Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи на 3.100. Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека бројката од над 1.200 заболени лица која беше пријавена викендов била нецелосна. „Она што можеме да го кажеме е дека во моментот до сега има 3.100 здравствени контакти. Здравствени контакти значи контакти во Здравствениот дом Гостивар и во Општата болница ...
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 03.07.2026 пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка, со закани и употреба на електрошок во два наврати изнудил вкупно 110.000 денари. Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип, поднесе кривична ...
Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, велат од Левица. Според оваа партија, да се побараат уште шест години од УНЕСКО ...
Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост можам ...
Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, вели таа, е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон. „Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета мерка, ...
Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...
Во самиот центар на Штип, проблемот со непрописното паркирање станува сè поизразен. Најнов пример е импровизираниот „див паркинг“ што се користи веднаш до култниот хотел „Гарни“, каде што секојдневно се паркираат повеќе возила на површина која не е предвидена за таа намена. Граѓаните реагираат дека ваквата појава го нарушува урбаниот изглед на централното градско подрачје и бараат надлежните институции да преземат мерки за да се спречи ...
Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност ...
За епидемијата во Гостивар со над 1200 заболени граѓани освен кривична, премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има и морална одговорност која би тргнала од градоначалникот па надолу. Владата и Институтот за јавно здравје, според премиерот, презеле сè што требало да се преземе. „Ние како институции во рок од два дена сè завршивме. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа коешто е нивна ингеренција е завршено и ...
По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти, истакна на ...
Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврдува вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е, како што рече на прес-конфренција, колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сме 9. Не дојдовме до таа ...
Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им ...
Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата, истакна денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо ...
ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство, велат од Левица. Како што додаваат доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го ...
Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град. „СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши ...
СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, според оваа ...
Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...
Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ. „Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување ...
По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните ...
Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација, велат од ДУИ. „Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон ...
Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (40) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 05.06.2026 пријавениот на бензинска станица, физички го нападнал Ј.Д., а потоа со остар предмет му упатувал закани. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против ...
Младиот фудбалер Али Голиќ и официјално се прости од ОФК Малеш од Берово, клубот во кој ги направи своите најважни фудбалски чекори, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Брера Струмица. Преку емотивна порака, Голиќ им се заблагодари на сите што биле дел од неговиот развој, истакнувајќи дека годините поминати во Малеш ќе останат незаборавен дел од неговиот живот. Посебна благодарност упати до Игор Дамјански, Новица Пецински, Методи ...
Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, јавноста изрази ...
На 19.07.2026 во 01:35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.М.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол односно измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе ...
На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено дека во куќа во Кочани, при поправка на импровизиран лифт за транспорт на инвалидизирано лице, со телесни повреди се здобил В.Т.(42), а со тешки телесни повреди се здобил С.В.(68), двајцата од Кочани. За настанот е известен јавен обвинител. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани и се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 18.07.2026 во 19:20 часот во СВР Штип е пријавено ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...