Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. „Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, кажа ...
„Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО“, кажа Кети Штерјова, СДСМ. „А се работи за здравјето на луѓето. Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за ...
„Енергетиката е една од најважните теми за секоја држава, но и тема која директно го засега секое семејство. Затоа определба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, да го зголеми домашното производство и да создаде услови за предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите“, рече Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе почнеме со цената на електричната енергија. И покрај ...
Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе се случи во ...
„Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати. Филипче може да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција го најави одржувањето на Амбасадорскиот совет, кој во четврток и петок во Скопје ќе ги собере шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата во странство. Ова е првпат по 2019 година Амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. По повеќе ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес – конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, кој го повика обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери. „Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши. Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата. Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на ...
Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани по ремито со Пелистер во Битола каде одигра 1:1 го промовираше младиот талент Ардин Нуредини. Станува збор за 17-годишен фудбалер кој игра како крилен и централен напаѓач, а се очекува да биде одлично засилување и освежување во тимот на Камјани. Нуредини доаѓа од редовите на тетовска Шкендија, а кариерата ја започна во Гостивар. Нуредини веќе го имаше своето деби во дресот на Камјани, ...
„Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не постои“, велат од Црвена ...
Каменица Саса минатата сезона испадна од Втората македонска фудбалска лига и во новата сезона ќе настапи во Трета лига регион 3, а целта на тимот е експресно да се врати во второлигашката конкуренција. За таа цел тимот од Македонска Каменица промовираше неколку нови засилувања со цел да се подигне квалитетот на повисоко ниво и тимот од малото рударско гратче да се врати во Втората лига. Клубот се засили со искусниот Драган Паунов, Стојанче ...
Кочани претстави три млади засилувања, а пак Каменица Саса засилување од Црна Гора за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Во Кочани беа промовирани Софија Велинова и Вероника Коцева кои се родени 2011 година и Сара Горгиева која е родена 2008 година. Сите три доаѓаат од тимот на ЖФК Фудбал Старс од Кочани. Се работи за млади и талентирани фудбалери кои се дел од младинските репрезентации на Македонија односно до 15 и 17 години. ...
„Измама е нивната кауза. Измама е нивната организација. Измама е и таканареченото спојување во една партија. Пред граѓаните се претставуваат како еден обединет политички субјект. Документот од Централниот регистар, издаден на 17 август 2026 година, потврдува дека Движењето БЕСА и понатаму е активна политичка партија, со Биљал Касами како претседател со неограничени овластувања“, велат од ДУИ. „’Вреди’ постои како име за пропаганда. Партиите, ...
Наскоро градинката во Инџоково ќе ги отвори вратите за децата, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес направив увид на градежните работи за изградба на новата детска градинка која се гради во Инџиково. Во мометов на терен се реализираат активности за партерно уредување на дворот по што ќе следува и поставување на опремата и согласно динамиката очекувам кон крајот на септември да ја пуштиме во употреба и оваа ...
Денеска извршивме увид на новата термофасада на објектот „Бамби“ во рамките на детската градинка „Срничка“, со која обезбедуваме подобри услови за престој на најмалите, извести градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Реализацијата на проектот е овозможена преку донација, како уште еден пример за поддршка и заедничко вложување во подобри услови за децата. Со овие проекти создаваме потопли, попријатни и поквалитетни услови за раст ...
Обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери, побара Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран ...
За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...
Во Дневниот центар за лица со аутизам во Штип денеска беше промовиран ново-опремениот сензорен простор, наменет за поддршка на лицата со аутизам. Просторот е опремен како донација од Фондацијата д-р Верица Механџиска, со цел да се создаде сигурна, пријатна и поддржувачка средина за корисниците на овој дневен центар. На настанот присуствуваше и Вања Џамбазова, претставник од Општина Штип, која истакна: „Oвој е центар е од огромно значење за ...
На 34-годишнината од основањето на македонската Армија, наместо прераснување во сериозна сила искалена во реална борба сведочиме на континуирано ослабнување и деградирање на АРМ предизвикано од заедничкото дејство на естаблишментските партии и владејачките елити, велат од Левица. „По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано во ...
Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. „Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против ...
Фактите ја рушат паниката која сака да ја шири талогот на СДС од јахта на Паљури, институциите покажаа дека системот функционира, проблемите се решаваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „За човек да ја види политичката матрица на талогот на СДС, не е потребно многу време, толку се површни, што потребни се неколку дена. Начинот им е следен. Прво создаваат сомнеж, потоа шират паника и дезинформации, и кога на крај со факти ќе стигнат демантите од ...
Брегалница в петок ќе го отвори четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига против Башкими, натпревар кој ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип со почеток од 19 часот. Штипските „сини“ на Никола Кузманов ќе ја бараат втората сезонска победа, низ досегашните три натпревари забележаа триумф од убедливи 4:0 против Арсими на домашен терен, а во гости губеа од Вардар (2:0) и Шкендија (4:1). Башкими, пак, во Штип доаѓа во ...
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите. ...
По три одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига вицешампионот Шкендија е лидер на табелата со максимален ефект од девет бодови, тимот од Тетово има три победи од толку натпревари и со тоа има перфектен старт во новата сезона. Шкендија со 3:0 славеше над Скопје, го доби и дербито со Вардар со 0:2, а потоа ја доби и Брегалница со 4:1. На делба на второто место се екипите на Силекс и Струга Трим Лум кои имаат освоено по седум бодови со ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно ...
35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, велат од СДСМ. „Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност, само ...
Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци, велат од СДСМ. „Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани се отруја, па по пет недели, нема ниту еден единствен објавен документ. Сега министерот најавува дека ќе објави резултати и од ...
Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности, и -поради водоводен приклучок од ф ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како ...
Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување на ...