Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
ВЛЕН ја поздравува, како што велат, брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. „Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се ...
Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ ...
Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на ...
ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, велат од СДСМ. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, додаваат од партијата, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. „Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш ...
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, синоќа на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава. Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. „Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, рече Муцунски. Според ...
Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...
Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое прашаа зошто се кријат резултатите од анализите за водата во Гостивар. „Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои информации се споделуваат со пошироката јавност. Но, имајќи предвид дека во ...
Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, велат од Владата, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. „Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...
Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар? „Кој уште верува во институции под контрола на Мицкоски? Гостивар мора да ја знае вистината. Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени. Во Скопје, ...
Пради посетата на претседателката на Индија на Охрид, од денеска до 22 јули во Охрид ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, извести СВР Охрид. „Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање ...
Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени ...
Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб. „На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе биде ...
Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, велат од Левица. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, додаваат од партијата, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот Водовод чиј ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...
Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за ...
Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, ...
Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино. Публиката ќе има можност да проследи богата музичка програма со настапи на реномираните македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе приредат вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера за ...
Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Искази дадоа сведоците: Верица Делева, ...
Алармантна е состојбата на Градската депонија во Кочани, оцени Кризниот штаб за заштита и спасување при Општина Кочани, кој денеска одржа итна седница. Дека ситуацијата е алармантна, оценува и градоначалникот на Општина Кочани, кој воедно е командант на Кризниот штаб, посочувајќи дека е ангажиран максимален капацитет на човечки ресурси и механизација за да се запре пожарот. Истовремено, на седницата беа донесени и следните заклучоци: Сите ...
Колку чини изградбата на вечниот дом на градските гробишта во Штип и дали некој заработува врз грбот на граѓаните? Се повеќе граѓани реагираат на високите цени што ги плаќаат на приватните оператори за изградба на нагробни споменици. Од Општина Штип велат дека, иако немаат директна надлежност, сепак и до нив стигнуваат информации за можни злоупотреби, со што сега тие бараат засилени контроли од надлежните инспекции. Градоначалникот Иван ...
Вон функција е градската депонија во Кочани поради пожарот што избувна вчера таму. Додека не се среди состојбата, во двете општини Виница и Чешиново-Облешево ќе има ограничувања во собирањето на сметот, бидејќи моментално нема каде да се носи отпадот. Како што информираат од Јавно претпријатие за комунални дејности од „Облешево“ и ЈП „Солидарност“ – Виница, поради настаниот проблем, депонијата во Кочани не може да прима отпад додека трае ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето ...
Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар „Џекосон“-Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Toj посочи дека Штип добива нов современ спортски храм во самиот центар на градот, а како што рече „нешто кое е потреба со години наназад во нашиот град“. „Сакам да ја известам јавноста за активностите кои се преземаат во спортската сала „Џексон“. На мое огромно ...
Во наредните два месеца ќе се изведува доградбата и реконструкцијата на Ургентниот центар во Штип. Како што информираат од ЈЗУ КБ Штип, пациентите ќе бидат адекватно третирани и сите услуги велат дека ќе бидат достапни со претходно најавување и закажување во Дежурна амбуланта. Целта како што велат е подобри и помодерни услови и за пациентите и за вработените. ,,Во рамките на планираните активности за подобрување на условите за работа во ...
Во тек се уписите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок се реализира на 19, 20 и 21 август. Електронското пријавување на кандидатите веќе е отворено, при што тие имаат можност да ги пополнат пријавите, да ги внесат податоците од средното образование и да ги подмират трошоците за пријавување. За новата академска година УГД нуди вкупно 3.341 слободно место. Од нив, 1.629 места се во државна ...
Во време кога семејствата едвај врзуваат крај со крај, кога трошоците за живот постојано растат, локалната власт повторно им става нов товар на грбот на граѓаните, обвинија денеска на прес конференција од советничката група на СДСМ Штип. „На денешната седница на Советот на Општина Штип, мнозинството во Советот на Општина Штип, предводено од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за нов удар врз семејните буџети на граѓаните. Во време кога семејствата едвај ...