, ги повика граѓаните да останат смирени и да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна, нагласувајќи дека мерката е донесена како превенција и за заштита на здравјето на населението. Во објава до јавноста, Лимани посочи дека според редовните анализи на ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата ...

ФК Брегалница продолжува со формирањето на тимот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а денес клубот официјално потврди три значајни потписи од домашните фудбалери. Најпрво, нов договор со „сините“ потпиша левиот бек Анџело Николовски, кој и во наредната сезона ќе командува по левата страна. По одличните настапи минатата сезона, кога беше еден од најзаслужните за враќањето на Брегалница во елитното друштво, Николовски ...

Третолигашот БВК Коњаре продолжува активно да го гради тимот за претстојната сезона, а најново засилување во нападот е младиот центарфор Амар Мустафа. Од клубот истакнуваат дека станува збор за амбициозен напаѓач кого го красат борбеноста, желбата за постигнување голови и стремежот кон успех. Мустафа во Коњаре пристигнува како слободен играч, а претходно настапуваше за ФК Шкендија Арачиново и ФК Беса Скопје, каде што стекна драгоцено ...

Најавата за изградба на Национален дата центар отвора важно прашање на кое засега нема јасни одговори. Министерот за дигитална трансформација во најавата на овој проект информираше дека е изработена физибилити студија која ја потврдува техничката и финансиската изводливост на проектот. Но, притоа никаде во најавата не се споменуваат еколошките стандарди и влијанието врз животната средина при потенцијалната реализација на таквата ...

По актуелната состојба во Гостивар, каде повеќе од илјада граѓани побарале лекарска помош, а поради сомнеж за неисправна вода за пиење, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи направи споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на деградацијата на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство. „Во Југославија, особено во ...

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, истакнуваат од СДСМ. „Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на ...

„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, го повикуваше Венко Филипче, членството на СДС во Гостивар да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на минатите локални избори. Но, неспособноста на ваквите кадри поддржани од СДС и Венко Филипче, станува опасна по животот и здравјето на македонските граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Потврда за ова, според нив е и последниот случај од ...

Денеска на Попова Шапка се измерени 22 степени, 26 во Крушево, 28 на Маврови Анови, 30 во Претор, 31 степен се измерени воОхрид, 32 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 35 во Тетово, Виница, 36во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, а 38 степени се измерени во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Попладнево ќе биде сончево со локална појава на облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2“ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка, вели поранешната обвинителка, Ленче Ристоска. Таа појаснува дека како обвинител за врски, согласно член 5 од Правилникот за предлагање и упатување на јавен обвинител за врски на Република Северна Македонија во Европравда, по правило можела да постапува по предмети регистрирани и во надлежност на ...

Поилицијата уапси 23-годишен велешанец затоа што возел мотоцикл на игралиште во Велес. Според информациите на МВР, синоќа во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, уапсен е С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон ...

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со формирањето на ростерот за сезона 2026/2027, а првите потези на раководството се насочени кон задржување на проверените сили. Клубот официјално ја продолжи соработката со Давид Стојанов и Стојан Илиев, кои и во новат сезона ќе го носат дресот на штипскиот состав. Од клубот истакнуваат дека интензивно се работи на создавање на конкурентен тим кој ќе ги исполни амбициите во домашните ...

Екипата на Шкендија и на реваншот славеше со минимални 1:0 над екипата на Европа и обезбеди пласман во следната фаза откако со вкупни 6:0 македонскиот вицешампион беше подобар. Единствен стрелец на реваншот во Скопје беше штипјанецот Ване Крстевски кој погоди за триумф на тетовскиот тим. Сега Шкендија во следната фаза ќе игра против екипата на Браво од Словенија. Првиот меч ќе се игра во Скопје, а реваншот е во гости. Екипата на Силекс ги ...

Младиот штипски каратист Марко Џорлев, кој го освои златниот медал на Светската младинска лига во Пореч, Хрватска, испиша уште една голема историја. Џорлев е првиот Македонец кој освои злато на Светската младинска лига, но притоа штипјанецот стана и прворангиран каратист во светот на листата од страна на Светската карате федерација, што е огромно признание за сите негови успеси кои ги прави изминатиот период. „Освен вие М Нет телевизија ...

Второлигашите продолжуваат со активности на трансфер пазарот со цел екипирање и подигање на квалитетот во сопствените редови за новата сезона која започнува на 15 август. Кожуф засега е со две нови имиња, иако се водат преговир за уште неколку засилувања, па се очекува во следните денови и официјализирање на неколку трансфери. Повратник во редовите на Кожуф е искусниот голгетер Сашко Дуков, кој се враќа од редовите на Детонит Плачковица, а ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. „По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување на вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој ...

Во рамки на комисиската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, пратениците од Левица образложија повеќе амандмани насочени кон зголемување на инвестициите во спортот, културата, јавниот сервис и заштитата на културното наследство. Левица предложи зголемување на средствата за Планинарската федерација и Федерацијата на алпинисти на Македонија, посочувајќи дека земјата располага со долгогодишна традиција, клубови со повеќе од ...

Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството. „По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството. Полицијата, исто така, презема итни мерки ...

Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.97
32%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.24
39%
1014
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.84
41%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
4.05
36%
1016
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.68
31%
1016
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 30ᴼ
0.45
52%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
5.81
44%
1011
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
3.14
18%
1012
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.27
24%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 29ᴼ
4.02
35%
1016
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
38%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 25ᴼ
7.71
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.8876

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Бакар

13.08

Родиум

265243.66

Алуминиум

3.19

Кобалт

56.29

Злато

129943.67

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Рутениум

53852.50

Платина

52855.83

Паладиум

40381.34