Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во рамки на градежните активности се ...
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и ...
Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите коишто ги води оваа Влада, рече денес премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет, но сепак остави можност да одговорат на предизвикот за предвремени избори ако опозицијата инсистира на тоа. „Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа ...
Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...
Двајца фудбалери од Брегалница добија повик од селекторот на македонската репрезентација до 20 години Александар Таневски за настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Лука Бојаџиев и Даријан Тасев ќе настапат во дресот на нашата репрезентација која е во група со Тунис, Турција и Мароко. Со ова уште еднаш се потврдува развојот на младите штипски фудбалери кои напредуваат во нивните кариери и со тоа младите надежи добија повик од ...
Во Македонија со години се плаќаат авиони, препарати, оператори и тендери за борба против комарците, но институциите упорно го прескокнуваат единственото нешто што би покажало дали тие милиони воопшто купиле нешто повеќе од прелет над градот – мерлив резултат, реагираат од Левица. Според оваа партија, само договорите за Скопје за 2020–2021 тежеле околу 1,1 милион евра, за 2022–2023 уште над еден милион, а годинашната зделка повторно се ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да бидат распишани, со тим, програма и нов Мастер план за Македонија, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одогор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ потенцираше ...
„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. Првата конференција за македонски брендови и пазарна експанзија – „Бизнис Арена 2026“, ќе се одржи на 14 октомври 2026 година во DoubleTree by Hilton во Скопје, носејќи нов концепт на деловен настан посветен на растот, конкурентноста и интернационализацијата на македонските компании. Пријавувањето за ...
Кошаркарскиот клуб Соколи го промовираше првото странско засилување, станува збор за Американецот Кам Хамилтон, плејмејкерот од Шарлот, Северна Каролина, а во штипскиот клуб доаѓа со богато меѓународно искуство и настапи во САД, Албанија, Кипар и Полска. Во сезона 2025/2026 тој настапуваше во полското првенство, каде имаше импресивек просек од 19,9 поени, 5,7 скока, 3,8 асистенции и 2,5 украдени топки. Во КК Соколи се очекуваат уште неколку ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да ...
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип по промоцијата на Јован Александровски, Александар Костоски и Ивица Димчевски го претстави и Хусеин Бајрам. Се работи за поранешен капитен на Вардар, кој како што велат од клубот носи борбеност, брзина и дополнителен квалитет. Вчера беше означен и почетокот на подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, а на првиот тренинг присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Иван ...
Селекторот на македонската репрезентација до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот со повикани фудбалери кои ќе настапат на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Нашата репрезентација ќе биде во група со Мароко, Тунис и Турција. На голманската позиција Таневски ги повисока голманите Стефан Јованоски кој настапува за Млада Болеслав од Чешка и голманот на Пелистер, Давид Илоски. Во одбраната ќе бидат Златко Радески од Тетекс, ...
Брегалница утре во меч под рефлектори ќе го отвори четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига, на домашен терен против разнишаниот Башкими. За „сините“ на Никола Кузманов ова ќе биде дуел во кој ќе се бара втора сезонска радост, а пак Башкими доаѓа во лоша серија со три порази од толку натпревари. Фудбалерот на Брегалница, младиот штипјанец Благој Хаџи-Кимов вели дека нема потценување и опуштање против никој, се надева дека со ...
Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и с. ...
В сабота се играат натпреварите од второто коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите во живо натпреварот од Кавадарци меѓу Пелистер и Брера, кој ќе стартува во 16:30 часот. Ова ќе биде натпревар каде битолчани ќе бараат прва победа откако сезоната ја отворија со реми на домашен терен против Камјани играјќи 1:1, а пак струмичани ќе бараат второ славје по одличниот старт на сезоната – триумф над ...
Двата одложени натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига добија нови датум за одигрување. Овој викенд требаше да биде одигран натпреварот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид, како и во Тетово меѓу Тетекс и Работнички, но поради повикани фудбалери од овие екипи во репрезентацијата на Македонија до 20 години за настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија, овие натпревари нема да се одиграат в сабота на 22 ...
Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија. „Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на ...
Женскиот фудбалски клуб Каменица Саса дефинитивно гради тим со кој ќе сака да ја врати шампионската титула во Македонска Каменица. По промоцијата на бугарската репрезентативка Антонина Шопска која е повратник во тимот од Македонска Каменица и промоцијата на Црнагорката Анџела Савовиќ во тимот на Саса пристигна и турската интернационалка Селин Туркоглу. Станува збор за 24-годишна фудбалерка која игра во средниот ред, а која ги има поминато ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските ...
По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап кон ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...
Возач од беровско село Русиново е лишен од слобода откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во Берово. На 19 август 2026 година, околу 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Љ.М. (62) од село Русиново, беровско. Според информациите од МВР, 62-годишникот управувал патничко возило „Форд“, при што удрил во паркирано патничко возило, а потоа и во ограда од двор на куќа. При преземањето на ...
Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема“, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека едно е да се биде гласен пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција. „Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски ...
После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ истакна дека за трипати пократок период има 120 милиони евра поголем раст на БДП. „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...