Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на земјата. ...
Општина Штип почнува со отсранување на хаварисани и нерегистрирани возила од паркинг површините во централното градско подрачје. Акцијата се спроведува, бидејќи во изминатиот период на територијата на општина Штип се забележува зголемено сторување на прекршоци од областа, кое што е регулирано согласно одлуката за комунален ред на општина Штип. Лазар Хаџи-Николов и Борче Везенков од Одделението за комунални дејности во општина Штип на ...
Од денеска почна првиот уписен рок во УГД во Штип кој ќе трае од 19-21 август. Кандидатите ќе можат да аплицираат на една од 47 акридитирани студиски програми и 3 академии. На денешната прес конференција проректорот Сашо Коцевски изјави дека оваа година според конкурсот има 3341 слободно место. Процесот на аплицирање е во две фази, првата е поднесување електронска апликација преку систем на електронски уписи, додека втората фаза е доставување ...
„Обвинувања, лаги, манипулации и дезинформации. Од сабајле до вечер, соопштенијата и прес-конференциите на СДС се како расипана плоча“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Давчевски. „Бидејќи живеат во светот на лагите на Филипче, да им пренесеме дека во Скопје, не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати. Дезинсекција против ларви: – 7 мај – авионска дезинсекција – 11 јуни – авионска ...
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во РС Македонија. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и заедничкиот интерес за нејзино натамошно унапредување. Беа разменети мислења и за темите и приоритетите од интерес за Австрија во земјава, со посебен акцент на областите од значење за локалниот ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. Исто така од Градот информираат за терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, што ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден. „Доколку ...
„Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна. Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица, а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски“, вели Александар Давчевски, претседател на Градска организација на СДСМ. „Наместо навремена превенција, навремена анализа ...
На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 година, ...
Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела. Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција, општината тогаш ја воочи имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно прогласената епидемија на Западнонилска треска на подрачјето на дел од Скопје, како и неопходноста од засилување ...
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни. Според место на живеење на заболените, 37 случаи се од Скопје, а еден од Велес. Регистрирани се 37 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија, известува ИЈЗ. Од регистрираните случаи (38), 28 се машки, а 10 се ...
„Мицкоски во јули свечено објави дека по две години власт ДПМНЕ успеало да го „консолидира“ земјоделството, иако, нели, наследиле „катастрофална состојба“ во која земјоделците не добивале субвенции. Еве ја „консолидацијата“ два месеци подоцна: сточарите повторно бараат итна средба со премиерот, повторно предупредуваат на протести и повторно бараат исплата на субвенции што одамна требало да им бидат исплатени. Претходно, струмичките ...
„Нам како ВМРО-ДПМНЕ ни е јасно дека СДС многу тешко сфаќа како треба да функционира системот, бидејќи тие работат спротивно од тоа, односно противзаконски, криминално и коруптивно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ. „Но, еве за граѓаните да образложиме како стојат работите во случајот со Гостивар. Прво, секоја анализа, секое испитување и негово објавување е директна надлежност на ЈП Комуналец Гостивар. Така да по ...
По три одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, фудбалерот на Тиквеш, Тохеб Лавал е најдобар стрелец со постигнати четири гола. Нигериецот одлично го отвори македонскиот шампион и засега е на врвот на листата на најдобри стрелци. По три погодоци имаат постигнат Есмир Хасукиќ од Силекс, Мартин Стојанов за Брегалница, Гвинеецот Н’фанли Сила од Тиквеш и Фабрис Тамба од тетовска Шкендија, додека пак по два гола постигнаа Христијан ...
Натпреварот од второто коло на Втората лига меѓу ланските прволигаши Пелистер и Брера Струмица наместо во Битола ќе се игра во Кавадарци. Битолачни ќе мора да патуваат во Кавадарци за да навиваат за нивниот Пелистер, а причината поради која овој натпревар нема да се игра во Битола е обновувањето на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, а како што велат од битолскиот клуб во констулација со ЈП „Комуланец“ од Битола и Фудбалската ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид е домаќин на неговиот чешки колега, заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Како што информираше министерот Муцунски, било разговарано за натамошно продлабочување на македонско-чешкото партнерство и политичкиот дијалог, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања. „Чешката Република е ...
„Македонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата“, вели Ангелинка Петкова, ...
Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам, истакна на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, како што рече, партиска прослава. Тоа, според неа, е вистинското лице на оваа криминалната власт. „ВМРО-ОКГ ...
„Македонија зазеде уште едно срамно европско прво место. Според најновиот споредлив пресек на ECDC, изработен на 14 август со податоци заклучно со 13 август, во Европа биле регистрирани 429 локално стекнати случаи, а Македонија е четврта во Европа дури и по апсолутен број. Пресметано според населението, нашата стапка е околу 1,65 случаи на 100.000 жители, односно највисока меѓу земјите во тој ECDC пресек, повеќе од 60% над грчката, над четири ...
Во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар во општина Аеродром се доградуваат три нови училници кои треба да овозможат едносменска настава за сите ученици. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука во вредност од 2,2 милиони денари и треба да биде завршена за три месеци. Увид во градежните работи денес извршија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дејан ...
„Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар. СДС не побара одговорност од Лимани, а уште помалку ја призна сопствената политичка одговорност како негов партнер во локалната власт. Наместо да понесат одговорност за кризата во Гостивар, тие и натаму го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за локалниот проблем“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Поради ...
Штипскиот прволигаш Младост УГД ја продолжи соработката со Симона Тасева која игра на позицијата либеро и за сезона 2026/2027. Тасева и во новата сезона ќе биде важна алка во тимот на Младост УГД за предизвиците во Првата одбојкарска женска лига. Тасева беше дел и од кадетска екипа која го освои сребрениот медал, покажувајќи голем потенцијал, борбеност и посветеност. „Оваа сезона добива и реална шанса да биде дел од првата екипа, да напредува ...
СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија, истакнуваат од оваа партија. Дел од таа операција оди, како што велат и преку „Ало медиа“ групацијата која, според партијата, пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“. „Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска ...
ЖФК Кочани продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое доаѓа во тимот е искусната Марија Бојкова, која пристигна од редовите на второлигашот Билјанини Извори од Охрид. Се работи за фудбалерка која и во минатото настапуваше за Кочани, па се враќа во добро позната средина за нејзе, а треба да биде големо засилување за тимот на Оливер Јовановски. Низ кариерата покрај за Кочани и Билјанини Извори беше дел и од Плачковица, ...
Два натпревари од втората рунда на Втората македонска фудбалска лига овој викенд нема да бидат одиграни, односно истите се одложени и ќе се играат во друг дополнителен термин кој ќе го одреди Фудбалската федерација на Македонија. Причината поради која се одложуваат натпреварите во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид и во Тетово меѓу Тетекс и Работнички е тоа што има од овие екипи има повик за фудбалери кои ќе настапат на Медитеранските ...
Денес сакаме да покренеме сериозно прашање кое со години останува нерешено и кое директно го засега правото на албанските деца во Идризово на образование на нивниот мајчин јазик, истакнуваат од Алијансза за Албанците. Во основното училиште „Његош“, додаваат од партијата, албанските ученици можат да ја следат наставата на албански јазик само до петто одделение. „Од шесто до деветто одделение, тие се принудени да го продолжат своето образование ...
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип по промоцијата на искусниот тренер Марјан Србиновски промовираше три квалитетни засилувања, се работи за Јован Александровски, Александар Костоски и Ивица Димчевски. Поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски ќе биде големо засилување, се работи за искусен плејмејкер, кој на Евробаскетот во 2015 година беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени, а низ кариерата настапувеше за повеќе ...
Општина Илинден информира дека целосно се реконструираат спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите, како што нагласуваат од таму, добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа ...
Денеска, на 19 август, кога се одбележува Светскиот ден на хуманоста, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Павлина Трајановска, посетија дел од дечињата без родителска грижа кои се сместени во згрижувачки семејства на територијата на општината. Од општината велат дека вистинската хуманост на дело се ...
Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат од „Вреди“. „Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица. Затоа воопшто не е случајно ...
Од СДСМ посочуваат дека единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец. Онколошките пациенти, додаваат од оваа партија, повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија. „Министерот Клековски вечерва објаснува дека скенерот „не е расипан“, туку дека за време на редовен сервис откриле проблем со циклотронот, дека нема суровини, дека маслото е ...