Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Со положување на свежо цвеќе, денеска во Алејата на народните херои во центарот на Штип се одбележа 83 години од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски.Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ. Верувал дека ќе ја доживее слободата, а со тоа ја пренел и пораката на следните генерации, да знаат, ...
По повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија, утре, 18 август, на плоштадот „Слобода“ во Штип ќе се одржи големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“. Караванот со музичко-сценскиот спектакл продолжува низ Македонија. По настапите во Охрид, Битола и Велес, каде што привлече десетици илјади посетители пристигнува и во Штип. На сцената во Штип ќе настапат 20 изведувачи, а водител на вечерта ќе биде познатиот ...
Со воени почести, чекор во ритам, звучен марш и горно подигнати знамиња, денес во касарната ,,Јане Сандански“ во Штип, се одбележа 18 август, Денот на Армија и 34 години од нејзиното постоење. Со строен поздрав и свечен говор на припадниците на Армија им се оддаде признание за нивната дисциплина, посветеност и служба во одбрана на татковината. На настанот присуствуваа претставници на политички партии, претставници на воениот врв, ...
Штипските пекари ги почнаа првичните подготовки за овогодинешното издание на штипската Пастрмајлијада. Полека се обезбедуваат потребните работи, се кројат плановите и се доспремаат деталите за манифестацијата, а веќе се прават и првите пресметки за цената на пастрмајлијата. Според очекувањата на пекарите, годинава таа би можела да чини од 230 до 250 денари најмногу, додека лани цената се движеше по цена од 200 до 220 денари. Дали ова ќе биде ...
Дали ако по грешка изедеме нешто што не е посно, тоа значи дека постот е прекинат? Според протереј Добрица Јанев, не, бидејќи и во производите што ги купуваме не секогаш можеме да бидеме сигурни што точно содржат. Ако по грешка вкусиме нешто што не е посно, не треба да се откажеме од постот, туку да продолжиме со молитва и духовна подготовка. Јанев посочува дека важен дел од таа подготовка се и исповедта и причеста. Како што телесниот пост го ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Општина Илинден е во завршна фаза од реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Во рамки на завршните градежни активности, започнато е поставување на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и тротоари со ...
Денес почна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...
По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион. На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење. Музичката вечер ќе ја ...
АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години, соопшти компанијата. По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу ...
Во саботата во Претор и Сливница успешно се одржа инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, реализиран од страна на Здружението Иклуалити од Скопје, во партнерство со Здружението Иднина на традицијата од Ресен. Во мирна и позитивна атмосфера, преку 50 учесници возеа долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, уживајќи во природата, движењето и заедничкото ...
За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, утрово извести дека во саботата бил регистриран трет смртен случај на заразен со западнонилска треска во земјва. „Во саботата починатиот пациент имаше 61 година. Доаѓа од едно од афектираните места. Покрај вирусот пациентот имаше прекумерна тежнина“, рече министерот Клековски. Првиот починат со западнонилска треска имаше 83 години имаше и други претходни заболувања, а вториот смртен случај беше ...
Македонските ракометни суперлигаши продолжуваа со проверни преку одигрување на пријателски натпревари за проверка на формата пред стартот на новата сезона. Екипата на Алкалоид двапати ја доби младинската репрезентација на Египет на тест-натпревари одиграни во Автокоманда. На првиот натпревар момците на Кирил Лазаров со 33:31 беа подобри, а на вториот меч одново Алкалоид беше подобар овојпат со 31:29. Со пријателски натпревари започна и ...
„СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува“, прашува Маја Борозан од СДСМ. „Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со ...
Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекуваат утре во земјава, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во среда се очекува, претежно во планинските региони, да има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло време. Во деновите од викендот дневната температура се очекува наместа да надмине 40 степени, соопшти УХМР. Текстот Утре нестабилно со пороен дожд, од четврток топлотен ...
Третото коло на Првата македонска фудбалска лига донесе изненадувања, но и погодоци на сите натпревари со што продолжува ефикасноста и на сите натпревари досега има погодоци. Брегалница синоќа загуби од Шкендија со резултат од 4:1, по чистите мрежи во првото полуврме. Во вториот дел Трумчи постигна гол за отварање на резултатот во 61. минута, а пет минути подоцна Красниќи зголеми за резултат од 2:0. Штипјани се вратија во игра барем за бод ...
Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...
Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и ...
Одбојкарскиот клуб Младост УГД продолжува со креирањето на ростерот за новата сезона во Првата женска лига, откако ја продолжи соработката со четири одбојкарки. По четврти пат, Марија Батиниќ од Босна и Херцеговина ќе ги брани боите на штипски клуб. Батиниќ игра на позицијата либеро, а се очекува со својата борбеност, стабилност и искуство да биде важен дел од тимот. Во тимот од штип останува и Тијана Пирова која се развива во школата на ...
Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига стартуваше со погодоци на сите натпевари, четири домашни победи, една гостинска и две ремија – тоа беше епилогот од стартот на 35. издание на второлигашката конкуренција. Осогово од Кочани со минимален пораз ја стартуваше новата сезона откако загуби во Струмица од Беласица со минимални 1:0. Струмичани со голот на Рон Мемеди стигнаа до победа во вториот дел од натпреварот и победнички ја ...
Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Новиот Правилник произлегува од дoнесувањето на новиот Закон за игрите на среќа. „Со овој подзаконски акт детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на сите правни и физички лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола ...
„Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце“, велат од ВЛЕН. „Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ако ја ...
Детонит Плачковица со победа од 0:2 над ланскиот прволигаш Шкупи ја започна новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, штипскиот стратег Горан Здравков кој го предводи радовишкиот второлигаш вели дека победата била тешка, но заслужена. „Тешка победа на натпреварот во Чаир мислам дека беше заслужена, можевме да постигнеме уште еден до два гола, но сепак, победа е победа. Морам да им честитам и на двете екипи за фер и коректен ...
Во насока на унапредување на здравствената и социјалната заштита на локално ниво, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и потпретседателката на Здружението посветено на пациенти со рак и нивни негователи „ХЕМА-ОНКО“, Милица Кузманоска, денеска ставија потпис на Меморандум за стратешка соработка. Како што известува Општината, овој значаен документ, како примарна цел има подигнување на јавната свест за ...
„Неколку дена беа доволни за да се види целата политичка матрица на талогот од СДС. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника, па дезинформации, а кога институциите ќе ги демантираат со факти, ниту извинување, ниту одговорност. Тоа не е одговорна опозиција, туку политика која опстојува на создавање недоверба кај граѓаните“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „За водата во Скопје се пласираа тврдења кои надлежните институции ...
„Инвестициониот циклус во Македонија продолжува. Покрај компаниите кои веќе работат и создаваат нова вредност, во периодот што следи ќе се реализираат нови значајни инвестиции, а паралелно Владата води преговори со нови компании кои имаат интерес да инвестираат во нашата земја. Целта е да привлечеме инвестиции кои носат ново производство, современи технологии, добро платени работни места и поголем извоз, а истовремено да ја диверзифицираме ...
„Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем“, велат од партијата Левица. „ММФ може да препорачува, но ако утре работниците треба да работат повеќе години за да ...
Општина Центар и оваа учебна година продолжува со мерката за обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која Општината ја воведе минатата година, продолжува и во учебната 2026/2027 година, со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создаде училишна средина во која секое дете ќе се чувствува еднакво и прифатено. Градоначалникот на ...
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека „ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра“. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко тело, е тоа што и оние минимални права кои законски им следуваат на ...