Брегалница в петок ќе го отвори четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига против Башкими, натпревар кој ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип со почеток од 19 часот. Штипските „сини“ на Никола Кузманов ќе ја бараат втората сезонска победа, низ досегашните три натпревари забележаа триумф од убедливи 4:0 против Арсими на домашен терен, а во гости губеа од Вардар (2:0) и Шкендија (4:1). Башкими, пак, во Штип доаѓа во ...

Познат е распоредот за четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое овојпат ќе биде распослано во три натпреварувачки дена. Програмата ќе биде отворена во петок со дуелот Скопје – Тиквеш од 17:00 часот. Истиот ден ќе има и вечерен фудбал во Штип, каде Брегалница од 19:00 часот ќе го пречека Башкими под рефлекторите. Единствениот саботен натпревар е пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Арсими, закажана за 16:30 часот, додека во ...